Конечно и јас го изгледав, без било какви претходни познавања, освен имињата на куќите и планетата (ова дека 2 пати го имам пуштено филмот на Линч додека го имаше на Netflix, и 2 пати не успеав да стигнам ни до 30 минута). Јас немав проблем со разбирање на целиот универзум, иако верувам дека е тоа многу поупростено разбирање од некој кој ги читал книгите, нормално. Инаку се согласувам со првото мислење на
@Io Sono Interista дека во денешно време скоро сите серии и филмови ги прават вака: in medias res, без да ни направат некој build up. Ама, ете, тука јас немав толкав проблем со разбирање како што имав во (на пример, зашто најтазе ми е гледана таква) Shadow and Bone. Таму човече, до пред крај стигнав на сезоната а уште поим немав кој е кој и што е што. Слично ми беше и со The Witcher. Сега споредбиве може се неумесни зашто сепак тоа се серии, а ова филм, но штом во серија каде дејството може да го развлекуваат во недоглед они се одлучуваат да започнат од нигде никаде, во филм каде се далеку поограничени, сигурно дека ич нема да им смета.
Пробај да го замислиш филмов без никакво познавање од Dune универзумот, и кажи ми како ќе го доживееше тогаш? Како некој што не знае која е жената во црно, и што е со кутијата, ќе си ја објасни сцената?
За жената во црно веднаш сфатив дека е некоја архи-вештерка, или господин господин вештерка, сеедно, ама со кутијата да, не го сфатив филмот.
Инаку, цело време имав впечаток ко да сум го гледал филмов, а тоа е така зашто на некој начин, барем по визуелниот момент, го доживеав како трет дел од трилогијата на Вилнев: Arrival - Blade Runner - Dune. Особено визуелно наликуваше на вториот, но и значително послаб беше. Се согласувам и дека смета отсуството на емоции и дијалози во филмовите на Вилнев, или барем во овие три, но мене тоа не ми смета толку, посебно не во Blade Runner и Dune, зашто го доживеав како природен тек на еволуцијата на човештвото: по десетици илјади години од сега некако нормално ми е луѓето да се отчовечени, да се без емоции, налик роботи, и да ја изгубат потребата од интензивна комуникација (процес кој и ден денес е почнат, со целата оваа технологија, мобилни телефони и компјутери... На Рекорд дури и семафори на земја поставија за да можат тие кои главата не ја креваат од мобилниот да видат дали свети црвено светло, побогу).
И тоа.
Мислам дека доволно беше за Dune, гледам дека веќе сте ја исцрпиле целата дискусија. А излезе интересно филмче кое исто како Dune е кандидат за Оскар, но далеку посериозен, па затоа, од денес го менуваме
The Power of the Dog како филм на тапет. Можете да го најдете и на Netflix. Осеќам дека ќе биде hate it or love it филм, па да видиме импресии.