DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Епа ако се му одело според планот, и се е така, зашто не си замина со тој зракот? :icon_lol:
Не успева секогаш "The fastest gun in the West" routine. Успева да замине, кога уствари нема motherfuckin beam of light. Како во обсерваториумот. Кога им демонстрираше: Adios. Aloha. :icon_lol:

Не ви текнува на Teddy Daniels? Ме мрзи да пишам за филмот, ама here it goes. Незнам како ваква приказна, разрешена на сребрена чинија ве буни. Па барате некоја двосмисленост во двосмисленоста која постоела за сосема друга цел на прво место. Рокенрола, незнам како толку лошо си ја протолкувала хипнозата, кога таа беше првиот вистински индикатор дека Прот е од овде. Прот е уствари замисленото другарче на Роберт кое истото тој го користи за да побегне од болката, да ја блокира, за подоцна Роберт да помеша реалноста со фикцијата, и ради поназад споменатото, блокирање на болката да се соживее со Прот, кој доаѓа од преубава планета каде луѓето, пази ова: немаат фамилии. Разгледај ги убаво етапите на хипнозата. Првата меморија на Прот е кога бил повикан oд "другарчето му"/Пит/Роберт кога татко му, односно таткото на (тогаш го нарекуваа Пит) Роберт почина. Значи гледаме како бега од реалноста, како бега од болката. Следно беше кога женска му на другарчето/Пит/Роберт затруднела, целиот тој стрес, целата тензија.. и повторно се губи, каде бара утеха кај Прот. Крајното, кога му ја убијаа фамилијата, од преголема болка се исклучува од реалноста, другарчето/Пит/Роберт пак го бара Прот, додека тој се обидува да се убие. Психички, Роберт се удави таа вечер во водата. А врз умот и телото (кое не беше проонајдено) превзема Прот. Одтаму Спејси зборуваше во тоа лице, кое подоцна и се смени, веќе зборуваше во негово лице, како Роберт, за Сара, за Ребека.. еве и извадок од дискусијата за време на хипнозата кога зборуваше дека Роберт ќе се самоубивал:
Prot, I’m trying to help him. I can’t help him unless he tells me what happened.
He knows that.
Well, then, why won’t he tell me?
Because then, you would know.. what even he doesn’t want to know.
Разгледај и сцените кога Бриџис го однесе дома кај семејството, лулањето на девојчето, дискусиите со жена му. Се конектираше со реалноста. Гледаше слики, ги извади и наочарите, стана човек. И додека муабетот беше за фамилии, жената го праша нешто во стил дали тој има фамилија и слично, тој одма се дисконектираше, стави наочарите, и Протски респондираше дека на утопијата K-PAX нема фамилии. Кога сме кај тие сцени, зошто го фати паника од водата? Се присети. А, Рокенрола, метафоричното заминување во баш тој час, е дека баш во тој час, пред 5 години се случи трагедија. Каде Роберт метафорично умре.

Прот знаеше што ќе се случи на таа дата, точното што се случи. Затоа му напомена на докторот, сега, кога го нашол Роберт, да се грижи убаво за него (како што видовме во последните сцени). Имав нешто за пишување и за ѕвездите, за сцената што бевте запнале, ама ми избега мислата. Планирав сцена да ви ставам. Другпат.

--- надополнето ---

Инаку, не беа сите ментално нестабилни таму. Роберт само потиснуваше болка, инаку беше нормален. Сосема свесен да е способен да побегне од болницата на 3 дена. Инаку, ако се сеќавате Бес (девојката што исчезна) му рече една вечер дека знае што е. Како сакате преведувајте го ова, ама имајте на ум дека и фамилијата на Бес умрела во пожар. Значи на некој начин се исти. И затоа нејзе ја "зеде" со него. Другите ги спаси таму. Неа ваљда и покажал тајниот излез за бегање. Дека само неа не и беше помогнал..

--- надополнето ---

А предлог, гледајте пола час директ во сонцето, и вие ќе гледате секакви видови зраци после, што нормалното око не ги детектира. Еве, гледам интересна ви е двосмисленоста, дешифрирајте го ова. :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Епа ако се му одело според планот, и се е така, зашто не си замина со тој зракот? :icon_lol:
Абре си замина. Оној кој остана е Земјанинот чии жена и ќерка се убиени и чие тело го користел Прок како домаќин дури е на Земјата.

--- надополнето ---

Како тоа знаеше кој ден и во колку часот целосно ќе ја изгуби свесноста т.е ќе отпатува?
Лесно е ова, дело е на потсвеста. И самата ако речеш дека утре ќе се разбудиш во 6 и 23, ќе се разбудиш во 6и23. Епа истото е. Али мене појше ми се допаѓа теоријата дека е вонземјанин.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Ех ех ех.. зошто го користи неговото тело? Како портал? :pos:

Па како стигна кога почна филмот, како stand-alone персона? 5 години си стоеше некаде паркиран Роберт? Дека почна филмот и убаво кажува само што пристигнува. Неможе еднаш да завзима тела како вонземјанин еднаш обратно. Кажува убаво, тоа е телото, на K-PAX изгледа како K-PAXианец, на земјата како земјанин. Еве ви ја дупката, за алтернативната теорија. Воедно и решение на мојата, дека ниеден вонземјанец не го завзел Роберт, туку дека е алтернативно бегство од болката и реалноста.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Лесно е ова, дело е на потсвеста. И самата ако речеш дека утре ќе се разбудиш во 6 и 23, ќе се разбудиш во 6и23. Епа истото е. Али мене појше ми се допаѓа теоријата дека е вонземјанин.
Wait, WHAT?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Рокенрола, незнам како толку лошо си ја протолкувала хипнозата, кога таа беше првиот вистински индикатор дека Прот е од овде.
Абе ова беше нејасно многу, не можеш ти да тврдиш дека е вака ти како што викаш.

Затоа му напомена на докторот, сега, кога го нашол Роберт, да се грижи убаво за него (како што видовме во последните сцени).
Ако Прок е навистина од К-ПАКС, тогаш знае дека кога тој ќе замине назад на планетата, ќе го остави телото на Роберт. Прок знаеше дека Роберт е во лоша состојба. И затоа му рече на психијатарот да се грижи за Роберт.

Сосема свесен да е способен да побегне од болницата на 3 дена.
Е како де? Како можел незабележливо да замине, да се врати, па и на дрво да се качи? Како? Кај се криел? Кај бил за тоа време?

А предлог, гледајте пола час директ во сонцето, и вие ќе гледате секакви видови зраци после, што нормалното око не ги детектира. Еве, гледам интересна ви е двосмисленоста, дешифрирајте го ова. :)
Ама нема да детектираме ултравиолетова светлина.

И друго, пак ќе кажам, во книгата Прот Е од К-ПАКС.

--- надополнето ---

Леле аман, ти се нема десено? Ја имам читано "Моќта на потсвеста" и глупава ми е, ама ова е единствен дел за кој се согласувам пошто стварно ми се има десено. И не само мене, знам и други деца ми кажувале дека ако се на пример денес многу возбудени ради тоа што утре треба у 7 да им се деси нешто битно, ќе станат на време без аларм.

--- надополнето ---

Ех ех ех.. зошто го користи неговото тело? Како портал? :pos:
Па да. И не е смешно.

Па како стигна кога почна филмот, како stand-alone персона? 5 години си стоеше некаде паркиран Роберт? Дека почна филмот и убаво кажува само што пристигнува.
Па и според твојава теорија Роберт седел негде паркиран 5 години. Кај седел? Пошто нели, според тебе, е човек, кај седел 5 години?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Да, ако распоредот цела претходна недела им бил во 9 легнување, во 7 станување. Легни во 5 да те видам.
Инаку прашуваш.. незнам какви, ама неважни прашања. Како избегал од болницата. Што сакаш да дадат чаршафи како висат од прозорец, прв пат си слушнала некој да бега од болница, затвор.. во филм, без да ја има, THE actual scene?

Не, Роберт лутал низ светот. Тука грешите вие, мислејќи дека навистина само што стигнал во станицата.
Можеби тоа нему му се повторувале цело време оver and over again за тие 5 години. Само сега бил забележан.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Да, ако распоредот цела претходна недела им бил во 9 легнување, во 7 станување. Легни во 5 да те видам.
Ја се извињавам за оф топик али очигледно на wot и на членот погоре им е тешко да ме разберат. Мене ми се има десено да станам точно на време, без аларм, а легната во 4 саат сабајле. Баш памтам на прв ден за факултет ми се деси. Исто ми се деси и пред некое време за пред колоквиум, легнав у 3 саат пошто учев и сабајле кога дојдоа да ме разбудат јас бев со очите ококорени. Прочитајте ја бе Моќта на потсвеста. Таму има уште поневеројатни ствари. Не дека јас верувам, ама ова ми се има десено.

Не е битно, ова е појше од област на потсвест отколку на филмов. Поентата ми беше дека е можно Роберт да си врежал во потсвеста утре во 5 саат ќе престанам да живеам, и мозокот утре во 5 саат да му умре.

Инаку прашуваш.. незнам какви, ама неважни прашања. Како избегал од болницата. Што сакаш да дадат чаршафи како висат од прозорец, прв пат си слушнала некој да бега од болница, затвор.. во филм, без да ја има, THE actual scene?
Е нема сега прашања што само тебе ти одговараат. Мислам, дискусија е ипак ова. Мене членот со Пола Ласидер од Спин сити ме праша како останало телото од Роберт ако прот се вратил дома, и јас му кажав нели?
Не сум слушнала првпат некој да бега од затвор, али да побегнат двајца? И никој да не ги најде денови после тоа? Никој? Значи да не најдат една особа да рече дека ги видела, или барем некој што личи на нив?

И зошто камерите се расипаа?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Да се долови донекаде бесмисленоста на книгата. Мистичност. Штознам.
Не сите филмови правени по книги, исто се одвиваат и завршуваат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Абре си замина. Оној кој остана е Земјанинот чии жена и ќерка се убиени и чие тело го користел Прок како домаќин дури е на Земјата.
Не ми текнува сега, дали Прот рече дека веќе бил на земјата 4 години и нешто? Не ми текнува баш... Ако не, тогаш како може за 4 години да не скапе телото, или овој да умре пошто откако „си замина“ Прот овој остана хендикепиран и како таков не можеш да преживееш 4 години без никој да те најде и препознае.

Друго, ако телото е само „домаќин“ за Прот, зашто тогаш така изрегира при прскалките? Ако јас сум вонземјанец, и користам нечие дело, нели не треба неговото минато мене да ме прогонува или да влијае на мене, едноставно само „го користам“...

Се сложувам со wot за тоа што го напиша..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@wot да не те цитирам долг е постот..:)
Филмов не е прост и едноставен со приказна која води во само еден правец. Да беше така ќе немаше дилеми и немаше да го ставиме на дискусија нали..:wink:

Според мене не постои такво нешто како погрешно толкување кога се работи за овој филм, зашто нуди приказна која може да се подели на два дела и секое од решенијата да звучи логично.
Два елемента кои најмногу влијаеле врз мене за да му поверувам на Прот се следниве: прво, ултравиолетовите зраци. Значи докторот сам рече цитирам: Човекот не може да гледа ултравиолетови зраци. А Роберт Портер сигурно не е првиот човек кој тоа го може.
Втора работа, цртањето на констелацијата на планети, притоа лоцирајќи ја и К-Пакс. Нешто што ги вчудоневиде астрофизичарите. Колку год човек нека е генијален, не може без истражување со врвен профил на технологија да дојде до заклучок дека планета како К-Пакс постои, па уште совршено добро да го нацрта сето тоа.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Изгледа сите верници веруваат дека е вонземјанин, а сите атеисти.. :pos:

Не се води дискусија со прашања. Поготово ако ни вие ако неможете да датете стабилни одговори. Ај пробајте да видите. Многу е вашето контрадикторно, ако Прот го завзел Роберт, зошто тогаш одговори како да е свој со свое тело дојден овде на земјава, кога го прашаа зошто збори и изгледа толку слично. Како што паметам, одговори дека на K-PAX изгледа како K-PAX-ианец, а со тоа тело овде изгледа како земјанин. Потврдено со некоја теорија со меурчиња.

Роберт Портер - Прот. Премногу коинциденција за да се различна личност.
Или вонземјаниве по сличност во имиња бираат порталиве..
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Многу е вашето контрадикторно, ако Прот го завзел Роберт, зошто тогаш одговори како да е свој со свое тело дојден овде на земјава, кога го прашаа зошто збори и изгледа толку слично. Како што паметам, одговори дека на K-PAX изгледа како K-PAX-ианец, а со тоа тело овде изгледа како земјанин. Потврдено со некоја теорија со меурчиња.
Он нигде не рече дека е со свое тело дојден тука. Рече само дека тука личи на човек. На тој начин што го презел телото на Роберт :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.032
Неможам да ве сфатам. Сакате да кажете само со духот патувал Прот и остала компанија од K-PAX? Kaко нашиве духови? Со умот? Таму има свое тело, си го оставал, фаќа beam of light, BOOM во Роберт? Инаку да имаше смисла ќе оправдав преводот модифициран како што ви одговара. Гледате дека ни трошка смисла ви немаат обајаснувањата?

Како дојде до тоа од ова: Similarly, on your planet I look like you. On K-PAX I look like a K-PAXian?

И поназад, во тој дијалог може да видите дека знае премногу за Ајнштајн. :)

ПС се моли срце да не се води според книгата туку филмот. :))))
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Неможам да ве сфатам. Сакате да кажете само со духот патувал Прот и остала компанија од K-PAX? Kaко нашиве духови? Со умот? Таму има свое тело, си го оставал, фаќа beam of light, BOOM во Роберт? Инаку да имаше смисла ќе оправдав преводот модифициран како што ви одговара. Гледате дека ни трошка смисла ви немаат обајаснувањата?
Ау ау ау. Не знам како иде патување од планета до планета, али се е можно, нели?

ПС се моли срце да не се води според книгата туку филмот. :))))
Срце прце ја нема прочитано книгата али таа и е дополнителен аргумент у нејзината теорија. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ја за K-pax можам да кажам дека е супер филм, уметнички изведен филм. Значи фотографија одлична, саундтракот на Томас Њуман фантастична :)
Е сега крајот нели. Приказната на филмот беше таква да ни еден момент режисерот не ти даде за сигурност дали е он вонземјанин или е луд. Затоа и таков крај, за гледачот да си го свати филмот како што сака, тоа е уметноста на филмот да ние овдека дискутираме што бидна како бидна. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom