E што е де турбофолкот?

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Турбофолк не е музика, јас за тоа пишав не за другото.
Гледам на форумов има доста членови кои го презираат турбофолкот и не го сметаат за музика,а 90% од нив откачуваат секој викенд у кафана,па сакам една дискусија околу тоа што е тоа турбофолк и зашто не е музика:)
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Тоа ти е пер, комунистича работа.
Сите се праат ИН со некој дуб хаус и прогресив транс а сите до еден ги знаат сите песни на Цеца на пример.

Кажано на нашки пер, се праат нешто што не се.

Слушам се, можам да се располжам и да рипам на Скази, да ги слушам Vaya Con Dios или пак да завршам на маса во кафана. Се е до расположението. Не бегам од тоа, тоа сум јас.. и сакам таков живот безразлика што и како се збори за мене од страна.. не ебам жива сила..
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Турбофолк е неизлечлив вирус на модерното време.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Турбофолк е неизлечлив вирус на модерното време.
Moже да ми го образложиш постов,од каде сега турбофолкот вирус,тебе ти влијаел како таков или?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Незнам, али...

АВС сигурно би извадил теорија дека турбофолкот е изум на здружението на Евреите сопственици на кафани за да им цути бизнисот, поврзувајќи ги Груевски и Ротшилдови.

SWEDEN би рекол дека турбофолкот е измислен за ние мажите полесно да дојдеме до секс. До теткици над 35, но и под.

NEBO666 би рекол дека турбофолкот е како уверение за психички стабилна личност.

SCORPIO_20 би имал став дека турбофолкот е измислен за полесно изразување на чувствата и емоциите кон припадничките на понежниот пол од страна на вистинските љубовници, ликвид лаверс.

Necrophilia ќе каже дека благодарение на турбофолкот и кафаните го преживеа раскинувањето со неговата поранешна љубов.

Маcedonian и mRno за полесно да дудлаат запејувајќи турбофолк рефрени и гушкајќи ја персоната која е цел на дудлањето. За што полесно да се оствари првиот физички контакт, гуш.

concrete ќе каже дека и покрај тоа што е шунд, турбофолкот е еден од најголемите фактори за растот на балканската економија, тангирајќи ги производството и давателите на услуги.

Црвенокоса ќе каже дека ниедна турбофолкерка нема поголеми гради од нејзините.

Macedalien ќе ви објасни дека и турбофолкерите како и геј популацијата се нормални луѓе и дека турбофолкот не е болест.

Трн_во_Око иако е вистински патриот и ем-си, и тој понекогаш слуша турбофолк. Турбофолкот можеби нема историја, но доколку слушаш турбофолк не значи дека си помалку патриот.

dungeonmaster, вие џандарите слушате вакво нешто или сите сте клабери?
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Јас ќе си бидам искрена...слушам турбо фолк и знам некад да откачам и да се расположам до даска.Немам ништо против таа музика и сакам да ја слушам.Има некои песни што се стварно убави и што имаат убав текст, некои се и малце без везе али нема врска...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не сакам некој погрешно да ме разбере и јас сум бил во кафани и имало моменти кога дури и сум се распеал(алкохолот те тера да правиш невероватни работи). Песните " Никотин " и "Поново" од Наташа Беквалац мислам дека имаат добра тематска основа присотјна лирика и солидна музика, но оној делот кај што вибрира гласот ја упропастува цела песна.

Ова горе далекку ми е од поентата. Секој во државава знае барем една песна од тие, не дека се прават нешто што не се туку поради фактот што се слуша насекаде, се пушта секаде и едноставно кажано тешко можеш да го избегнеш ко сакаш да излзеш надвор.
Нормално под притисок на општеството и на пријателите и на други релативно важни фактори секој подпаѓа под тоа срање.

Мрно ќе се обидам со прашање директно до тебе да ти го дофатам непријатното чуство што мене и го создава турбофолкот.
Дали би се чуствувал навреден ако некој ти каже ти си грк или бугарин-а не си македонец?
Е па другар за мене турбофолкот за музичката уметност воопшто е како што е грција и бугарија за македонија-се надевам дека ме разбираш.

Ако треба понатака ќе се доискажам!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
До толку не соодветствува со твојот музички стил? Јас досега не сум сретнал човек конкретно да слуша турбо фолк,сите ми се правар,рапери,панкери даркери а сие ја пеат Пази скиме спаваш,ако сакаш да се доискажеш слободно,со задоволство ке читам:)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако си ми читнал некој од постовите ќе видиш дека не се правам ништо. Да слушам Рок музика и тоа многу не делам на праци се слушам, приметив и ти дека слушаш.
Ама чекај знам...првиот пат ќе слушнам стих во стилот на сузама сам лепои тапете док ти оде и одузе дете.:pos2:.
Првиот пат пукам од смеа, вториот пат си викам Џим морисон сега сигурно се првертува во гроб, третиот пат веќе не можам да дишам:nerv:

Не можеш да ми кажеш дека ти и после 10 пат ќе се смееш
 

Jukka

chili
Член од
16 мај 2007
Мислења
537
Поени од реакции
2
i toa sto vikas za tekstovite im sea bez vrska .... ud zidut na ambarut .... slusam turbofolk, ponekogas mnogu odlepuvam ali arno kaza mr_wicket se e do raspolozenieto ...... a nekoi pesni stvarno ke te pogodat (ke te potsetat na nekoja licnost) se nadevam i vas ? e zs ne e muzika pa togas sto e ? vo kafana, imenden ili ...... zs digarte race na turbofolk ...... ova vazese za tie sto ne go prifakaat
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Не сакам некој погрешно да ме разбере и јас сум бил во кафани и имало моменти кога дури и сум се распеал(алкохолот те тера да правиш невероватни работи). Песните " Никотин " и "Поново" од Наташа Беквалац мислам дека имаат добра тематска основа присотјна лирика и солидна музика, но оној делот кај што вибрира гласот ја упропастува цела песна.

Ова горе далекку ми е од поентата. Секој во државава знае барем една песна од тие, не дека се прават нешто што не се туку поради фактот што се слуша насекаде, се пушта секаде и едноставно кажано тешко можеш да го избегнеш ко сакаш да излзеш надвор.
Нормално под притисок на општеството и на пријателите и на други релативно важни фактори секој подпаѓа под тоа срање.

Мрно ќе се обидам со прашање директно до тебе да ти го дофатам непријатното чуство што мене и го создава турбофолкот.
Дали би се чуствувал навреден ако некој ти каже ти си грк или бугарин-а не си македонец?
Е па другар за мене турбофолкот за музичката уметност воопшто е како што е грција и бугарија за македонија-се надевам дека ме разбираш.

Ако треба понатака ќе се доискажам!
Е брат, болдираното ти е голем минус. Ако не го слушаш не го слушај до крај.

Неможе да ми каже некој дека турбофолкот бил добар за пиење. Ја си знам што ми е убаво да слушам кога пијам. Турбо фолкот несакам да го чепкам, немам ни намера. Почитувам кога некој почитува тоа што си го слушам. Сходно на тоа и ја не го дирам за неговата музика. За турбо фолкот можам да се изразам на разни начини дека е шит од било кој аспект, психички, музички, културолошки. Меѓутоа со самото тоа што се мачам да размислувам за него ми произведува негативна енергија. Тоа е дел од мојата филозофија за позитивност, затоа не се замарам.

Од друга страна горд сум кога можам да кажам дека за жал сум еден од ретиките што слушаат метал и рок, а не запеале во кафана на турбо фолк. Да нема забуни, јас одам во кафана за ради друштво, меѓутоа фактот што сум таму неможе да ме натера да запеам на тие песни. И од се срце почитувам кога тие околу мене не се замараат дали во кафана седам и пијам, или со нив рипам и пијам.

Со почит, од човек што слуша метал.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
i toa sto vikas za tekstovite im sea bez vrska .... ud zidut na ambarut .... slusam turbofolk, ponekogas mnogu odlepuvam ali arno kaza mr_wicket se e do raspolozenieto ...... a nekoi pesni stvarno ke te pogodat (ke te potsetat na nekoja licnost) se nadevam i vas ? e zs ne e muzika pa togas sto e ? vo kafana, imenden ili ...... zs digarte race na turbofolk ...... ova vazese za tie sto ne go prifakaat
Па и на хтилер сит му викале зигхајл ама не значи дека се согласувале сите со него.

Е брат, болдираното ти е голем минус. Ако не го слушаш не го слушај до крај.

Неможе да ми каже некој дека турбофолкот бил добар за пиење. Ја си знам што ми е убаво да слушам кога пијам. Турбо фолкот несакам да го чепкам, немам ни намера. Почитувам кога некој почитува тоа што си го слушам. Сходно на тоа и ја не го дирам за неговата музика. За турбо фолкот можам да се изразам на разни начини дека е шит од било кој аспект, психички, музички, културолошки. Меѓутоа со самото тоа што се мачам да размислувам за него ми произведува негативна енергија. Тоа е дел од мојата филозофија за позитивност, затоа не се замарам.

Од друга страна горд сум кога можам да кажам дека за жал сум еден од ретиките што слушаат метал и рок, а не запеале во кафана на турбо фолк. Да нема забуни, јас одам во кафана за ради друштво, меѓутоа фактот што сум таму неможе да ме натера да запеам на тие песни. И од се срце почитувам кога тие околу мене не се замараат дали во кафана седам и пијам, или со нив рипам и пијам.

Со почит, од човек што слуша метал.
Гижо си бил на свадби и крштевки кај фамилија нели, јебига мора да се иде на такви работи. Таму се знае што се пушта- не можам да затнам уши на тоа.
А тоа за песните се обидував темата да ја почнам демек со спуштање на секира-да нема карање и тепање.
Јас слушам ама не дека слушам дома или приватно туку слушам затоа што не сум глув а тоа гомно го пуштаат насекаде.
Не сеа да се вадам ама тоа со пеењето го кажав симболично колку да се дофати моментот:pos:, јебига за да пееш мора да ги знаеш текстовите.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.600
Поени од реакции
48.445
Да слушам на одредени пригоди кога ке се направам мајмун у кафана нејкам ништо друго ,ама само тогаш по дома да слушам нема теорија освен на пијано тие Јамаха звуци заедно со трилерите лошо ми делуваат.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Брн,турбофолкот е исто толку музички правец како што е и рокот така? Нашиот вкус не тера да слушаме рок,вкусот на други луѓе ги тера да слушаат турбофолк,ама се уште не можам да сватам каков е тој вкус,се фураат се праат ова-она,а сите се палат на турбофолк
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
burn84 напиша:
Гижо си бил на свадби и крштевки кај фамилија нели, јебига мора да се иде на такви работи. Таму се знае што се пушта- не можам да затнам уши на тоа.
А тоа за песните се обидував темата да ја почнам демек со спуштање на секира-да нема карање и тепање.
Јас слушам ама не дека слушам дома или приватно туку слушам затоа што не сум глув а тоа гомно го пуштаат насекаде.
Да точно. Сега малце се извади. Ама ти е контрадикторно со првиот дел од постот. Јас зборев за дивеење на таа музика (играње, пеење, осеќање на блаженост). А друго е да бидеш присутен од што мораш (свадби, крштевки), и ради друштво, па да мораш да ја слушаш, меѓутоа, само мораш и ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom