EDC (everyday carry)

  • Креатор на темата Креатор на темата 4NHK0
  • Време на започнување Време на започнување
Токму тоа е финтата со тие лампи. Користам maglite LED и е топ. Кинеските се тежок шкарт.
За кои Кинески збориш?
Јас имам olight, брендот е меѓу најквалитетните и е кинески. Маглајт од скоро почна да користи лед и е многу поназад од конкуренцијата заради тоа.
 
Не викам дека кинеските брендови се назад но етаблиран бренд со квалитет си е бренд. Нема квалитет кај кинезите
 
Не викам дека кинеските брендови се назад но етаблиран бренд со квалитет си е бренд. Нема квалитет кај кинезите

Збориш од искуство или на памет?
 
Од искуство
Грешка си.Има многу разлика од кинеско до кинеско.Јас користам од 5-6$ кинеска од ибеј и супер е.Додека трчам ми летна од џеб и се стругаше 4-5 метри по земјата.Само гребнатинка,ништо повеќе,трите мода работат,не е нешто искривена,свиткана и сл.800 лумена е,но бидејќи немам добра батерија од 3,7волти сигурно е послаба.Ти викам до сега немам мака од неа видено.Сакам да ти кажам дека друго е да купиш од продавница тука во Македонија,друго е да порачаш од интернет страна што цел свет од неа порачува.
 
Не викам дека кинеските брендови се назад но етаблиран бренд со квалитет си е бренд. Нема квалитет кај кинезите
Olight e кинески докажан бренд, не дека јас имам една нивна ламба и се удирам в гради, сите резензии на нет ги фалат. Темава не е "ти реков ми рече" муабет, спамови не се потребни.
 
Olight, Fenix, Armytek, Thrunite, Nitecore, се едно 10 класи над Maglite, а сите се Кинески. Пред да тврдите нешто, истражете убаво.
 
На очи носам секогаш наочари
Во џеб кога сум надвор некаде било на одмор надвор од македонијава, или во Македонија носам мобилен, слушалки за мобилен, понекогаш пари ако ги имам и колку и да ги имам, кога сум во македонијава клучеви од дома .

На летен или пролетен одмор не одам без фотоапаратот (Nikon D 3100) .
 
Последно уредено:
Јас во џеб скоро секогаш носам мобилен, слушалки, клучеви од дома, а понекогаш пари и мастики.
Нешто поспремен е излегуваш?Некое алатче како штрафцигер,нож,електрик не нодиш ништо такво?Не дека си оф топик,ама темева е повеќе за такви работи :)
 
Нешто поспремен е излегуваш?Некое алатче како штрафцигер,нож,електрик не нодиш ништо такво?Не дека си оф топик,ама темева е повеќе за такви работи :)
Приметив отпосле дека уствари темата повеќе е за тие што носат, батерија светилка или некој ножеви и слични такви работи.

Јас неможам многу многу да трпам во џебови да имам многу работи, а некој торбички ретко носам.
 
Секојдневно превозно средство ми е точакот како за пократки така и за подалечни дестинации така што некои работи морам да ги имам цело време со мене.
Мората, мултитулот, што појма неам што марка е пишува само USA на него, и во последно време камерчето, не се цело време со мене.DSC_0766-tile.jpg
DSC_0768.jpg
DSC_0769-tile.jpg
 
Овие Morakniv ги гледав во Елетроелемент, не се скупи а делуваат квалитетни...
 
Секојдневно превозно средство ми е точакот како за пократки така и за подалечни дестинации така што некои работи морам да ги имам цело време со мене.
Мората, мултитулот, што појма неам што марка е пишува само USA на него, и во последно време камерчето, не се цело време со мене.Прегледај го приврзокот 95319
Прегледај го приврзокот 95320
Прегледај го приврзокот 95321
Браво,чим имаш храброст да носиш 10цм сечило со тебе...Јас се плашам да не си имам проблеми со 5-6цм што носам со мене...Кажи ако е легално и јас ќе си носам еден Мора компанион со мене :)[DOUBLEPOST=1402889206][/DOUBLEPOST]
Овие Morakniv ги гледав во Елетроелемент, не се скупи а делуваат квалитетни...
Ако се под 700д.ниту малку не се мисли...Нема да зажалиш.
 
Последно уредено:
Ако се под 700д.ниту малку не се мисли...Нема да зажалиш.

300-400 беа мислам, али наменски ножеви се - за сечење гипс, градинарски итн. Незнам за што би ми користел, за EDC сигурно не :)

Можда за во кола за сечење гранки.
 
300-400 беа мислам, али наменски ножеви се - за сечење гипс, градинарски итн. Незнам за што би ми користел, за EDC сигурно не :)

Можда за во кола за сечење гранки.
Mora за гипс?Прв пат слушам...Моракнив ги имаат само тие дизајни и не ги менуваат...
morakniv-engrave.jpg

108-1830.jpg
FT175a.jpg
product_14__2.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom