DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Да беее, музиката беше одлична....
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Инаку, ако се сеќавате Бес (девојката што исчезна) му рече една вечер дека знае што е. Како сакате преведувајте го ова, ама имајте на ум дека и фамилијата на Бес умрела во пожар. Значи на некој начин се исти. И затоа нејзе ја "зеде" со него. Другите ги спаси таму. Неа ваљда и покажал тајниот излез за бегање. Дека само неа не и беше помогнал..
Ова ми текна прееска :)
Бес на есејот напиша дека нема дом. А бегањето од лудницата нема да и овозможи дом. Прот не би и направил услуга ако и покаже како да побегне од болницата. Тоа не е спасување. Ако пак ја однесе на К-ПАКС, тогаш тоа и е дом и на тој начин ќе ја спаси.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Колку души го имет филмов од SVRSA издание шо го даваја во весник пред 5 и кусур години? :icon_lol:
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Колку души го имет филмов од SVRSA издание шо го даваја во весник пред 5 и кусур години? :icon_lol:
многу... знам.. 100+ души од валандово само шо го имат

Инаку.. најмногу ми се допага делот од филмов во кој им вели на научиниците.. беше нешто...
Доктор... доктор.. доктор.. доктор.. уште колку ве има на планетава?
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.250
Поени од реакции
8.336
Јас го гледав... по 100-ти пат и можам уште х100 да го гледам ... не ми беше тоа целта на постов пошто сега последен пат нели го имаше на Телма.... луѓе се фасцинирав само 2-3 минути реклами на цел филм на наша телевизија !

многу... знам.. 100+ души од валандово само шо го имат

Инаку.. најмногу ми се допага делот од филмов во кој им вели на научиниците.. беше нешто...
Доктор... доктор.. доктор.. доктор.. уште колку ве има на планетава?
Doctor... Doctor... Doctor ...How many doctors do you have ?!

Priceless и мене многу ми остави впечаток оваа сцена!
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
одличен филм,сум го гледал неколку пати,одлична приказна од почеток до крај да не ти биде досадно
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Ова ми текна прееска :)
Бес на есејот напиша дека нема дом. А бегањето од лудницата нема да и овозможи дом. Прот не би и направил услуга ако и покаже како да побегне од болницата. Тоа не е спасување. Ако пак ја однесе на К-ПАКС, тогаш тоа и е дом и на тој начин ќе ја спаси.
Баш ќе им се уклопи Бес, она човек овие... к-паксиевци :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Вонземјанин е човекот ама тоа психијатрите ќе го полудат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.750
Поени од реакции
9.908
Мислам дека беше вонземјанин. Ништо не може да ги објасни ултравиолетовите зраци и откривањето некои нови теореми или планети за кои најголемите астрофизичари немале објаснување. Во врска со телото, на Земјата прима облик на човек, на К-Пакс облик на што и да е на таа планета. Така Бес лесно би се вклопила со тие вонземјани (некој имаше дилема околу тоа), и таа би примила облик на К-Паксовка. Има многу други аргументи за тоа дека е вонземјанин: нечовечки пулс, она што го зборува за време на хипноза, "Грижи се за Роберт" итн.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дечки гледам замре темава за К-Пакс (оставаме простор кој сака да си се доискаже за филмов ако немал можност). А сега ставаме нов филм за дискусија со мошне интересна тематика, The Man From Earth. Кој го гледал ќе има богами за што да дискутира, кој не го гледал нека го погледне. Ова е баш филм за кој се кршат копја, 50-50 ситуација во која или мислиш дека е преценет или дека е одличен.

Да започнеме со неколку прашања за да ја развиеме дискусијата? Дали е возможно покрај се она што знаеме за биологијата на човекот да постои човек кој е стар 14 000 години? Истиот тој по некоја случајност престанал да старее на 35 години и неговиот изглед е како на згоден рокер, а притоа физиономијата му е комплетно вклопена во денешницата, па така излегува дека едно исто тело ја минало цела еволуција само (според мене огромна дупка во приказната)?
Друга работа, како тоа еден човек успеал да сретне толку важни личности во својот живот. Да не заборавиме типов се сретнал со Буда и уствари е Исус. Го сретнал Ван Гог, ако се сеќавам добро исто така и Хамураби. Преживеал триста болести? Можно ли е?
Трета работа, дали еминентните професори ги поставија вистинските прашања и како тоа за неколку часа фантастична приказна сите беа убедени дека типов ја зборува вистината.
Четврта, што мислите за глумата? Мене ме разочара. Девојката на наводниов Исус, е толку ладнокрвна што ми дојде дури смешно.

"Душо, јас живеам на земјава 14 000 години, иначе јас сум Исус."
"Ај бе па ти, нема на ситници да се загледуваме." Е буквално таква беше девојкава.

И последно дали беше потребен оној циркус со стариот професор кој излезе дека му е дете на Џон? (Џон иначе солза не пушти, детево му умира пред очи он мртов ладен).
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Тешко ретардиран филм. Првиот пат ко го гледав еден другар на заебанција рече - овај накрај ќе испаднит Исус да е.
И втор пат го имам гледано, му дадов втора шанса да ми се бендисат, немав попаметна работа.
Не знам шо друго да кажам, одамна го гледав. Многу глуп филм, жал ми е шо го имам гледано, млад сум а краток е животов за гледање глупи филмој.
 
Ауу немој вака. Гледај го пак, и пак и пак...

Неам време сега, утре ќе пишам повеќе :)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дечки гледам замре темава за К-Пакс (оставаме простор кој сака да си се доискаже за филмов ако немал можност). А сега ставаме нов филм за дискусија со мошне интересна тематика, The Man From Earth. Кој го гледал ќе има богами за што да дискутира, кој не го гледал нека го погледне. Ова е баш филм за кој се кршат копја, 50-50 ситуација во која или мислиш дека е преценет или дека е одличен.

Да започнеме со неколку прашања за да ја развиеме дискусијата? Дали е возможно покрај се она што знаеме за биологијата на човекот да постои човек кој е стар 14 000 години? Истиот тој по некоја случајност престанал да старее на 35 години и неговиот изглед е како на згоден рокер, а притоа физиономијата му е комплетно вклопена во денешницата, па така излегува дека едно исто тело ја минало цела еволуција само (според мене огромна дупка во приказната)?
Друга работа, како тоа еден човек успеал да сретне толку важни личности во својот живот. Да не заборавиме типов се сретнал со Буда и уствари е Исус. Го сретнал Ван Гог, ако се сеќавам добро исто така и Хамураби. Преживеал триста болести? Можно ли е?
Трета работа, дали еминентните професори ги поставија вистинските прашања и како тоа за неколку часа фантастична приказна сите беа убедени дека типов ја зборува вистината.
Четврта, што мислите за глумата? Мене ме разочара. Девојката на наводниов Исус, е толку ладнокрвна што ми дојде дури смешно.

"Душо, јас живеам на земјава 14 000 години, иначе јас сум Исус."
"Ај бе па ти, нема на ситници да се загледуваме." Е буквално таква беше девојкава.

И последно дали беше потребен оној циркус со стариот професор кој излезе дека му е дете на Џон? (Џон иначе солза не пушти, детево му умира пред очи он мртов ладен).
Мене баш ми се допадна филмов, али имаше моменти кај што ја претераа.
Човекот се погодил во точно време на точно место, ај да речеше дека се познавал само со Ван Гог, али што знам, мене ми е преголема случајност да се знае со повеќемина од најголемите луѓе во историјата.
Друго, невкусно беше тоа што испадна дека тој бил Исус.
Трето, пријателите негови многу внимание обрнаа на прашања за религии. Требаше и на други сегменти да обрнат внимание.
И четврто, делумно исто со второво, кај се погоди баш тој син да му биде. Пак ќе речам, преголема случаајност.
Јас на ум имав подобар крај од дадениот, за мене барем. Не требаше да испадне дека тој крупниот му е син. Требаше да не остават да се чудиме сите дали навистина е точно тоа што го зборувал. Нешто како во К-ПАКС.
 
Тука се согласувам со тебе. Филмот требаше да заврши во оној момент кога им рече дека ги зафркава цело време.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.764
Поени од реакции
18.338
Супер фикција, еден од моите најомилени филмови. Според мене најдоброто нешто во филмот беше нарацијата на главниот лик, буквално хипнотизирачки делуваше. Без оглед на неверојатните приказни кои ги раскажа мене ми се допадна, и затоа малку ми е без везе да навлегувам во тоа дали ја говорел вистината или лажел, едноставно не е таков филмот. Ова е филм со длабока атеистичка порака и поради тоа има 8 ца на ИМДБ, да беше друга тематиката сигурен сум дека не ќе имаше повеќе од 4 или 5. Како и да е јас не обратив пажња на тоа што потајно сакал да каже писателот пошто филмов ќе ми се претвореше во уште едно идеолошко срање, едноставно уживав во нарацијата и едно време ми падна криво зошто филмов е нискобуџетен. Па така од една страна сакав да ги видам сите сцени кои што ликот ги изживеал а од друга страна можеби и грешам бидејќи филмот можеше да го изгуби својот шмек и се она што направи да ми се свиѓа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom