мене турбофолкот ми е повеке како феномен
мислам дека се почна со здравко чолич кој извади легендарни песни и со навалата на сите кафански пеачи да го копираат, здравко извади некои евергрини и сите почнаа да пеат во негов стил
после здравко, цеца се истакна како пеачка која е неоспорно дека е една од најголемите балкански ѕвезди (после Тоше), цеца стави силикони и сите певаљки почнаа да ја копираат, цеца почна со срцепарателни песни и сите почнаа со срцепарателни песни
мислам дека не е проблемот во тоа што луѓето се трудат да бидат популарни, туку проблемот е во медиумите
ние имаме релативно мал број на (електронски)медиуми, а „новите надежни ѕвезди“ плаќаат тешки пари за деноноќно да бидат на медиумите, така да немајќи избор за гледање на балканските народи турбофолкот им влегува во подсвеста
ке ви кажам и пример: еве јас, јас слушам рок метал панк.. мешам многу правци ама се гнасам од турбофолк, пред некој ден се шетав и онака мрмкав некоја мелодија ама незнаев текст и женскава ми вика од кога ти турбофолк слушаш? тоа да ти било некој моментален хит што веројатно го имам слушнато на телевизија или радио или едноставно поминувајки покрај локал со гласна музика и кога ке го слушнеш повеке пати ти останува во глава
трагедијата е во тоа што се меша злато со кал, лично јас имам слушнато неколку песни што ги слуша сестра ми на едно цд што стварно ми се допаднале, ама на истото цд има песни што може главата да те заболи од нив и да те фати инсомнија
не се луѓето криви што секој ден се преплавени од сите медиуми со неквалитетна музика, а најмногу испагаат жртви во случајов вистинските уметници кои немаат простор да творат и се потиснати од преекспонирании створења што немаат блага веза од уметност и од музика
едит: можев да плукам, да мавам со дрва и камења по турбофолкот, но мислам дека реалноста е таа што е