Добра тактика е емотивниот удар , тоа значи симпатии према карактерите , филмот успеал во тоа да развие такво ниво на кое на крајот ,дел од публиката ќе си рече "требаше да преживее" .
Тоа ми се допаѓа кај филмовите како Se7en.
Морган Фримен и Бред ја прават филмската хемија на ликовите реална.
Не се премногу сериозни ама не се ни опуштаат многу.
Морган е создаден за постариот детектив а Бред ме потсетува малце на Итан Хок од Training day,како помлад детектив кој сака да ја докаже својата агилност пред постариот.
Кевин е прав психо, глуми со таква смиреност а од дијалогот го бараш ѕверот во него.
И да , ни на крај памет не очекував таков расплет - дека ќе се предаде,знаев дека има нешто испланирано(претходно го гледав филмот Oxygen,Броди нешто слично ќе изведе како Спејси шо напраи), но не ја очекував главата во кутија.
Би ја напоменал кинематографијата - е тоа ми остави убав впечаток , со мерак го гледав филмот , деталите се супер , нема некоја празнина , секоја сцена е интересна за гледање , па дури и тие језиви сцени со мртвите тела - одлично нашминкани и средени !!!