GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
530
Поени од реакции
1.096
Лејди Џесика беше многу посекси во линчовата верзија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.268
Поени од реакции
18.241
Конечно стигнав да го изглеам. Баш лани ја читав книгата, ми се свиѓаше ептен, и ме интересираше како ќе изглеа филмот. За мене беше супер, бидејки приказната веќе ја знаев а визуелниот дел беше супер изработен. Наративот малце го смениле/поедноставиле, али океј за толку време морало некој cuts. Можеле повеќе време да одвојат за бекстори за луѓе кој ги немаат читано книгите, некој наративен опис за универзумот и главните ликови на сметка на некој долги кадри.
Сепак немам идеа дали би било подобро бидејки Дуне е доста тешко е да се преточи во филм. Truthsaying, способностите на ментите и тн. а и голем дел од дијалозите во книгата се одвиваат во главата на самите ликови. И секако самата пустинска атмосвера и вредноста на водата не може да се долови во 2 ипол саати. Кога ја читаш книгата и сам стануваш жеден :icon_lol:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.108
Поени од реакции
25.169
Само што го изгледав во кино без никакво предзнаење за книгите и филмот на Линч.
Не ми беше толку конфузен за пратење, али мислам дека вената на чело ќе ми пукнеше од што бев сконцентриран да не пропуштам нешто.
Али, иако не е конфузен за пратење, сепак објаснувањето е премногу водество, ги нема тие deep connections помеѓу карактерите кои ги збори @Io Sono Interista кои можеле да ги додадат со мааалце повеќе дијалог, зашто реално далеше фијалог помеѓу карактерите.

Иначе мене филмов ми беше предобар, на неколку нивоа погоре од се што имам изгледано последниве 2-3 години, не дека тоа е многу.
Можеби и гледањето во кино си го направи своето, музиката беше право порно за ушите на тој сараунд систем да се слуша.
Кај мене филмов го постигна посакуваниот ефект, ме вовлече тотално во универзумов и утре најверојатно ќе отидам до Академска Книга да ги купам 6те книги.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.702
Конечно и јас го изгледав, без било какви претходни познавања, освен имињата на куќите и планетата (ова дека 2 пати го имам пуштено филмот на Линч додека го имаше на Netflix, и 2 пати не успеав да стигнам ни до 30 минута). Јас немав проблем со разбирање на целиот универзум, иако верувам дека е тоа многу поупростено разбирање од некој кој ги читал книгите, нормално. Инаку се согласувам со првото мислење на @Io Sono Interista дека во денешно време скоро сите серии и филмови ги прават вака: in medias res, без да ни направат некој build up. Ама, ете, тука јас немав толкав проблем со разбирање како што имав во (на пример, зашто најтазе ми е гледана таква) Shadow and Bone. Таму човече, до пред крај стигнав на сезоната а уште поим немав кој е кој и што е што. Слично ми беше и со The Witcher. Сега споредбиве може се неумесни зашто сепак тоа се серии, а ова филм, но штом во серија каде дејството може да го развлекуваат во недоглед они се одлучуваат да започнат од нигде никаде, во филм каде се далеку поограничени, сигурно дека ич нема да им смета.
Пробај да го замислиш филмов без никакво познавање од Dune универзумот, и кажи ми како ќе го доживееше тогаш? Како некој што не знае која е жената во црно, и што е со кутијата, ќе си ја објасни сцената?
За жената во црно веднаш сфатив дека е некоја архи-вештерка, или господин господин вештерка, сеедно, ама со кутијата да, не го сфатив филмот.

Инаку, цело време имав впечаток ко да сум го гледал филмов, а тоа е така зашто на некој начин, барем по визуелниот момент, го доживеав како трет дел од трилогијата на Вилнев: Arrival - Blade Runner - Dune. Особено визуелно наликуваше на вториот, но и значително послаб беше. Се согласувам и дека смета отсуството на емоции и дијалози во филмовите на Вилнев, или барем во овие три, но мене тоа не ми смета толку, посебно не во Blade Runner и Dune, зашто го доживеав како природен тек на еволуцијата на човештвото: по десетици илјади години од сега некако нормално ми е луѓето да се отчовечени, да се без емоции, налик роботи, и да ја изгубат потребата од интензивна комуникација (процес кој и ден денес е почнат, со целата оваа технологија, мобилни телефони и компјутери... На Рекорд дури и семафори на земја поставија за да можат тие кои главата не ја креваат од мобилниот да видат дали свети црвено светло, побогу).

И тоа.

Мислам дека доволно беше за Dune, гледам дека веќе сте ја исцрпиле целата дискусија. А излезе интересно филмче кое исто како Dune е кандидат за Оскар, но далеку посериозен, па затоа, од денес го менуваме The Power of the Dog како филм на тапет. Можете да го најдете и на Netflix. Осеќам дека ќе биде hate it or love it филм, па да видиме импресии.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
@Zlatikevichius баш сакав да пишам за темава, има ли опција насловите да се менуваат на 2-3 недели? Вака темава долг период седи мртва, а секако ако некој гледал некој филм што поминал може и после тоа да ја напише рецензијата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.702
@Zlatikevichius баш сакав да пишам за темава, има ли опција насловите да се менуваат на 2-3 недели? Вака темава долг период седи мртва, а секако ако некој гледал некој филм што поминал може и после тоа да ја напише рецензијата.
Мене нема да ми биде проблем да менувам филмови и на 2 недели, но се сомневам дека ќе се развие некоја којзнае каква дискусија. Затоа тука најчесто живнува пред Оскари или кога ќе се појави некој поконтраверзен филм. Ете, нека не е временски ограничено, но секој кој смета дека некој филм треба да се најде на тапет, нека ми пише, и ќе го овозможиме тоа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
The Power of the Dog
Точно е тоа што го пиша Злате дека филмот е малку спор.. Ама... Каква фотографија има филмот тоа е лудило. Неверојатни детали, светлина во секој кадар е тотална перфекција. Вака замислувам филм снимен по книга. Необичен кастинг ама Бенедикт одлично ја донесе улогата. Приказната не ја раскажувам за тие што не го гледале ама филмот е чиста уметност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom