две деца-загатка?

  • Креатор на темата Креатор на темата mandak
  • Време на започнување Време на започнување

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Возраст
39
Локација
Битола
кој има одговор за ова? две деца т.е бебиња се родени во исто време исти датум година саат итн ама во различни места,е сега едното дете е родено во фамилија со богати родители (татко професор мајка докторка) со солидни примања со здрав разум значи целосно интелектуални луѓе,со светла иднина за детето значи топол дом,храна и ред други работи со еден збор нема бриге за понатаму :)
A додека другото дете е родено во фамилија со разведени родители татко тезок психопат мајка алкохоличарка во бизарни услови за живот без топол дом без пари без ништо,така да тоа дете треба да се мачи за понатамошен развиток.Е СЕГА зошто е тоа така кој одлучи за ова нешто зошто едното дете треба да пати а другото не.i need answer?
 
А, од кај знаеш, може и тие богатите ќе се разведат, ќе го изгубат богатството, таткото ќе стане коцкар, ќе прокоцка се, мајката алкохоличар................. А, овие сиромашните може ќе добијата на лото 50.000.000 и ако ништо друго ќе му обезбедат иднина на детето...

Не можеш да кажеш 100% дека ова ќе пати, а на другото ќе му тече мед и млеко. :D
 
Тоа што се родени на ист датум, саат и секунда нема врска освен ако не веруваме во хороскоп. Тоа што се родени во корено различни семејства е она што има врска. Не дека виновници може да се лоцираат прецизно, ама ај според поставените правила и ликови, во случајот виновни или "виновни" се родителите на едното те на другото дете.

Едните се виновни дека и покрај тоа што знаеле дека не ги бива за родители и дека на децата не можат да им ги дадат ни најосновните потреби сепак се решиле да имаат деца или поверојатно го направиле по грешка во некоја ноќ во која жената била пијана, а мажот мислел дека презерватив е дел од автомобил.

Другите пак се "виновни" дека имале доволно здрав разум и инстинкт за да разберат дека не само професионалниот успех и личното богатство се цели кон коишто треба да се стремат туку и имањето на деца на коишто ќе им бидат обезбедени сите услови за напредок.

Но ко што кажав комплексно е прашањето за тоа кој е виновен, а особено кога се немаат подетални информации. Можеби сиромашните родители пак ги немале можностите на богатите родители и доколку ги имале истите можности би биле дури и побогати и поедуцирани. Во овој случај можеби вината оди и кај нивните родители, Владата или нешто трето. Можеби пак сиромашните родители се родени со психофизички проблеми кои ги спречиле да напредуваат, тогаш можеби можеме дел од вината да префрлиме на други места... Треба да се има на ум дека каков и да е животот е скапоцен дар.
 
Си пишал реферат а си можел едноставно -
Сe родиле две деца во исто време,едното во Македонија , другото во random развиена земја...
--- надополнето: Jul 19, 2011 2:59 AM ---
а иначе самиот знаеш дека никој нема да ти понудит точен одговор.
 
Јас ја решив - таа во мистерии што беше.

Ако неможеш да ја пронајдеш (бидејќи ја избришав) ти си обесправеното бебе. Жалам.

Инаку... ова сериозно на загатка ли личи?

Да пробаме и вака - Првото дете се родило таму затоа што тато богат и мама богата решиле да се плеснат после некоја богата вечера, бал или што ку*ац и да било... да речеме и на некоја ексклузивна плажа се чукале.
Второто дете се родило бидејки тато отепан сиромав и мама ретард се начекале во некој темен ќош и водеени од побудите и страстите се ебеле ко зајаци без да мислат што и како понатаму. Правда? Можеби во рестрикција кој да има деца а кој не?
 
Чим се родиле иста ден исти саат иста минута тогаш сигурно родителите си одржале wife swapping party и најверојатно ќе се потпомагаат.
 
Две грешки во поставувањето на прашањето.
1. Постои некој кој одлучува
2. Постои одлука, која бива (свесно) донесена
Проблематично е бидејќи на одговорот на прашањето се наметнува детерминистичка философија.
Е сега вака, штом ти е поставен на во религија, ќе ти се каже нешто од типот : божја воља, така било пишано, Бог, итн.
Мојот одговор би бил поблиску до онаа теорија која "заговара" преживување на најспособниот, на првото дете родителите му се снашле во животот и сега ќе има добар "старт " нивното дете, вториве не, па затоа нивното ќе се помачи, ама затоа пак теоријата предпоставува дека способниот ќе се "качува по скалата" во животот со што второво дете, ако се снајде, ќе избие пред првото.
На ова прашање нема да има точен одговор уште долго време, се додека не се докаже или побие постоењето на Бог.
 
Јас ја решив - таа во мистерии што беше.

Ако неможеш да ја пронајдеш (бидејќи ја избришав) ти си обесправеното бебе. Жалам.

Инаку... ова сериозно на загатка ли личи?

Да пробаме и вака - Првото дете се родило таму затоа што тато богат и мама богата решиле да се плеснат после некоја богата вечера, бал или што ку*ац и да било... да речеме и на некоја ексклузивна плажа се чукале.
Второто дете се родило бидејки тато отепан сиромав и мама ретард се начекале во некој темен ќош и водеени од побудите и страстите се ебеле ко зајаци без да мислат што и како понатаму. Правда? Можеби во рестрикција кој да има деца а кој не?

оф мајко од каде тоа јас тоа обесправеното бебе???? ама ај нека сум,туку дај ми одговор ако имаш а не празни воденици да чкрташ белки имаш некое твое мислење ?
 
Барем пишав нешто а не прашав глупост. Па ако ти одговара арно ако не... отвори уште 5-6 теми може и ќе ти текне во пишувањето некоја идеја за ...загаткава.
 
Лелееее дај бе не го трупајте форумов со вакви мизерни „загатки“, зарем озбилно го поставуваш прашањево и се чудиш што ли е одговорот?

„Туф, што ли може да биде, зошто е тоа така и како може такво нешто да се деси, многу тешко прашање, незнам како може некој да го објасни ова“... НООООООТ
 
ок чим е така нека оди во канта ама барем да се потрудесе да дадес мислење,а има и многу други теми без врска така да мислам ова е нешто попаметна од другите :) секој со своето мислење
 
Ова е исто ко двајца се возат во иста кола, прават сообраќајка, едниот гине, другиот не е ни гребнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom