Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
И двата бенда ги имам слушано и преслушано.
И на двата им имам идено на концерт али ништо не ја мења Бет.
без многу мислење +1 Portishead
 
Што бидна со темава? И оваа ли ќе ја снајде иста судбина како тапетите?
 
Што бидна со темава? И оваа ли ќе ја снајде иста судбина како тапетите?
Јок сега ќе смениме.

Нареден дуел АРХАНГЕЛ vs МИЗАР

10363mala.jpg

vs

mizar1.jpg
 
Тежок избор. Што и да одбериш отфрлаш нешто добро. Сепак ќе гласам за Мизар. Барем за мене имаат помрачна музика, нешто што тежнее кон чист дарквејв звук за разлика од Архангел кои баш и не ми се ставаат во чист дарквејв.
 
Ја би за Архангел, зато шо беа еден од првите 3 бендови со кои почнав да слушам рок музика, покрај Нирвана и Редиохед. Уште како пилиштар им ги знаев едно 60 посто сите текстови, барем ги ломотев, зато шо ми беа преслушани на касета. Не дека мизар се слаби или немаат вредност, туку напротив крајно ги почитувам и ги слушам, дури и повеќе од Архангел во последниве неколку години, но ете Архангел некако повеќе ми оставиле врежаност како бенд од детството со кое ми се врзуваат убави спомени.

Знам само дека Златно Жолто кога ќе дојдеше на касетата секогаш ја мотав бидејќи мачнина ми создаваше. Мизар сум ги немал на касети, само на цедејки.
 
Бендот на Sussaro против Мизар. Море, тепаат Сусаровците, макар и во дуел со ѕвездата Мизар.
Се разбира, се работи за надпросечен бенд, на светско ниво. Веројатно се работи за најдобриот бенд на сите времиња во Сончевиот Систем, со тенденција да бидат најдобри и во Кумовата Слама, ако продолжат да ги слушаат искомплексирани тинејџерки кои го менуваат светот додека на одмор пушат трева спремајќи се за следниот час во Лазар Личеноски, образовно - менталната институција.

Ништо како фан база на бенд чија омилена песна е I need a friend (рефренот), преработката од Black токмакот.

За разлика од нив, Мизар ми се понедостапни. Keepers of the Byzantine spirit. Не се за секого, и не се за општо. Онака, специфика чиста. „уа попој“ од 90тите, ама сепак, во корелација со Арангел, I chose Чапоски. D
 
Ја би Мизар. Архангел се едни од најдобрите тука (faќу malколм) али се тралалајки за Мизар. Таа готика, таа даркерска музика, ја би ја споредил на моменти со Dead Can Dance. Текстовите си го наоѓаат местото во тоновите и без разлика во кој состав, они се легенди во македонската музика.

Почесна Стрелба ми е омилена песна од македонски изведувач/и.
 
Мизар.Оти носат ‘потежок‘ звук и лирика, песните генерално им се помрачни од Архангел (тие имале дури и ај ќе кажам поиграчки, повесели песни па и можат секакви деца да ги чујат и да мислат дека се поинакви и кул после тие 2-3 песни) и поради ова им давам предност, не дека не ги поштовам Арангел, напротив.Со фудбалски речник кажано, победа за Мизар со 1:0 во продолжение.
 
Наместо со торжествен тресок,
Светов ќе замолкне во срамен писок:
Nevermore!
Можеби најдобриот стих во било која македонска песна..

Архангел ги слушав многу, ги открив после нивната најпрепознатлива песна- обработката I need a friend... текстовите им се врв и супер сето тоа, ама едно време ги надрастуваш тие песни.. нешто како лед зепелин и дип пурпул... едно време престануваш да бидеш heartcore, барем кај мене.

Мизар ги открив малку подоцна, во последно време ептен ги слушам, нели во комбинација со Анастасија, песните некако ми се посмирени, а и суштината на текствите им е поразлична. Некош на песните ми иди да опнам железен оклоп, да јавнам коњ и да јуришам на Истанбул, а во позадина ми свири Константинопол.:coffee:
 
Инаку имам јас една чудесија, то шо во топ 3 македонски песни, немам ниту една од Архангел. Дури и нема песна од Аранџеле која ја сакам и сметам дека е барем приближно добра колку ова шо че ја постирам, која ми е на место број 3 од македонски изведувачи.
Горниот коментар се однесува онака генерално на бендовите.

 
уф, и оваа недела лесен избор за мене. МИЗАР!!!
уникатни по сите основи. музика, текст, перформанс, пред своето време со векови.
плус, вртев е мизарова школа ;)
 
Да дадам свое мислење на темава еве, се надевам ќе цените што се трудам.

Двете се за нигде, значи има две можни ситуации кај што би пуштил ваква музика: Да слушнам колку е срање; Да покажам на некој колку е срање. Како и да е, мојот глас ќе оди за Мизар. Причината е тоа што иако не ми се свиѓа ова на Мизар, не ми ни префрлува негативни чувства. За разлика од нив, музиката на Архангел ме тера да помислам дека доколку ги слушам, треба да се соберам со уште 5 пријателчиња - љубители на нивната музика, за да бидеме 3 машки и 3 женски. Ќе формирање нова религија, односно ќе станеме секташи, па ќе изнајмиме куќа кај што ќе праиме оргии. Откако секој со некој ќе се опне, обавезно го полива другиот со бензин. Кога чинот ќе заврши, сите ќе запалиме по една цигара и ќе гориме во името на вечната пропаст и заборавот.

Кој ги слуша овие треба сериозно да застане пред огледало, да се погледне и да размисли малце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom