EУРО 2012: МТВ - реализација на преноси, Еурофорија, коментирање...

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
А па Ван Ганди и компанија демек јаки тактички анализи прават на ЕСПН !? :)

Глејте, мораме у случајов да тргнеме од наши стандарди. Па дури, еве и од балканскиве. Незнам што толку е попален овде народов по HRT, кога за мене лично тие се просек, ништо посебно...

Или еве да земеме споредба со српските канали на СпортКлуб и Еуроспорт. Овие од СпортКлуб ми се на рамништето на МТВ, додека овие вториве може би ги ставил ниво погоре заради шегобијноста (не онаа како на Панчев). :)

Но и таму еден коментатор коментира 147 споротви, и во ниту еден не се разбира ко што треба.

Е сеа, кај нас „проблемот“ е што коментаторите се во основа водители на спортски вести, па потоа коментатори. Според мене треба да се разграничи тоа, поарно стави презентер кој ќе чита од идиот на спортски вести, а за коментатори вработи посебни луѓе за посебен спорт.

Но контретно у случајов зборуваме за фудбал нели. За фудбал тешко да најдеш вистински „ескперти“ коментатори, оти секој (јас, ти, Петко...) мисли дека е експерт за фудбал, пред се заради експнираноста на „најважната споредна работа“ во светот.

А и незнам што толку барате „тактички анализи“ од коментаторите во текот на натпреварот !? Што побогу ќе ви се тогаш анализи !? Во цела таа динамика на натпреварите барате некој да изиграва Мурињо. Ете Панчев си е доволен за тоа (иако кај него ме нервира „воздигнастоста“).

Комбинација на духовит и „заразлив“ коментатор со некој кој ќе ги гледа работите од подруга перспектива (ете го „стручниот“ коментатор) е добитна за мене.

МТВ се супер за сега, одличен кам бек е ова за нив, ете ги имаат и правата за ЛШ, очекувам и подобрување од есен.
Се согласувам со тебе скоро со се,освен со тоа што викаш дека тија од хрт и спорт клуб не биле ништо посебно.На спорт клуб има многу спортови,ама имаат и доста голем кадар,кој што очигледно се разбира од спортот кој што го коментира:Порано кога имаше хрт,беше вистинско уживање да ги слушаш освен кога играа нивните:DСега што се однесува на мтв,за мене лично сосема ок са,само проблемов е што на народов не можеш да им угодиш,ова чинело, тоа не чинело,алооо,ова е македонија и бидете задоволни и со тоа што го имате.Доста све што беше квалитетно ни зедоа,еве годинава шпанското првенство замина на спорт клуб,прашање е дали ќе има италјанско на телма,затоа не наоѓајте многу,многу мани.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.601
Поени од реакции
35.420
Lege atque lacrima...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро ова глупостиве што ги правел овој нв.мк, како ви се смешни не знам, па човекот само за Малафеев кажа дека имал семејна трагедија, жена му што му умрела и дека Лескот имал сообраќајка ко мал и затоа челото му е со лузни. Не знам кои други ги спомна дека имал семејни трагедии али од се мора смешка да се прави.

А Панчев добро си ги искоментира сите играчи, токму тој фантазер во името на Вилшер највеќе според мене им фалеше на Англичаните цел турнир.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Се согласувам со тебе скоро со се,освен со тоа што викаш дека тија од хрт и спорт клуб не биле ништо посебно.На спорт клуб има многу спортови,ама имаат и доста голем кадар,кој што очигледно се разбира од спортот кој што го коментира:Порано кога имаше хрт,беше вистинско уживање да ги слушаш освен кога играа нивните:DСега што се однесува на мтв,за мене лично сосема ок са,само проблемов е што на народов не можеш да им угодиш,ова чинело, тоа не чинело,алооо,ова е македонија и бидете задоволни и со тоа што го имате.Доста све што беше квалитетно ни зедоа,еве годинава шпанското првенство замина на спорт клуб,прашање е дали ќе има италјанско на телма,затоа не наоѓајте многу,многу мани.
еј не заебавај, кој голем кадар у СпортКлуб !? Еден новинар коментира и фудбал и НБА и тенис и таму карлинг и марлинг...Немаат и тие многу новинари со оглед на тоа што се специјализирана спортска телевизија. :)

А помпата за ХРТ е од порано, од пред неколку години кога почнаа да вршат мултикаст и слика у слика, нешто што за нас беше научна фантастика тогаш.

Еве кога сме веќе овде (ако не е за споредба со нашиве... сеуште) мене лично најдобра комбинација на пренос има шпанска LaSexta, и обично кога ќе најдам стрим таму пратам шпанска лига.

Тие имаат две комбинации, или ставаат двајца коментатори, кои се „противници“ у преносот и цело време се контрираат (често и СкајСпортс така прават). Едниот е за едните, другиот за другите. Интересно е препуцавањето меѓу нив, нормално не го тупат до многу, си имаат граница. Но муабетот ми е дека се „внесуваат“ у натпреварот еуфорично и не се оптоваруваат многу со тактики.

Другата верзија е кога викаат некој бивш тренер или фудбалер да ко-коментира со обичен коментатор.

Арно ама, за секое коло, секој викенд (најчесто меѓу 2 натпревара или по натпреварите) си има посебна емисија за тоа, низ која освен коментаторите викаат и други „стручњаци“ кои го анализираат натпреварот. Е и тоа е онаа права анализа, не ко Јонуз и компанија тука, али во тоа се гледа разликата од стручноста на нашиве експерти со нивните.

Сеа секако, не се споредува оти таму на реализацијата работат преку 50 души (плус факторот што им е домашно првенство па е полесно), секој си има свое место. Знам дека сме далеку од тоа, но доколку такво нешто се исфорсира овде (кхм... нова спортска телевизија кхм... ) би било топ! :)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
А

Анноун

Гостин
Колку сакате можете да кењате , начинот на кој го реализираат мтв е УБЕДЛИВО најдобриот и најпрофесионално покриен спортски настан во нашава земја досега. Студиото ТОП ( незамисливо до сега) , сите спортски новинари ангажирани , прилози за натпреварите( пред и по ) , гости во студио , вршење на пренос со двајца коментатори ( или 1 коментатор и 1 гостин) .

Единствена замерка ми е што на пола од мечевите прекасно се вклучуваа . Се знае , 5 минути пред почетокот треба веќе да има слика од стадионот , а не да се уклучуваат кога топката тргнува од центарот , или се играат веќе 20 секунди.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Не споредувајте со ХРТ, па цела Хрватска ги плука, видете само на каков формат(16:9) се принудени да гледаат ЕП.
„Смешните“ делови како Ќирогноза и Хотел Познан се најголем промашај. За коментатори имаат само 2ца добри, другите врска немаат што зборуваат.
ХРТ порано беше ТВ број 1, кога беше во прашање спортот, сега се далеку од тоа.

E да, кога кажа Алекс ОКСЛАДЕ Чембрлејн, морав да сменам канал. Тоа беше на Англија-Франција.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Да не ја тупеа со рекламите до последна секунда пред да тргне топката од центарот, ќе беше феноменално сработено првенство! Јас чекам да ја слушнам химната на Германија кога играа со јужнине, тие со тоа кока кола ОооОООооооООО :tapp:

Инаку се останато ми се допадна и за прв пат да има студио по терк на развиените телевизиски куќи.

Баш да видиме како ќе се снајдат со олимпијадата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Супер досеа ги терале олимписките игри, се разбираат и во атлетика и пливање и пентатлон и триатлон, барем за тоа немаме гајле :)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Добри се. На почеток Панчев многу ме нервираше ама се навикнав и сега уживам ко ќе го слушам :)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Супер досеа ги терале олимписките игри, се разбираат и во атлетика и пливање и пентатлон и триатлон, барем за тоа немаме гајле :)
Главна ѕверка Калински :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.801
Поени од реакции
44.095
Panchev da komentira i lsh.. epten mi e jak iako vokabularot mu e ednakov na mojata 10 godishna bratuchedka.. obozhavam da gi slusham so kalinski.. i se shto shro kazha od fudbalski aspekt ispadna tochno.. mnogu mi e interesen, a i blagodarenie na nego se zabelezhuvaat nekoi raboti koi taka ne bi gi zabelezhale (vo vrska so igrata na nekoj igrach).. mozhebi ne e kako bugarskite komentatori na diema i nova sport koi analizirat se do detal, ama super e..
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.637
Супер се 10/10 на Калински со Панчев му оди разговорот, е сега ќе претера едниов ќе се заборави ама воглавно се е топ. И Ф1 ја гледав трката што беше оваа недела, едноставно да ти е мерак да слушаш, па сега со ЛШ и ЛЕ ќе биде :drk:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.742
Поени од реакции
22.922
Ах колку ми е мака што не можам да го гледам ЕП на МТВ. Според вашите коментари, одлично е сработено, посебно коментирањето. Па кога читам што се кажува Панчев, ми иде да се убијам шо не можам да го слушам. :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom