Државна матура

Статус
Затворена за нови мислења.

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Да, и јас бев таму, си отидов кога се усрамив зашто бев дел од таа багра што фрлаа и си ги пкажуваа пред камерите (да, еден дечко се соблече пред Министерството што беше проследено со аплауз од неговите другари).
Не сакав да одам како репставник од Корчагин зашто ми беше одвратна целата збрка! Да - да се протестира е многу океј, ама има и подобри начини од тоа што го направивме прееска!
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
А шо па ако знат тие од прва шо ќе се запишат? Демек да знат сериозно да си ја сфтатат работата? Сега дека вие не знаевте си игравте курташак 4 години и не треба да полагате?

Полагањето е формалност, ти ако си завршил 4 година сигурно ќе положиш. Само финтата е шо ќе се соочиш со реалноста на твоето „знаење“ и прашање е дали ќе ја имаш истата оценка.

А ова шо слушам за протестите, крајно нецивилизирано. Нема никаква логичка основа протестот, колку да се избега од училиште и да се покаже кој е поголем идиот (за тие шо фрлаа). За шо протестирате вие? Оти не ви се реални оценките?
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
A1 напиша:
Оваа година ќе се полагаат два испита, мајчин јазик и втор изборен предмет, во зависност на кој факултет ќе аплицира матурантот. Предвидено е понатаму да бидат постепено воведени четири испити, кои ќе се полагаат во Матурскиот испитен центар и во училиштето.
........ се буните за два ебани предмети? Два предмети, од кои првиот ако не го знаете, не ни заслужувате да живеете, а не па да учите во Македонија? Тешко на тие од вас што ќе се запишат на факултет, и тешко на нивните родители.. ќе студираат по 10 години, чим не можат да положат два основни испити.

Срамота.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
........ се буните за два ебани предмети? Два предмети, од кои првиот ако не го знаете, не ни заслужувате да живеете, а не па да учите во Македонија? Тешко на тие од вас што ќе се запишат на факултет, и тешко на нивните родители.. ќе студираат по 10 години, чим не можат да положат два основни испити.

Срамота.
Да бе јас стварно незнам шо се буните. Македонски треба да напишите еден состав смрден од 4-5 страни, ако е логичен и е на македонски не постои шанса да не положите. Математика кој незнај, англиски нека одбери, а ако незнај англиски за да положи слободно нека се самоубие. Други и да има предмети се по ваш избор, па сигурно секој има нешто шо го интересира .
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Прашање до оние кои присуствуваа на протестите:
- Оние што фрлале јајца, шишња, камења, си правеле очајна реклама за работа во стриптиз бар или во некоја продукциска куќа за порн. филмови, се некои што ќе одат на факултет ?! Дали тие освен физичко имаат по некој предмет повисока оценка ? Што бараат тие на протести, или само да не се оди на настава, а се мамини и татини галеничиња ?
Се срамите од нив, не ви трабаат освен ако не може неокој да им се спротивстави или па ви требаат за бројност ? Тие сигурно немаат одбрано да учат изборни предмети и да одат на факултет.

?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Да бе јас стварно незнам шо се буните. Македонски треба да напишите еден состав смрден од 4-5 страни, ако е логичен и е на македонски не постои шанса да не положите. Математика кој незнај, англиски нека одбери, а ако незнај англиски за да положи слободно нека се самоубие. Други и да има предмети се по ваш избор, па сигурно секој има нешто шо го интересира .
Мислам дека на погрешно место ја практикуваат: “Не виделе, а веруваат“ :) Имате интернeт и по 213213013210323103210 пат кажувам и веќе почнувам да се нервирам, најдете ги тестовите и видете што е, не само да се крева галама !

П.С. Синдикат ова не е за тебе :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Не ми пречи премногу ако се полага ама сепак мислам дека прво во Министерството треба да имаа појасна слика како ќе изгледа матурата и кој ќе бидат критериумите за упис на факс.Мислам дека уште немаат ни самите целосно разјаснето.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Пред 2год, кога беше пробна матура...кај мене у школо од 250ученици, македонски положија само 7%!
Може да замислите кога ке се полага македонски + англиски/мат+ изборен.

али незнам што сте се уфилмале...ако не ја положите матурата чабе ке идете на фалкутет (кога и таму ништо нема да положите)-зборам ако нема матура
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Бруки нашите идни академски граѓани глеав на вестиве и падав во кома..па она ли е ШТРАЈКТ бре алооо свестете се ... и накрај како што кажаа ќе се полагало Македонски + уште еден
на пр. за правниците Уставно уредување
за економисти Економика на Р М
за Природните науки една од науките ... и децава се бунтуваат за џабе
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Јас не знам што толку се паничите околу таа државна матура. Беше најавена уште пред шест години кога јас се запишав во средно. Таа генерација започна по новата програма, ама не успеа да заврши со државна матура. Затоа сите муабети дека не може да се полага државна матура бидејќи не била реализирана новата наставна програма нека престанат. Даваа и брошура во која беше се појаснето.

Неколку причини за промени во наставниот план:
-не се прави разлика помеѓу матурски и завршен испит.
-учениците кои покажале одличен успех во сите 4 години се ослободуваат од завршен испит а нивниот број од година во година се повеќе се зголемува.
-нема утврдено стандарди како основен услов за вклучување на студии.

Со матурскиот испит треба да се заменат приемните и диференцијалните испити за запишување на студии. За да се постигне оваа цел при изборот на содржините на матурските предмети ќе земат учество соодветните факултети и институти со што ќе се воспостави соработка помеѓу универзитетите, средните училишта и учениците.

Матурскиот испит задолжително ги опфаќа предметите
-македонски јазик и литература ( за националностите албански, турски и српски јазик и литература ).
-првот странски јазик или математика ( по избор на ученикот )

Учениците имаат право да изберат самостојно уште два наставни предмети. Изборот може да го направат од предметите што ги изучувале во изборното подрачје. Втора опција е да изберат еден од изборното подрачје и уште еден од задолжителните предмети предвидени за матура.
Се цитирав самата за да докажам дека оваа програма и државна матура се подготвува од 2001.
Прво, никој не бара да се укине матурата, освен оние кои знаат дека нема да положат.
Второ, ние само бараме конкретни информации на време, за да можеме на време да се припремаме. А не секој втор ти вели, епа мене ми кажаа... и на крај ти вели епа незнам јас и крева рамена. Одам го прaшувам професорот за проектната задача, бидејќи треба да се почне со неа, а он ми вели, чекај уште не е сигурно. Ќе почекаме ние, нема проблем.
Трето, ниедна гимназија не штрајкуваше. Штрајкуваа (и сеуште сакаат) само оние од стручните школи, бидејќи не се по иста програма што е предвидена со матурата.

А вие шо мрчите, само продолжете, вашето заврши и сега нормално некој мора да соли памет.
Не солиме памет кажуваме само факти. И нашето не беше лесно како што некои си мислат.
Нека полагаме, слободно. Немам ништо против полагањето матура. Така ќе се види кој добивал заслужени оценки.
НО! Програмата не е усогласена, немаме учебници и го немаме учено материјалот што е во испитната програма. Појасно е сега?
Програмата е усогласена, учебници има но од различни писатели и професорот е тој кој треба да одлучи според кој учебник ќе предава, инаку содржината е иста да се разбереме. Материјалот во испитната програма го имате учено, прочитај погоре.
Да, и јас бев таму, си отидов кога се усрамив зашто бев дел од таа багра што фрлаа и си ги пкажуваа пред камерите (да, еден дечко се соблече пред Министерството што беше проследено со аплауз од неговите другари).
Не сакав да одам како репставник од Корчагин зашто ми беше одвратна целата збрка! Да - да се протестира е многу океј, ама има и подобри начини од тоа што го направивме прееска!
Не се протестира на тој начин. Баш во тој период бев низ центар тоа и тоа личеше на се освен на штрајк.
Бруки нашите идни академски граѓани глеав на вестиве и падав во кома..па она ли е ШТРАЈКТ бре алооо свестете се ... и накрај како што кажаа ќе се полагало Македонски + уште еден
на пр. за правниците Уставно уредување
за економисти Економика на Р М
за Природните науки една од науките ... и децава се бунтуваат за џабе
Сето тоа се само примери дека некои до крајот на својот живот ќе се обидуваат да бидат академски граѓани. И аман веќе нека го сфатат ова затоа што секогаш било така.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
И јас да прашам нешто: дали има значење тоа дали ќе полагам англиски или математика во однос со факултетот на кој планирам да се запишам?
На пример: планирам запишам на електро или на ПМФ и сега дали има врска тоа дали сум полагал англиски или математика? Некои викаат не е битно, некои викаат за ПМФ или електро мораш математика ...
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Мислам дека можеш. Али ти ако си од гимназија, и сакаш да одиш на ПМФ и во 3та си одбрал природно математичко А, каде што имаш 9часа неделно математика...сигурно дека на матура ке одбереш математика.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
........ се буните за два ебани предмети? Два предмети, од кои првиот ако не го знаете, не ни заслужувате да живеете, а не па да учите во Македонија? Тешко на тие од вас што ќе се запишат на факултет, и тешко на нивните родители.. ќе студираат по 10 години, чим не можат да положат два основни испити.

Срамота.
Ти викаш дека се два предмета затоа што така напишал членот што го цитираше. Јас лани пред крај на година бев на совет со професори и една типка која дојде да ја претстави матурата, како и што ќе биде. До тогаш знаевме дека ќе бидат тие двата екстерни испити за македонски и англиски или математика. Жената не информираше дека всушност покрај тие два предмета ќе има изработка на матурска тема која треба да е готова до мај и да се брани и плус два изборни предмета, а пошто пола од предметите ги учиме една година, нема некој голем избор! Сеа на почеток на година едни зборат ќе ги нема двата изборни, едни ќе ги има, а никој официјално не рекол ништо како вистински ќе биде. Знае некој што вистински ќе се полага од сигурен извор? Не! Епа како да не се буниме бе, да чекам крај година и да ми речат ајде бирај одма предмети пошто решено е да се полагаат?... Сите што сте прочле викате сте знаеле пред сто години за матура, па зошто тогаш ниедна генерација пред нас не полагаше и сите штрајкуваа и се бунеа, а лани сите се радуваа што не полагаат...
А тоа што беше денес е посебна приказна во која десет кретени маваа со јајца(и по некој портокал), се дереа и понашаа ко животни. Бај д веј се збори дека утре у 9 саат ќе се собирале пак пред министерство...ако биде како денес, срамота е што такви ни се средношколците што догодина ќе се запишуваат на факултети, друго не знам што да кажам...
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
........ се буните за два ебани предмети? Два предмети, од кои првиот ако не го знаете, не ни заслужувате да живеете, а не па да учите во Македонија? Тешко на тие од вас што ќе се запишат на факултет, и тешко на нивните родители.. ќе студираат по 10 години, чим не можат да положат два основни испити.

Срамота.
E ајде де....трчаат ко прлиња пред магариња, пуштаат муабети ќе имало 5предмети па ќе протестираат....што сакате да докажете бе? Дека оценките ви се на „стара слава„ дека уствари сте „дупки„ во полето на образованието....ај барем со државната матура ќе се расчисти малце по државните факултети

Ти викаш дека се два предмета затоа што така напишал членот што го цитираше
ова не е напишано од ЧЛЕН од форумот...кажано е на вестите на А1 од лице од МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
" Знаат. "

Кур. Јас осмо кога бев што сум постар една година кажуваа дека нашата генерација ќе биде за матура. Реформите беа спори и не бидна. И вие ќе имате олеснувања оваа година. Доста пиштите. Што сакате друго аман? Тоа е матура - тука и сегде во светот! Нема посебни часови за Полесно Полагање Матура- Матурирање во десет лесни чекори. Зошто да учите сега ПАК ШТО ТРЕБА ЗА ПОЛАГАЊЕ(кој резон?) кога наводно сте учеле се и сте биле оценувани 4 пати годишно минумум по секој предмет?

Кажуваа? Сите креваа рамења баш како што опиша дотичната.
Патем одговорот го имаш и во нејзиниот пост.

Ако сакаат матура треба убаво да ја спремат и да речат тие што сега се запишуваат во прва ќе полагаат матура и точка, а не они рекоа па после сто години не беше спремна матурата, па штрајкови и на крај ништо не испаѓа никогаш... Сите не тапшаа по рамо со тоа „Гајле ви е бе, нема да полагате!„ и оп, пред три месеца ни викаат сто посто има матура... Ако продолжат секоја година на тие од трета да им зборат за матурата, нема никогаш да им испадне работата, треба да им кажат на тие од прва дека сигурно ќе полагаат, за да се спремаат од почеток и да не можат да се вадат како нас и тие пред нас дека не биле упатени со сигурност...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom