DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Лудница филм, ме бендиса глумата генерално особено од спејси, јака мистерија, некако кога го гледав филмот имав чувство дека морган фриман се има вмешано во ова, таква напнатост не сум имал никогаш кога сум го гледал филмот. и тоа што беше поврзана со омилената лектира пекол на алигиери бев стварно воодушевен, само бидејќи го гледав многу одаман на ТВ немам некое големо сеќавање, ќе треба пак да го гледам изгледа:) го споредувам со silence of the lambs во квалитет и приказна, исто така и кевин спејси ми заличи на ханибал во еден момент (иако кевин не е канибалист).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Гордоста не е смртен грев во цела филозофија само тоа е пропуштено.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Гордоста не е смртен грев во цела филозофија само тоа е пропуштено.
Напротив, гордоста е најголем грев и е жарче за да ги распали другите гревови.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Напротив, гордоста е најголем грев и е жарче за да ги распали другите гревови.
Јас сум горд човек па тоа ми е доблест не грев, а и ме нејќи косачот сега засега го осеќам тоа :icon_lol:.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Јас сум горд човек па тоа ми е доблест не грев, а и ме нејќи косачот сега засега го осеќам тоа :icon_lol:.
Боље да те нејќи :icon_lol: , ипак најголема грешка на луѓето е гордоста - коа треба доблест да им биде скромноста - што е контра на гордоста.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Боље да те нејќи :icon_lol: , ипак најголема грешка на луѓето е гордоста - коа треба доблест да им биде скромноста - што е контра на гордоста.
Јас сум скромно горд ама темата не е за тоа туку за филмот, и цела филкозофија на седумте смртни грева која што и е филозофија повеќе одошто религиозно нешто.

Сепак мислам на крајот женската од Бред Пит требаше да преживее не беше ич кул шо ја најде во картон на делови исечена.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Сепак мислам на крајот женската од Бред Пит требаше да преживее не беше ич кул шо ја најде во картон на делови исечена.
Јбг и ја би сакал да преживее + и на Мист ич не беше кул шо ги уби чоекот за да дознае после минута дека за џабе ги убил, поретки се такви филмови со шокирачки крај , можеби и тоа допринесува да се зборат после толку време.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не знам како може да сакате да се промени баш таа сцена која го направи филмот она што е. Да ви кажам само еден коментар (заборавив од кај беше) за Роки: Орогинално било замислено Роки да го победи Аполо Крид ама да умре во болница после борбата. Кога го почуствувале потенцијалот (финансиски) од филмот, го измениле крајот. Коментарот беше: Роки преживеа, ама филмот умре.

Не дека Роки е лош филм и се изнагледавме тепачки во серијалот, ама да умреше Роки, емотивниот удар ќе беше многу силен и филмот ќе беше две скалила погоре.

Такоѓе Рамбо требаше да умре ама за тој серијал не ми е гајле.

Како и да е, назад на Se7en: многу луѓе пишаа во некои дискусии (не на оваа тема) дека Se7en им бил предвидлив. Можеби изгледале многу понови трилери па тек после го гледале Se7en и од прилика им е јасна шемата, ама мене ме интересира искрено: кој ја предвидел сцената кога Кевин Спејси сам се предава во полициската станица? Мене тоа ми беше еден од најшокантните филмски моменти ever.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Добра тактика е емотивниот удар , тоа значи симпатии према карактерите , филмот успеал во тоа да развие такво ниво на кое на крајот ,дел од публиката ќе си рече "требаше да преживее" .
Тоа ми се допаѓа кај филмовите како Se7en.
Морган Фримен и Бред ја прават филмската хемија на ликовите реална.
Не се премногу сериозни ама не се ни опуштаат многу.
Морган е создаден за постариот детектив а Бред ме потсетува малце на Итан Хок од Training day,како помлад детектив кој сака да ја докаже својата агилност пред постариот.
Кевин е прав психо, глуми со таква смиреност а од дијалогот го бараш ѕверот во него.
И да , ни на крај памет не очекував таков расплет - дека ќе се предаде,знаев дека има нешто испланирано(претходно го гледав филмот Oxygen,Броди нешто слично ќе изведе како Спејси шо напраи), но не ја очекував главата во кутија.

Би ја напоменал кинематографијата - е тоа ми остави убав впечаток , со мерак го гледав филмот , деталите се супер , нема некоја празнина , секоја сцена е интересна за гледање , па дури и тие језиви сцени со мртвите тела - одлично нашминкани и средени !!!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ај еве и јас да напишам збор-два за филов.
Филмов е еден од оние must see movies, неможеш да кажеш дека гледаш филмови, а да го немаш гледано Seven.
Фримен е измислен за улогава, никој друг неможеше така да ја одглуми како што ја одглуми он. Бред Пит исто така беше супер, Спејси прав психопат.
И како шо кажа Иосоно една од најдобрите сцени во историјата на филмовите е кога Спејси се предава сам во полиција после толку бркање и барање. А крајот беше феноменален, неможеш да сакаш да не умре жена кога крајот, нејзината смрт и убиството на Спејси го дигна филмот 2-3 нивоа.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Навлезете каде сакате само да има врска со филмот. Бујрум:

Аааауффф филмов го имам гледано може 3-4 пати и пак би го гледал никако да ми се здосади многу е добар :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Se7en? Лично еден од омилените. Општеството е се` позаебано, све некои екстремни однесувања, насекаде бесчувствителност и грев.
Gluttony - ненаситност, greed - себичност, sloth - мрзливост, Pride - надменост, Lust - разврат, envy - завист, Wrath - гнев.
Прекрасно осмислен филм, начинот на кој се опфатени гревовите, вклучувајќи го и однесувањето на John Doe-Kevin
Spacey (завист) и David Mills-Brad Pitt (гнев/бес).
Можете да се буните за тоа како заврши, ама да завршеше другчие, ќе избегаше од поентата, дека секој е подложен на грев и дека некогаш насилството се исплати ако тоа е борба за подобро место за живеење. Тhe world is worth fighting for.
Филмов има најмалку 2 незаборавни цитати:

William Somerset: Ernest Hemingway once wrote, "The world is a fine place and worth fighting for." I agree with the second part.

William Somerset: I just don't think I can continue to live in a place that embraces and nurtures apathy as if it was virtue.
David Mills: You're no different. You're no better.
William Somerset: I didn't say I was different or better. I'm not. Hell, I sympathize; I sympathize completely. Apathy is the solution. I mean, it's easier to lose yourself in drugs than it is to cope with life. It's easier to steal what you want than it is to earn it. It's easier to beat a child than it is to raise it. Hell, love costs: it takes effort and work.


Остатокот од цитатов изгледајте го у сценава. :)


 

Kajgana Shop

На врв Bottom