А па Ван Ганди и компанија демек јаки тактички анализи прават на ЕСПН !?
Глејте, мораме у случајов да тргнеме од наши стандарди. Па дури, еве и од балканскиве. Незнам што толку е попален овде народов по HRT, кога за мене лично тие се просек, ништо посебно...
Или еве да земеме споредба со српските канали на СпортКлуб и Еуроспорт. Овие од СпортКлуб ми се на рамништето на МТВ, додека овие вториве може би ги ставил ниво погоре заради шегобијноста (не онаа како на Панчев).
Но и таму еден коментатор коментира 147 споротви, и во ниту еден не се разбира ко што треба.
Е сеа, кај нас „проблемот“ е што коментаторите се во основа водители на спортски вести, па потоа коментатори. Според мене треба да се разграничи тоа, поарно стави презентер кој ќе чита од идиот на спортски вести, а за коментатори вработи посебни луѓе за посебен спорт.
Но контретно у случајов зборуваме за фудбал нели. За фудбал тешко да најдеш вистински „ескперти“ коментатори, оти секој (јас, ти, Петко...) мисли дека е експерт за фудбал, пред се заради експнираноста на „најважната споредна работа“ во светот.
А и незнам што толку барате „тактички анализи“ од коментаторите во текот на натпреварот !? Што побогу ќе ви се тогаш анализи !? Во цела таа динамика на натпреварите барате некој да изиграва Мурињо. Ете Панчев си е доволен за тоа (иако кај него ме нервира „воздигнастоста“).
Комбинација на духовит и „заразлив“ коментатор со некој кој ќе ги гледа работите од подруга перспектива (ете го „стручниот“ коментатор) е добитна за мене.
МТВ се супер за сега, одличен кам бек е ова за нив, ете ги имаат и правата за ЛШ, очекувам и подобрување од есен.