Државна матура

  • Креатор на темата Креатор на темата glufce
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Програмата е усогласена, учебници има но од различни писатели и професорот е тој кој треба да одлучи според кој учебник ќе предава, инаку содржината е иста да се разбереме. Материјалот во испитната програма го имате учено, прочитај погоре.

Не кики, можеби во Скопје, бидејќи неколку години се работи по нова програма. Конкретно кажувам за моето училиште, економското во Битола. Ние сме прва генерација економски асистенти, по ФАРЕ програма (во Битола, да се разбереме, за во другите градови не знам), немаме учебници по НИЕДЕН стручен предмет, професорите или диктираат, или фотокопираме ливче по ливче.
Никој нас не не` спремаше за матурскиот испит, никој не го ни спомнуваше се до годинава. Професорите по предметите што треба да се полагаат велат дека колку толку пробуваат да ја усогласат програмата, но сепак, има многу недостатоци.
Вчера ни рекоа дека кон средината на мај ќе добиеме материјал што треба да го спремаме за полагање и кон крајот на јуни се испитите.
Треба да се почека со државната матура, се додека СИТЕ училишта во Македонија не се усогласат, да работат по ИСТА програма.
И уште еден ОГРОМЕН пропуст - немаме предмет статистика. Какво е тоа економско училиште без предмет статистика?

Дека онаков „штрајк“ не е во ред, не е. Но дека треба да си ги побараме правата, треба. Се разбира, во согласност со сите процедури.
 
Денес во Велес матурантите од сите средни училишта повторно излегоа на протести низ улиците на градот.
Советникот од министерството за образование од Велес испадна пред општина и ни рече дека они не биле надлежни за ова. Требало да одиме во Скојпе пред министерството.
Во понеделник кај 12-13 часот Велешките матуранти идеме во Скопје на штрајк. Се надеваме дека ќе бидеме поддржани и од матуранти од другите градови.

Поздрав
 
Така е!
И Гевгеличани доагаат во понеделник
Веќе се е организирано
 
Deneska i vo Tetovo se strajkuvase. Strajkot bese podrzan i od albanskata populacija i celiot strajk pomina vo najdobar red. So strajk se prodolzuva narednata nedela, a na 1 ce dojdeme vo Skopje
 
Не кики, можеби во Скопје, бидејќи неколку години се работи по нова програма. Конкретно кажувам за моето училиште, економското во Битола. Ние сме прва генерација економски асистенти, по ФАРЕ програма (во Битола, да се разбереме, за во другите градови не знам), немаме учебници по НИЕДЕН стручен предмет, професорите или диктираат, или фотокопираме ливче по ливче.
Никој нас не не` спремаше за матурскиот испит, никој не го ни спомнуваше се до годинава. Професорите по предметите што треба да се полагаат велат дека колку толку пробуваат да ја усогласат програмата, но сепак, има многу недостатоци.
Вчера ни рекоа дека кон средината на мај ќе добиеме материјал што треба да го спремаме за полагање и кон крајот на јуни се испитите.
Треба да се почека со државната матура, се додека СИТЕ училишта во Македонија не се усогласат, да работат по ИСТА програма.
И уште еден ОГРОМЕН пропуст - немаме предмет статистика. Какво е тоа економско училиште без предмет статистика?

Дека онаков „штрајк“ не е во ред, не е. Но дека треба да си ги побараме правата, треба. Се разбира, во согласност со сите процедури.

Имате издадено книга “Математика за матуранти“. Издадена е минатата година само за ВАС (т.е. и за генерација која беше на пилот тестот) ! Купете ја и не чекајте мај ! или фотокопирајте ја, не е забранета !
 
На последната прес-конференција се поправи министерот дека ќе полагате 5 предмета, ОД КОИ САМО 2 СЕ ЕКСТЕРНИ, другите 2 се интерни пред комисија од училиштето, вашите професори. И имате една проектна задача.

Пак немате место за паника, а и + изјавија дека тестовите ЌЕ БИДАТ прилагодени според вашата програма.
 
На тоа се чекаше. Според мене, тоа е доволно. Македонски секој може да положи, ионака 70% од материјалот е од 4та година. Кој не разбира математика, еве му англиски. А ако незнае ни англиски нека оди да се соблекува пред Министерството. Подобро ова отколку приемни. :wink:
да ви кажам за ова и ја сум
ја од почеток сум викал дека нема да ни ја укинат матурата али ако можеме да издејствуваме помалку за полагање
 
Значи консолидирајте се, разгледајте што сакате и така дејствувјате, иако мислам дека веќе добивте тестови по ваша програма, т.е. ќе добиете во Ноември и Јуни.

Мислам дека масовниот протест во Скопје нема да се одржи, исто како минатата година :baeh: :helou: , добивте што сакате.
 
Жалам што сте засплепени од желбата за деградирање на репутацијата на средните училишта и Владата и, покрај тоа што ви ги отвораат очите и овде на форумов и во медиумите кои пренесуваат изјави од Министерстовто. :(
 
Матурата треба да се воведе од наредната година. Ние сме последна генерација матуранти што учиме по старата програма и треба да си го завршиме средното училиште со истите срања како што завршуваа генерациите пред нас.
 
Да де....

Ај кажи ми што е разликата помеѓу вашата програма од пред 4 години и оваа во која јас учам сеа?
 
Дефинитивно треба да има матура.

Да се види на крај дали некој знај нешто или не. И истата треба да биди спроведена од луѓе настрана од средното во кое учеле тие што полагаат. Причината поради која мислам дека е ова правилно е една, а тоа е дека многу од оцените се подароци. Исто така има многу голема разлика во квалитет помеѓу различни средни училишта. Не мислам на училишта со различни области туку пример помеѓу две гимназии.

плус: исто така сметам дека треба да се вратат приемните испити. Со тоа ќе се спречи било кој да успее да се запиши. Можеби на многумина од сегашните матуранти ова не им се допаѓа ама сепак е во нивна корист затоа што ако ги бива ќе успеат да се запишат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom