Добра тема за КОМПЛЕКСИ ЛЕЧЕЊЕ...така ли момци?
Ај сега пријателе да напраиме едно мало ретро на настаните, па да видиме кој лечи комплекси и кој кого дупи у здрав мозок.
- ДПМНЕ го исфрла Иванов за претседателски кандидат, а Груевски свесен дека победата е несигурна без подршката на поголемиот дел од Албанскиот лекторат, почнува преговори со неговиот коалиционен партнер Али Ахмети.
-Ахмети од Тирана изјавува дека подршката од нив ќе дојде, само доколку Груевски даде цврсти гаранции дека неговата партија на следните претседателски избори во 2014-та, ќе подржи кандидат од Албанско етничко потекло.
-После некој ден Керим на прес-конференција изјавува дека по разговорите што ги имал со Груевски и Ахмети, вториот му откажал подршка бидејќи со првиот веќе направил некој друг договор.
-И што е најтрагично, денес ДПМНЕ излегува на прес и вика дека се неосновани
шпекулациите кои деновиве СДСМ се обиде да ги прошири во јавноста дека на следните претседателски избори или на кои било други претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи кандидат за претседател од албанската етничка заедница.
Скратено.
1. Имаме преговори помеѓу ДПМНЕ и ДУИ за подршка.
2. Имаме изјава на Ахмети од Тирана.
3. Имаме изјава на Керим од Скопје.
4. Во меѓувреме немаме никаква изјава од СДСМ.
5. Денес имаме беден прес на ДПМНЕ, и по стариот добар обичај вперување на прстот кон СДСМ, мислејќи дека во ова држава сите се ебени во мозокот, па не може да видат што всушност се случува, и кој со кого преговара или нешто договара.
И ај сеа ти кажи ми на мене, кој овде лечи комплекси, и кој кого дупи ви здрав разум ?