Да точно. Сега малце се извади. Ама ти е контрадикторно со првиот дел од постот. Јас зборев за дивеење на таа музика (играње, пеење, осеќање на блаженост). А друго е да бидеш присутен од што мораш (свадби, крштевки), и ради друштво, па да мораш да ја слушаш, меѓутоа, само мораш и ништо повеќе.
Од што да се извади? Прва работа-дефинирај дивеење ко што треба, зошто играње и пеење се нормална реакција на музика која ти се допаѓа. Можеби твоја идеја за играње на музика е преку шутки у гужва ( е тоа е веќе дивеење), ама на турбофолк може и „нормално“ да се игра. Верувај ми, знам, зошто нозе остаив во Трокадеро пред две години.
Втора работа. Не се што ќе слушнете од српската естрада се класифицира во турбо фолк. Освен во кафаните, во поголем дел од нашиве дискотеки се пушта поп музика. Текстовите нормално дека се crappy, ама ретко чив текст во денешно време е добар. Разликата е што од една страна се пее за заедничко умирање (пример Join me in death-HIM) а од друга за заборавени гаќички (Гачице
). Подеднакво дебилни текстови, сосема различен жанр. Значи, лошиот текст не е одлика само на турбофолкот.
Трета работа. Секој со својот избор. Нема ништо срамно во тоа да се слуша таква музика, иако како што се сеќавам во еден учебник по социологија пишуваше дека е кич и шунд наменет за пошироките маси. Нема везе тоа, ако на некој му го праи меракот-супер за него, си нашол стил што го сака. Лично не слушам турбо-фолк, но повремено слушам поп музика, и обожавам да играм на истата. Ништо срамно, ништо посебно. И најважно од се-тоа не ме прави помалку паметна од оние кои ја „презираат“ српската музика, иако повеќето ја класифицираат како турбофолк, а не е така.
За крај, сакам да поставам едно прашање. Како тоа толку ја презирате турбофолк музиката, ама заради „друштво“ идете по кафани? Тешко лицемерие е тоа, прво бидејќи нели нема убаво да си поминете (ако е тоа вистина) и ќе го избедирате цело друштво бидејќи нема да пеете и рипкате на Цеца. Не е така? Нејќам одговори атмосферата била добра и слично, зошто музиката прави 80% од атмосферата, не земајќи го во предвид друштвото како фактор. Бидете хардкор, кажете не на кафани и натерајте си го друштвото да идете на некое според вас асално место. Зошто вака испаѓате ептен фејкери.