САФ:
Скопска ситуација ’98
Скопска ситуација - бурлески,
до вчера комунисти - сега слават празник верски.
Ќе речеш не сери - ама провери,
се’ се смени од времето на Титовите поинери.
Екс социјалисти, капиталци на мисија,
со ѓаволот во коалиција - зборам вистина.
Луѓе газат преку живи луѓе од опозиција,
адекватноста не е важна - важно си на функција.
Желбата за моќ, да се биде на врвот
не знам како спијат мирно - нели ги јаде црвот?
Има ли во авионот пилот - очите му се на тилот.
Перат прљав кеш како прљав веш.
Пиљарот вози БеМВе - интелектот оди пеш.
Сите имаат суфикси, фили или мани, единство нема,
идентитетот ни е падни - стани.
На еден комита - тројца кодоши,
рекетари, дилери и секакви олоши.
Европска провинција по дефиниција,
лажирани избори - корумпирана полиција.
И што смислија - пази демократија,
одговорноста - на ти ја, дај ми ја.
Господ за седум дена го дал светот,
седумгодишната транзиција даде само опозиција.
Опција сјај или беда - сите го бараат Мистер Роба Роба да се средат.
Епидемија на наркоманска зараза во градот во кој и мажите глумат оргазам............