DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Z

zmej gorjanin

Гостин
Па добро, секој индивидуално го толкува и го разбира филмот, што е сосема во ред. Искрено кога го погледнав филмот за прв пат, претпоставував дека Фред пати од синдром на поделена личност, односно е еквивалентен на ликот на Едвард Нортон во Фајт Клаб, што е еднакво на алтер егото за кое зборуваш ти. Но ако ептен почнеме да ситничариме и навлегуваме во детали ќе увидиме дека можеби и не се работи баш за алтер его, барем според некои мои толкувања. На пример, во онаа сцена во која Дик Лорант му се јавува на Пит, т.е првин Mystery Man му се јави на Пит а потоа му ја предаде слушалката на "својот пријател" Дик. Потоа Дик почна да го распрашува Пит како тој се чувствува, па дури на моменти имаше и заканувачки тон, што очигледно наговестува љубомора и сомнеж. Второ, доколку би се работело за алтер его нели би било логично тоа да му биде достапно за вербална комуникација само на ликот кој пати од овој синдром, како во случајот со Фајт Клаб. Всушност во Фајт Клаб навидум имаше комуникација помеѓу Tyler Durden (Бред Пит) и Marla Singer (Хелена Бонам Картер), односно моментот кога креветот крцаше, по што Марла изјави - My God. I haven't been fucked like that since grade school,или пак ситуацијата во која Тајлер им се обраќа на членовите и им ги објаснува правилата на Фајт Клаб. Но никогаш немавме обострана комуникација помеѓу Тајлер и некој друг лик. Директната повратна комуникација на Tyler Durden секогаш се одвиваше исклучиво помеѓу него и ликот на Едвард Нортон. Додека во Lost Highway тоа не е случај, односно наводното алтер его на Фред, Mystery man, станува алтер его и на други ликови, а воедно комуницира и генерално со повеќе луѓе, типичен пример е забавата на Енди. Иако, ситуацијата со Пит и Дик може да биде оспорена во краен случај, бидејќи сепак се работи за имагинацијата на Фред. Но дури и во имагинацијата, јасна е намерата на Фред, а тоа е неговата неостварена желба - Дик да биде тој што пати, да биде љубоморен и огорчен,додека тој, Фред, олицетворен во ликот на Пит, му ја краде убавата девојка, која личи на неговата жена. Трето и најбитно, кога веќе правиме муабет за алтер его, треба и да знаеме што е тоа. Според некоја дефиниција алтер егото или замисленото другарче ги носи оние посакувани особини, било карактерни, било физички, кои што човекот, кој што е всушност носител на алтер егото, не ги притежува.Баш ко случајот на Бред Пит и Едвард Нортон. Дали ти мислиш дека старче облечено во црно, кое делува ко психопат и се смее морничаво, може да му биде алтер его на Фред? Ако веќе реално гледаме, вистинското алтер его на Фред е Пит. Тој е млад, изгледа добро, има бројни успеси на сексуален план, механичар е, не се замара за ништо и е посакуван од убави жени, плус останатите мажи му љубоморат (пак со љубомората :) ). Четврто, љубомората како концепт ми е многу покомпактен со контекстот на приказната.Бидејќи самите настани се движат постојано околу неверства, сомнежите на Фред кон Рене уште на почетокот на филмот ит.н. Така да јас сепак си останувам на тоа дека Mystery Man е олицетвориение на љубомората, а не алтер егото на Фред.
 
I

Intex

Гостин
Пред некој ден со Кискино го „оговаравме“ Линч, поточно Малхоланд Драјв, ама истото е и за овој.
Значи, сакаш да си ХаЦе, гледај филмови од Линч, прај се дека ги разбираш, дека типот е врХ, дека е цар, дека филмовите му се ремек дела со длабока поента, бла бла бла.
Јесте, Линч прави напната атмосфера.
Јесте, Линч има јака фотографија.
Јесте, Линч има јака музика.
Јесте, Линч има филмови со ужасно лоши сценарија кои само он си ги разбира и кои воопшто немаат поента.

Значи, секој може да уфрли сцени и ликови кои немаат воопшто никаква поента, и да го величиме дека е ремек дело. Факт е дека филмовите на Линч се губење време. Глава сечам ако каже некој дека ги разбира неговите филмови и дека се ремек дела. Од аспект на режирање, да, ама од аспект на сценарија, не.
Дефиниција за добар режисер е оној кој ќе ти даде замрсен филм, ама на крај ќе ти даде и патоказ како да го одгатнеш, макар имал и повеќе можни завршетоци. Дејвид Линч не го дава тоа.

Сега знам дека ќе ми се нафрлат форумџии дека немам појма шо е добар филм, и дека Линч е бог, ама реално гледано не е.

Фала. Чао. Пријатно.
 
Јас нема да ти се нафрлам пошто не можам да се декларирам ко хардкор фан на Линч, бидејќи ова ми е вториот негов филм кој сум го гледал, првиот беше Малхоланд Драјв пред едно 7 години. Бидејќи не бев запознаен со филмовите на Линч, не ни очекував таков филм. А бев расположен за сосема нешто друго. Како почна да се развива дејствието толку понеинтересен ми стануваше и не се ни замарав да разберам нешто. Но после Лост Хајвеј дефинитивно морам да го гледам уште еднаш, па планирам и едно филмско маратонче со филмови од Линч. Поентата ми е дека треба прво да го погледнеш филмов а потоа да дадеш критика. И мислам дека болдираното важи за Lost Highway, за останатите негови филмови не знам.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Пред некој ден со Кискино го „оговаравме“ Линч, поточно Малхоланд Драјв, ама истото е и за овој.
Значи, сакаш да си ХаЦе, гледај филмови од Линч, прај се дека ги разбираш, дека типот е врХ, дека е цар, дека филмовите му се ремек дела со длабока поента, бла бла бла.
Јесте, Линч прави напната атмосфера.
Јесте, Линч има јака фотографија.
Јесте, Линч има јака музика.
Јесте, Линч има филмови со ужасно лоши сценарија кои само он си ги разбира и кои воопшто немаат поента.

Значи, секој може да уфрли сцени и ликови кои немаат воопшто никаква поента, и да го величиме дека е ремек дело. Факт е дека филмовите на Линч се губење време. Глава сечам ако каже некој дека ги разбира неговите филмови и дека се ремек дела. Од аспект на режирање, да, ама од аспект на сценарија, не.
Дефиниција за добар режисер е оној кој ќе ти даде замрсен филм, ама на крај ќе ти даде и патоказ како да го одгатнеш, макар имал и повеќе можни завршетоци. Дејвид Линч не го дава тоа.

Сега знам дека ќе ми се нафрлат форумџии дека немам појма шо е добар филм, и дека Линч е бог, ама реално гледано не е.

Фала. Чао. Пријатно.
Сега знаеше дека и јас ќе сум еден од оние кои ќе ти се "нафрлат".

1. Линч никогаш не ни сакал да биде прифатен од пошироката маса. Затоа филмовите му се премногу лични (не сите). Како прво Џорџ Лукас го убедувал да го режира Star Wars Episode VI, ама Линч одбил за подоцна да го сними The Elephant Man (гледај го и види дали има... сценарио).
Мел Брукс ја имал идејата за филмот и се договорил со Линч да не биде нигде вметнато неговото име затоа што во тоа време тој се смета за врвен комичар а филмот е тешка драма.
2. Линч не прави само исти жанр на филмови. Има испробано од се. Не е потребно некои филмови да пробаат да се разберат како овој и Мулхоланд Драјв. Признај дека само овие 2 ги имаш гледано и затоа имаш таква слика за него.
Dune, The Straight Story, Elephant Man, Twin Peaks, Wild at Heart... да не ги набројувам, сите се потполно разбирливи и припаѓаат на добро изџвакани жанрови.
3. Единствен, можеби единствен филм кој Линч го правел без сценарио е Inland Empire. Последниот негов филм. Од кратките филмови без сценарио е само The Amputee.

Плус, болдираното - ако тоа е дефиниција за добар режисер.... Кустурица вели дека добрите филмовите не ги прави ни дијалогот ни костимографијата, туку атмосферата која не зборува ништо а кажува премногу. Можеби делумно се слагам со овој исказ и затоа Линч ми е еден од омилените режисери.

++ Колку само неговите филмови не се губење време. Кажи ми некој подобар режисер на денешницава. Сега ќе речиш Финчер, Аронофски и Нолан, оние истите кои го искомерцијализираа филмот до ниво на Мајкл Беј.
 
I

Intex

Гостин
Сега знаеше дека и јас ќе сум еден од оние кои ќе ти се "нафрлат".

1. Линч никогаш не ни сакал да биде прифатен од пошироката маса. Затоа филмовите му се премногу лични (не сите). Како прво Џорџ Лукас го убедувал да го режира Star Wars Episode VI, ама Линч одбил за подоцна да го сними The Elephant Man (гледај го и види дали има... сценарио).
Мел Брукс ја имал идејата за филмот и се договорил со Линч да не биде нигде вметнато неговото име затоа што во тоа време тој се смета за врвен комичар а филмот е тешка драма.
Знаеш шо е личен филм? Да го снимам бебето мое, и да го покажам на пријатели кога ќе ми дојдат на гости. Е, тоа е личен филм. Ама тоа не е за пари, туку за пријатели и мене. А не како Линч шо е уана би андерграунд, а филмовите му заработуваат.
2. Линч не прави само исти жанр на филмови. Има испробано од се. Не е потребно некои филмови да пробаат да се разберат како овој и Мулхоланд Драјв. Признај дека само овие 2 ги имаш гледано и затоа имаш таква слика за него.
Dune, The Straight Story, Elephant Man, Twin Peaks, Wild at Heart... да не ги набројувам, сите се потполно разбирливи и припаѓаат на добро изџвакани жанрови.
Само тие два. Признавам. И не ми се допаднаа. Не е ствар на вкусови.
И Твин Пикс - c`mon, он не може да ја реши серијата, не пак ние обичните гледачи. Сигурен во тоа.

Плус, болдираното - ако тоа е дефиниција за добар режисер.... Кустурица вели дека добрите филмовите не ги прави ни дијалогот ни костимографијата, туку атмосферата која не зборува ништо а кажува премногу. Можеби делумно се слагам со овој исказ и затоа Линч ми е еден од омилените режисери.
Ама тие филмови ги имаат сите елементи на филм. Кјубрик е нели царот за атмосфера, па во неговите филмови е создадена совршена атмосфера, се соживуваш со ликовите, си игра со твојата психа, те прави после тоа да се чуствуваш бедно.:D
++ Колку само неговите филмови не се губење време. Кажи ми некој подобар режисер на денешницава. Сега ќе речиш Финчер, Аронофски и Нолан, оние истите кои го искомерцијализираа филмот до ниво на Мајкл Беј.
Еј! Аронофски? Ма ајде, човече!
Пи е нискобуџетен.
Реквиемот дупка во заработка.
Фонтаната исто.
Едино последните 2 заработија по нешто. Додуша, Борачот незаслужено, реално ако правиме муабет сега.

За Нолан и Финчер не дискутирам. Океј, Финчер порано правеше јаки филмови, сега не.

Дени Бојл би го сместил во групата одлични денешни режисери.
 
T

Tetro

Гостин
Пред некој ден со Кискино го „оговаравме“ Линч, поточно Малхоланд Драјв, ама истото е и за овој.
Значи, сакаш да си ХаЦе, гледај филмови од Линч, прај се дека ги разбираш, дека типот е врХ, дека е цар, дека филмовите му се ремек дела со длабока поента, бла бла бла.
Јесте, Линч прави напната атмосфера.
Јесте, Линч има јака фотографија.
Јесте, Линч има јака музика.
Јесте, Линч има филмови со ужасно лоши сценарија кои само он си ги разбира и кои воопшто немаат поента.

Значи, секој може да уфрли сцени и ликови кои немаат воопшто никаква поента, и да го величиме дека е ремек дело. Факт е дека филмовите на Линч се губење време. Глава сечам ако каже некој дека ги разбира неговите филмови и дека се ремек дела. Од аспект на режирање, да, ама од аспект на сценарија, не.
Дефиниција за добар режисер е оној кој ќе ти даде замрсен филм, ама на крај ќе ти даде и патоказ како да го одгатнеш, макар имал и повеќе можни завршетоци. Дејвид Линч не го дава тоа.

Сега знам дека ќе ми се нафрлат форумџии дека немам појма шо е добар филм, и дека Линч е бог, ама реално гледано не е.

Фала. Чао. Пријатно.
Линч не е цар. Линч е типче кое како малечко сфатило каков е светот и затоа има поинаква перцепција за него. Сето тоа го прави неговиот уметнички став. Абе, уметност е нешто кое за да го разбереш треба да се помачиш малку повеќе.
За некој досадната уметност за друг би била интересна. Разлика до вкусови. Има една сорта розеви домати, кои јас ги обожавам, а на некои луѓе имам слушнато дека самата боја им била одбивна. Ти си имаш свој поинт оф вју и остани си така. Не ти се допаднало нешто, премини на другото. :)

Кажи ми некој подобар режисер на денешницава. Сега ќе речиш Финчер, Аронофски и Нолан, оние истите кои го искомерцијализираа филмот до ниво на Мајкл Беј.
Еј! Аронофски? Ма ајде, човече!
Пи е нискобуџетен.
Реквиемот дупка во заработка.
Фонтаната исто.
Едино последните 2 заработија по нешто. Додуша, Борачот незаслужено, реално ако правиме муабет сега.
Аронофски да не ми го чепкате. Без буџет започнал да работи и да направи едно ремек дело на негови 28 години... гениј е.

извинте за оф-топикот
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Темава отиде у курац, гледам дека доста луѓе го имате гледано филмот а никој не пишува ништо за тоа. Не се сложувам дека е ова премногу апстрактен и неповрзан филм, затоа што не е. А и не е точно дека Дарен Аронофски го искомерцијализирал филмот, човеков мака мачеше со буџети и напушти неколку филма затоа што се искара со продукцииските куќи кои премногу сакаа да му се мешаат во работата. Да се надеваме дека од филмот за Ное ќе излезе нешто.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.198
Знаеш шо е личен филм? Да го снимам бебето мое, и да го покажам на пријатели кога ќе ми дојдат на гости. Е, тоа е личен филм. Ама тоа не е за пари, туку за пријатели и мене. А не како Линч шо е уана би андерграунд, а филмовите му заработуваат.

Само тие два. Признавам. И не ми се допаднаа. Не е ствар на вкусови.
И Твин Пикс - c`mon, он не може да ја реши серијата, не пак ние обичните гледачи. Сигурен во тоа.

Ама тие филмови ги имаат сите елементи на филм. Кјубрик е нели царот за атмосфера, па во неговите филмови е создадена совршена атмосфера, се соживуваш со ликовите, си игра со твојата психа, те прави после тоа да се чуствуваш бедно.:D

Еј! Аронофски? Ма ајде, човече!
Пи е нискобуџетен.
Реквиемот дупка во заработка.
Фонтаната исто.
Едино последните 2 заработија по нешто. Додуша, Борачот незаслужено, реално ако правиме муабет сега.

За Нолан и Финчер не дискутирам. Океј, Финчер порано правеше јаки филмови, сега не.

Дени Бојл би го сместил во групата одлични денешни режисери.
Аронофски го спомнав баш ради неговите последни два филма, не дека немал добри филмови. И Нолан и Финчер имале... ама имале. Фонтаната на Аронофски сум ја гледал одма откако излезе затоа што го имав фрлено на пик тој режисер, ама сега со последните 2 филма ме тера сосема да го сменам мислењето за него.
(на истиот начин на кој мислиш ти дека љубителите на Линч се прават ха-це, што да кажам за љубителите на Аронофски на форумов кога ќе му спомниш два филма се палат ко магариња а тек вчера му ги гледале филмовите и слушнале за него. Разбирам често ради мода се практикуваат некои работи, ама да кажиш за Линч дека е без врска а човекот има направено премногу... срамота е.)

Ај признај дека и Твин Пикс не ја имаш гледано. Затоа што ако ја имаше, ќе видеше дека серијата е решена сосема јасно, многу на памет зборуваш или зборуваш работи за кои имаш случајно прочитано негде на интернет. Земи ја изгледај ја серијата и ќе видиш дека е решена, стокмена и плус дообјасната со излегувањето на Fire Walk With Me. Лесно е да си имдб експерт, ќе прочиташ некоја рецензија и мислиш дека е исто како да си го гледал филмот.

Тоа дека Линч си правел филмови за профит... колку само е неточно. За Eraserhead му требале 5 години да го направи затоа што немал пари и кога го давал сценариото на продуцентски куќи тие му го одбивале затоа што мислеле дека е нешто безвезно. Никогаш не направил филм за да заработи пари, не ни сака многу луѓе да му ги гледаат филмовите. Еднаш рекол дека ќе направи филм кој само тој ќе го разбира. Некои сметаат дека станува збор за Inland Empire, ама тоа се само шпекулации.

Пред да излезе Мулхоланд Драјв двајца критичари го оцениле како најлошиот филм на годината. Линч тоа го напишал на постерот на премиерата на филмот и напишал - Две причини зошто да НЕ го гледате филмот.

Јас разбирам да не се сака некој режисер, ама да не се сака поради изгледани само ДВА негови филма, а ги има многу, тоа не го разбирам...

Иначе змеј горјанин, сакав да пишам нешто за филмот ама ко ги прочитав твоите постови видов дека си го анализирал филмот на истиот начин на кој јас сум го сфатил кога сум го гледал после неколку пати.
А еден интересен податок - дали знаеш дека актерот што го глуми Mystery Man во реалниот живот си ја убил жената и лежел добри години в затвор?
Гледај го и Blue Velvet, затоа што тој, Lost Highway и Mulholland Dr. ти доаѓаат некако како трилогија...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да знам за Mystery Man некаде на форумов прочитав, за филмовите ќе ги гледам дефинитивно и двата.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Eден предлог од мене за следен филм за дискусија: Identitiy. Особено завршните 20 минути од филмов.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Една забелешка, Spoiler Free, во превод му доаѓа без спојлери (sugar free, anyone?). Иако повеќто знаеме за темата, сепак некој може масовно да се заебе.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Јоан, смешен си. Повеќе не те коментирам.

Него Lost Highway, се сеќавам исто така го протолкував Eyes wide shut, кога Кидман му кажува на Том дека би го оставила него и детето за една вечер со морнарот. Одтаму тој, забегува во некој свој свет, етц етц.. имам пишано за ова. Него, да, се согласувам дека Мistery Man e уствари олицетворение на љубомората, на потиснатите желби од истата. И уствари секоја ситуација може да се протолкува со помош на теоријава, е сега секој режисер игра така само што на крај објаснува, овој остава сами да изреализирате за поголем мајндфак. Идиотска мода дојде, гледаш такви за да си хаце..

Јас немам многу изгледано oд Линч, Mulholland Dr., Lost Highway, Twin Peaks и најомилениот Inland Empire. Кој му го препорачувам на горјан со знакови никот, кој преубаво го рецензираше Lost Highway.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Една забелешка, Spoiler Free, во превод му доаѓа без спојлери (sugar free, anyone?). Иако повеќто знаеме за темата, сепак некој може масовно да се заебе.
Работава повеќе иди ко Weapons Free. Ама арно викаш, подобор ќе биди на македонски да го напишат.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Сакам филм што нема да ми даде све на послужавник и што споро се одвива за да го сконтам. Линч претерува и нѐ остава без clues, како и претерува со секс и "хорор" сцените. Поштувам психо филмчиња, ама не мора да гледаме чудовишта у секс сцени или да мораме да намалуваме глас у рандом моменти кога ништо посебно и не се дешава, како у некои глупи хорори. Или праиш нејасни филмчиња за разглабање, или праиш напнати брутални филмчиња. Кога го правиш и тоа и тоа во еден појак степен, ондак или те мразат или те сметаат за хаце тип.

Lost Highway го имам изгледано 2,3 пати, Mulholland drive не ми текнува, Тhe straight story - тапа пошо ми се чини и ја можам таков филм да напраам.

Спојлери. Значи, Фред и Рене се еден пар, она го вара, он ја убива, иде у затвор, таму полудува и се претвора во она што сака да биде, своето алтер-его Пит, посакуван тип што уствари и лично се познава со типот со кој Рене го вара, али сеа у обратната ситуација, Алис (Рене) е таа што го напушта Еди за Пит (Фред). Плус, во својата халуцинација тој ги убива и Енди посредникот, и Еди-стариот перверзњак. Ова си го потврдивме со гледањето на сликата на која Пит ја гледаше Алис, Рене, Енди и Еди, а полицајците ги видоа само Рене, Енди и Еди. Она што ми е чудно е што кога беше он у својата халуцинација, сепак животот не му се одвиваше лесно. Еди беше опасен човек и се сомневаше, го убија Енди и мораа така да го остават... Дали Mystery Man e љубомората или ѓаволот, исто е, се работи за темната страна што све гледа на Пит/Фред. Нека ви текне, кога го убиваа Еди стоеја заедно, тука имаше и шепкање од страна Mystery Man кон Фред/Пит, нешто како кога ѓаволот му посочува на човек што да направи. Фред и во својата халуцинација кога беше Пит, знаеше дека Алис (Рене) не е добра женска, све што виде во станот на Енди е дел од неговата проекција во која гледаме дека ја смета за безосетна протистутка, но ипак ја посакува многу. Филмот му се крши кога она му вика дека нема да биде негова, ондак ја имаме старата прикаска со Фред. Излезе дека Фред не може да измислува мед и млеко и е прилично реален дури и во својата халуцинација како Пит, преминувањето во своето алтер-его и не значи дека животот ќе се олесни и тоа е поуката од филмов (лол), немојте да си играте со умот, плус ќе имате ужасни главоболки како Пит. :D
 
M

Mario Gómez

Гостин
Има шанси да се дискутира "Seven" без да навлеземе во религиозни дускусии?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom