E што е де турбофолкот?

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Брн,турбофолкот е исто толку музички правец како што е и рокот така? Нашиот вкус не тера да слушаме рок,вкусот на други луѓе ги тера да слушаат турбофолк,ама се уште не можам да сватам каков е тој вкус,се фураат се праат ова-она,а сите се палат на турбофолк
Мрно, ко што кажав, голем е бројот на такви луѓе. Површноста кај луѓето е присутна во голем процент.

Некои палењето на турбо фолкот го сфаќаат како облигација ради ако не си слушал турбо фолк ке си немал друштво, што според мене е тажно така да размислуваш, и ретардирано.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
осеќање на блаженост
Може ли некој да се најде и да го анализира ова и да објасни како е возможно вакво нешто да доживиш на ту.... знаете.
Ама без заебанции туку ако е воопшто возможно сериозно некој да го објасни ова.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Мрно, ко што кажав, голем е бројот на такви луѓе. Површноста кај луѓето е присутна во голем процент.

Некои палењето на турбо фолкот го сфаќаат како облигација ради ако не си слушал турбо фолк ке си немал друштво, што според мене е тажно така да размислуваш, и ретардирано.
Имам чуено за ова ама не можам да верувам-рапер и металец седнати у кафана заедно и кршат чаши ставаат 100 денарки во деколте на певељката.
Површноста е одвратна работа.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Да точно. Сега малце се извади. Ама ти е контрадикторно со првиот дел од постот. Јас зборев за дивеење на таа музика (играње, пеење, осеќање на блаженост). А друго е да бидеш присутен од што мораш (свадби, крштевки), и ради друштво, па да мораш да ја слушаш, меѓутоа, само мораш и ништо повеќе.
Од што да се извади? Прва работа-дефинирај дивеење ко што треба, зошто играње и пеење се нормална реакција на музика која ти се допаѓа. Можеби твоја идеја за играње на музика е преку шутки у гужва ( е тоа е веќе дивеење), ама на турбофолк може и „нормално“ да се игра. Верувај ми, знам, зошто нозе остаив во Трокадеро пред две години.:)

Втора работа. Не се што ќе слушнете од српската естрада се класифицира во турбо фолк. Освен во кафаните, во поголем дел од нашиве дискотеки се пушта поп музика. Текстовите нормално дека се crappy, ама ретко чив текст во денешно време е добар. Разликата е што од една страна се пее за заедничко умирање (пример Join me in death-HIM) а од друга за заборавени гаќички (Гачице :pos:). Подеднакво дебилни текстови, сосема различен жанр. Значи, лошиот текст не е одлика само на турбофолкот.

Трета работа. Секој со својот избор. Нема ништо срамно во тоа да се слуша таква музика, иако како што се сеќавам во еден учебник по социологија пишуваше дека е кич и шунд наменет за пошироките маси. Нема везе тоа, ако на некој му го праи меракот-супер за него, си нашол стил што го сака. Лично не слушам турбо-фолк, но повремено слушам поп музика, и обожавам да играм на истата. Ништо срамно, ништо посебно. И најважно од се-тоа не ме прави помалку паметна од оние кои ја „презираат“ српската музика, иако повеќето ја класифицираат како турбофолк, а не е така.

За крај, сакам да поставам едно прашање. Како тоа толку ја презирате турбофолк музиката, ама заради „друштво“ идете по кафани? Тешко лицемерие е тоа, прво бидејќи нели нема убаво да си поминете (ако е тоа вистина) и ќе го избедирате цело друштво бидејќи нема да пеете и рипкате на Цеца. Не е така? Нејќам одговори атмосферата била добра и слично, зошто музиката прави 80% од атмосферата, не земајќи го во предвид друштвото како фактор. Бидете хардкор, кажете не на кафани и натерајте си го друштвото да идете на некое според вас асално место. Зошто вака испаѓате ептен фејкери.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Во врска со темата...по дефиниција турбо фолкот е музика, која што според нејзината природа, и музикалност, нејзината еволуција личи повеќе на де-еволуција. Американска ствар која што е рамна на турбо фолкот е Бијонси, и компанија.

Вредности нула. Филозофија нула. Принципи нула. Почит кон другите музички праваци нула. Почит кон другите луѓе што слушаат друга музика нула.

Но музиката во не толку голем процент го потикнува се ова горенаведено. На крај се се сведува на луѓето.
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Turbofolk? Zarem toa moze da se smesti vo kategorija muzika? Koga ke osetam deka vo nekoj lokal pocnuvaat da pustaat takva muzika vednas go napustam.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Преферирам народни, ама има и добри турбо-фолк мелодии.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Гледам на форумов има доста членови кои го презираат турбофолкот и не го сметаат за музика,а 90% од нив откачуваат секој викенд у кафана,па сакам една дискусија околу тоа што е тоа турбофолк и зашто не е музика:)
Зашто музиката треба да биде уметност. Турбофолкот (со зборовите на г.г. Рамбо Амадеус) е согорување на народот.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Прво една работа.Турбофолкот не е музика.Второ,лично за мене:не слушам и не можам органски да поднесам.Едноставно тоа е затоа што текстовите се ужасни,а пејачите и пејачките уште повеќе.Тоа да се пушта онака на свадба или на некоја веселба ајде сфаќам,али некој дома да седне и да си ја пушти Цеца(или некој друг не е битно) и да ја слуша е тоа е веќе..
Е сега на пример и ја понекад си пуштам српски песни али оние што вредат како Gibonni....Али турбофолк:nenene:
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Музика е де, некои ја сакаат, некои не.
Јас, лично, не ја сакам и не ја слушам, ама не ги ни кудам оние што ја слушаат.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Од што да се извади? Прва работа-дефинирај дивеење ко што треба, зошто играње и пеење се нормална реакција на музика која ти се допаѓа. Можеби твоја идеја за играње на музика е преку шутки у гужва ( е тоа е веќе дивеење), ама на турбофолк може и „нормално“ да се игра. Верувај ми, знам, зошто нозе остаив во Трокадеро пред две години.:)
Прво, Маци прочитај што пиша погоре и ке видиш од што се извади.
Второ, не биди буквалиста околу зборот дивеење. Секоја музика си произведува онакво дивеење какво што си произведува. Металот произведува шутки, турбо фолкот играње на маси.,





Втора работа. Не се што ќе слушнете од српската естрада се класифицира во турбо фолк. Освен во кафаните, во поголем дел од нашиве дискотеки се пушта поп музика. Текстовите нормално дека се crappy, ама ретко чив текст во денешно време е добар. Разликата е што од една страна се пее за заедничко умирање (пример Join me in death-HIM) а од друга за заборавени гаќички (Гачице :pos:). Подеднакво дебилни текстови, сосема различен жанр. Значи, лошиот текст не е одлика само на турбофолкот.
Лош текст е увек личен вкус, и тука какви и да ми праиш споредби џабе ти се. На крај све ова за што разговараме е вкус, ама еве колку толку се трудиме да го направиме генерално за доброто на темава.


Трета работа. Секој со својот избор. Нема ништо срамно во тоа да се слуша таква музика, иако како што се сеќавам во еден учебник по социологија пишуваше дека е кич и шунд наменет за пошироките маси. Нема везе тоа, ако на некој му го праи меракот-супер за него, си нашол стил што го сака. Лично не слушам турбо-фолк, но повремено слушам поп музика, и обожавам да играм на истата. Ништо срамно, ништо посебно. И најважно од се-тоа не ме прави помалку паметна од оние кои ја „презираат“ српската музика, иако повеќето ја класифицираат како турбофолк, а не е така.
Фала богу што почитуваш туѓ избор. Тоа е нешто што сакам да го поседуваат сите луѓе. :wink: И ја го почитувам твојот избор, бидејќи сум високо толерантен чоек.

За крај, сакам да поставам едно прашање. Како тоа толку ја презирате турбофолк музиката, ама заради „друштво“ идете по кафани? Тешко лицемерие е тоа, прво бидејќи нели нема убаво да си поминете (ако е тоа вистина) и ќе го избедирате цело друштво бидејќи нема да пеете и рипкате на Цеца. Не е така? Нејќам одговори атмосферата била добра и слично, зошто музиката прави 80% од атмосферата, не земајќи го во предвид друштвото како фактор. Бидете хардкор, кажете не на кафани и натерајте си го друштвото да идете на некое според вас асално место. Зошто вака испаѓате ептен фејкери.
Нема никакво лицемерие во тоа. Јас сум отишол да се напијам, а случајно се погодило да пуштаат турбо фолк и тоа е нивни проблем. А и нивни проблем е дали ке се избедираат. Јас повеќе ке се избедирам ако ме тераат со сила да се журкам на музиката. Сум отишол таму да се напијам со нив, да се позаебавам, а музиката како што кажав, ете се паднало да пуштаат турбо фолк и никому ништо.

Дефиницјата за гејкер ти е многу погрешна и верувам дека е потсвесна намера за провокација. Ко што реков, и пак ке речам: Јас сум отишол да се напијам, а случајно се погодило да пуштаат турбо фолк и тоа е нивни проблем.

Зар не треба ни да одам кај другар што дома пушта турбо фолк, само заради што пушта турбо фолк? И самата рече, турбо фолкто не ве праи ништо поглупи, и не гледам причина да не се дружам со вас. Во принципите мои играат и други фактори: социјализација. Затворање во еден круг само го затупува човекот. Но отварањето во друг круг никогаш не ми е по цена да се променам и да се претворам во нив.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Дефиницјата за гејкер ти е многу погрешна и верувам дека е потсвесна намера за провокација. Ко што реков, и пак ке речам: Јас сум отишол да се напијам, а случајно се погодило да пуштаат турбо фолк и тоа е нивни проблем.
Не е воопшто никаква провокација, туку само мој начин на размислување. А што очекуваш да ти пуштат во кафана освен турбофолк Гижо? Хеви метал?

Не е поентата да ги плукате турбофолкерите, кога и вие делите дел од нивните размислувања, ко на пример идењето у кафана. Е тоа е фејкерско.:wink:
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Вчера се враќав од Охрид со уште четворица другари меѓу кои двајца металци, еден неодреден и еден турбофолкер. Ако правиме таква поделба тогаш и јас би спаѓала кај металците. За одлична шега пуштивме турбо фолк цд и се деревме на цел глас.
Приказната ја кажав за да го образложам мојот став према турбо фолкот. Музиката е тешко ср**е и никако не би можела да ја слушам по дома или често во секој случај. Се согласувам дека според мене (како и според KohlBass) музиката треба да биде уметност, а во турбо фолкот не гледам никаква уметност. Затоа во турбо фолкот гледам добра смешка со друштво еднаш во два месеци. И не гледам ништо лошо во тоа.

P.S. Знам дека доста бурек ќе ми се изеде за тоа како сум го предала металот или whatever, ама баш и не ми е гајле.:pipi:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Не е воопшто никаква провокација, туку само мој начин на размислување. А што очекуваш да ти пуштат во кафана освен турбофолк Гижо? Хеви метал?

Не е поентата да ги плукате турбофолкерите, кога и вие делите дел од нивните размислувања, ко на пример идењето у кафана. Е тоа е фејкерско.:wink:
Моето размислување за турбо фолкот не е плукање.

Биди ти хардкор, затвори се во круг на 200-300 луѓе што слушаат иста музика, и види дали ке преживееш. Лесно ти е на тебе да кажеш, потшо 90 посто од луѓето искачаат на местата на кои што ти искачаш. Ипак сум ја човечен човек, и не се делам по групи.

Хм, фејкер...на колку начини и со колку примери и да ти објаснам дека не сум отишол таму за музиката, пак ке ми кажеш дека сум фејкер. So let it be, во твоите очи сум фејкер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom