Државна матура

  • Креатор на темата Креатор на темата glufce
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Елате на овој грчки фашистички овој форум.Тука се пишуваат гнасотии за нас потомците на Александар.Има и домашни предавници.Да удриме браќа!!!!:

http://www.macedoniaontheweb.com/forum/free-speech-macedonia-forum/

Можно е да си ја промашил темата, имаш политика, таму пирпаѓа. Мене ме банираа, ама не одам со друг ник. Веќе не ми е интересно.
 
Денес во Велес имаше протести од сите средни училишта, утре во 10 часот продолжуваме пак.
Нешто се зборуваше да одиме во Скопје, да се собереме од цела Македонија. Договорете се и вие што се од другите градови и идеме во Скопје на масовен протест пред министерството. Но секако, без јајца и такви срања.

Јас ви предлагам легален пат во секој мој пост ! Но вие игнорирате. Жалам. Протестите се крајноста... но вие си знаете, големи сте :)
 
Ти беше таму присутен кога даваше изјава ученикот или само од рекла-казала зборуваш?
Рече дека ќе продолжиме со штрајк и во текот на наредните денови доколку не ни ги исполнат барањата од Министерство.
Договорено е утре во 8 часот сите да бидат на плоштадот (или на центаро, по Струмички :))
Ученици од гимназијата разговарале со градоначалникот и се согласил да помогне доколку ги напишеме тие барања и контрадикторности што се јавуваат при полагање. Ама им рекол дека додека не го изработиме тоа треба да следиме настава, па тек ако не ни го одобрат имаме право да штрајкуваме, а вака само лутаме по улици без цел. И се согласувам со тоа.
И утре сигурно ќе биде хаос, зашто има поделени мислења и меѓу учениците.

Точно е. И утре ќе биде хаос.

Да се навратам сега зашто ЈАС денеска излегов на штрајк(или како веќе и да го нарекувате). Не беше поради тоа што ќе губам часови или дека не ми се седеше на школо, едноставно излегов против матурата. Поточно брзањето со таа фамозна матура.
1. Никој точно не знае колку предмети ќе се полагаат
2. Никој не ни кажал дали има разлика ако се одбере англиски или математика
3. Никој не ни кажал со колку бодови(проценти) се поминува матурата
4. Во испитот по македонски има да се напише покана и CV(јас барем до сега во моето образование не сум имал никогаш задача да напишам нешто од горенаведеното)
5. Дали ќе има гаранција дека после нема да има приемни испити?

Ако ова не се доволни аргументи за да се одложи матурата, тогаш некој е глуп. Или ние учениците или тие што се власт, трето нема.
 
Не дечки грешите.... ние сме глупиот народ... ние сме глупите адолесценти... државата си знае што си "прави"... они ја знаат цела програма и ќе средат работа......
Неможеле во тек на 2 години да средат па сега и тоа набрзина ќе ми средат, идете бе стрижете овции.....
 
Јас ви предлагам легален пат во секој мој пост ! Но вие игнорирате. Жалам. Протестите се крајноста... но вие си знаете, големи сте :)
Се убаво од твоја страна.
Пишуваш за легален пат. А легално ли е што четирите предмети кои што се во контекст на државната матура ни ги поделија професорите и директорката по нивни избор, не по наш? Затоа што некои од професорите ќе немале доволен фонд на часеви и ќе требало да зимаат помалку плата. Тоа си е нивни проблем. Не е наш.
И сега голем број од учениците учат предмети што ни најмалце не им се на душа и не им се потребни за на факултет.
 
Изјава на А1 од Министерсвтото, не цитирам :) : Ќе полагате 2 предмета наместо 5 како што велите ! Ќе имате пробна матура во Ноемеври, со што ќе се запознаете како ќе биде кога ќе полагате ! Тестовите ќе ви бидат лесни како што беа на Генерацијата пред Вас ! А до тогаш иматеинтернет и најдете ги тестовите од претходната година !
Материјалот е обемен, ДА, но ќе видите што има на тестовите.
 
Абе матуранти СЕ ШТО ЛЕТА НЕ СЕ ЈАДЕ !!!!
Од рекла казала муабети и 10 предмети ќе полагате и како што дадоа заклучок во претходните постови и јас ќе го кажам истото
ВАС НЕ ВИ СЕ ОДЕ НА ШКОЛО па ќе "протестираме" а за што ??? за нешто што во цел свет функционира. Па дајте ве молам 3 години се знае за таа матура и вие сега не сте информирани ??? прикаски за мали деца....
 
3 години се знае, викаш? Еднаш откажана, другпат променет принцип, трет пат не знам што. Или само ќе си правиме експерименти. Вака било во Европа, онака било.. Колку време се спремала таа матура таму како концепт, а колку кај нас? Колку тие ја менувале својата програма, колку ние? Те по Фаре било, те по маре било, те реформирано било, те рамковно било... Браво за сите одговорни во образованието. Успеаја да режираат многу добра грчка трагедија. Ние матурантите сме во главната улога, а сите знаеме каков крај имаат грчките трагедии.
 
Преку таквото више!
Не можам да се замарам повеќе. Имаат право неколку од постарите членови овде - целата поента е да се губат часови. Или... Една добра претпоставка која и те како држи вода - дека не користи некој за да праи немири и за политички да постигне некоја „повисока цел“.
Утре во 9 не идам нигде, евентуално да јадам ако сум гладна или да се донаспијам ако ми се спие!
Не мислам да сум дел од срамната лакрдија која ја видов сабајлево и која знам дека пак ќе се деси утре!
 
Се убаво од твоја страна.
Пишуваш за легален пат. А легално ли е што четирите предмети кои што се во контекст на државната матура ни ги поделија професорите и директорката по нивни избор, не по наш? Затоа што некои од професорите ќе немале доволен фонд на часеви и ќе требало да зимаат помалку плата. Тоа си е нивни проблем. Не е наш.
И сега голем број од учениците учат предмети што ни најмалце не им се на душа и не им се потребни за на факултет.

za ova si potpolno vo pravo, ama treba ova da mu se kaze na ministerot. eve kako drzavjanin na mk ministerot ili nekoj odgovoren tamu e dolzen da te primi i soslusa. odi zakazi sostanok i kazi go toa!! togas ke mora naso da prevzemat pa ke vidime so!

p.s. sorry so malce izbegav od temata!!

nazad na temata!
za toa kako da se protestira mislam denes bilo za sramota. abe ko u sreden vek da sme pa udri po vlasta so jajca i patlidzani. mislam stvarno nema smisla. daj utre koa ke se ide (ako uste ide nekoj) malce po civilizirano ponasanje. kolku so znam ova e miren protest a frlanjeto po drzavni institucii so predmeti ne e bas mirno.

i dodatok:
od luge so bile na protestot (za toj vo skopje zboram) doznav deka dvajcata privedeni ne bile privedeni za bilo sto, tuku so pricina. tie dvajca pametnjakovici frlale KAMENJA na policijata. mislam deka zasluzile toa so go dobile (razbrav i deka kotek ladele dodeka gi vleckale nakaj kombeto)
 
два предмети? на нас(економски) цело време ни јадат бурек дека ќе полагаме македонски, англиски(изборен) и еден изборен економски предмет, јас избрав економија.
тоа два предмета да не важи за општата или???
walker girl, тоа е инфо. од прва рака :) а тоа шо кажал ти со викаш, може е друг, не интервјуирале еден ученик од сите тие...
 
Изјава на А1 од Министерсвтото, не цитирам :) : Ќе полагате 2 предмета наместо 5 како што велите ! Ќе имате пробна матура во Ноемеври, со што ќе се запознаете како ќе биде кога ќе полагате ! Тестовите ќе ви бидат лесни како што беа на Генерацијата пред Вас ! А до тогаш иматеинтернет и најдете ги тестовите од претходната година !
Материјалот е обемен, ДА, но ќе видите што има на тестовите.

На тоа се чекаше. Според мене, тоа е доволно. Македонски секој може да положи, ионака 70% од материјалот е од 4та година. Кој не разбира математика, еве му англиски. А ако незнае ни англиски нека оди да се соблекува пред Министерството. Подобро ова отколку приемни. :wink:
 
Изјава на А1 од Министерсвтото, не цитирам :) : Ќе полагате 2 предмета наместо 5 како што велите ! Ќе имате пробна матура во Ноемеври, со што ќе се запознаете како ќе биде кога ќе полагате ! Тестовите ќе ви бидат лесни како што беа на Генерацијата пред Вас ! А до тогаш иматеинтернет и најдете ги тестовите од претходната година !
Материјалот е обемен, ДА, но ќе видите што има на тестовите.

Денес му го викаме ова на директорот и тој ни вика дека од министерство збореле само за екстерните, а не ги спомнале двата интерни и матурската тема, што е исто така интерна... Кој знае што ќе испадне више, денес ја си отидов одма, јес да кога им се појавија тие „желките„ со пендреци никој не ни помисли да фрли јајце... Иначе кај нас у Орце имаше иницијатива да не идеме на штрајк туку асално да се договорат претставници од школите кои ни се барањата, али јебига, се е до губење часови:toe:
 
Луѓе не бива вака, неаме ама баш никакви информации за тоа што ќе полагаме и како ќе биде....
Кај мене(компјутерска техника) викаат дека требало да се полага 4 предмета, и тоа македонски(усмено, писмено), математика или англиски, потоа физика или историја, еден стручен предмет и плус како капаче на се требало да се направи проектна задача што ќе докаже дека се разбираме во тоа и што мора да ја презентираме, исто така се викаше дека ќе се полага само македонски, математика или англиски, стурчен и тоа проектната задача... значи ништо не знаеме ние... се се ова само дезинформации... ништо не ни е сигурно... не третираат ко мали деца од 5 години, па не ни кажуваат што ќе е како ќе е... па преку тасета ми е веќе вака... не бива ама баш ич.... Јес да во европа има такви матурски испити, ама како ги поставиле тоа е знак прашање.... ги поставија на оние што се по новата програма а не тука ние водиме експеримент се водиме по стара програма а ќе полагаме матурски испит со нова програма... тоа е неможно ни под разно!!! само ќе не пропаднат ко генерација, што е најлошо повеќето од нас ќе паднат, а со тоа губиме една година... а за таа година што се може да се деси... мислам ова буквално не е фер....

АПЕЛ: Државо мила моја слатка, не сме мали деца па да не фрлате каде сакате, дајте средете ги работите и кажете ни ЈАВНО што ќе се полага и како и кога!

Дајте имајте барем мала одговорност кон нас... Оти ако немате, вие ќе страдате верувајте.... НИЕ СМЕ ВАШАТА ИНДИНА!!! Ако не вложите во нас и вие пропаѓате со нас.... Вие ќе губите многу повеќе од нас, верувајте.... ОПАМЕТЕТЕ СЕ, И ПРЕЗЕМЕТЕ ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОТИ ОВА НИКАДЕ НЕ ВОДИ!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom