Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.619
- Поени од реакции
- 59.432
До тука се согласувам со се.Dune не е сериско производство на филм испорачано од магацините на марвел. Значи кога зборам за кадрите со вселенските летала, црвите, за градбите на Аракис, за боите, па дури и комбинацијата на CGI со филмската фотографија, се е совршено вклопено и реалистично, а во исто време грандиозно. Самиот филм ти испорачува неверојатно искуство, исто ко да си на друга планета.
Не зборуваме за dumbing down на филмот, туку за meaningful dialog. Притоа, филмот не мора да е подолг од тоа што беше, бидејќи имаше доволно време да се вметне дијалогот. Наместо Пол да шета сам и да зјапа во пејсажот може да позборува со мајка му или со Данкан, додека уживаат во глетката, на пример. Или она што Линч го направи, нека биде сам ама нека чуеме некои мисли.Да, филмот можеби ја нема потребната експозиција за да просечен авенџерс фан укапира што се дешава, но хеј, ако еден филм те натера, не да ги прочиташ новелите на авторот, туку да земеш да чачкаш lore и backstory на целиот тој универзум тогаш тој филм успеал во својата цел.
Не велам јас дека секој филм мора да биде исполнет со дијалог, ете Блејд Ранер совршено испадна со многу малку текст. Но Dune не треба да биде таков филм затоа што има содржина и многу ликови, за разлика од БР.
Апсолутно не се согласувам со ова.и филмот треба да биде носен од позадината- светот на Dune, не од карактерите и нивната комплексност.
.
.
.
Инаку не го хејтам филмот, едноставно сега дискутираме за делот кој го критикував. Како филм во целина мене ми е во ред, се радувам што направија римејк и што ќе има нови делови, најверојатно. Но еве до сега неколку луѓе кои ги познавам, кои немаа познавање од Dune, имаа проблем да разберат што е што. Фали тој карактер билд ап, фали вовед ако сакате.