Државна матура (Англиски јазик)

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
За разлика,од другите години и констатациите на тие шо полагале матура пред нас,мислам дека оваа година матурата по англиски јазик,беше на повисок степен од претходните години.Како за пример,имаше доста двосмислени прашања,текстот беше на повисоко ниво.Јас лично,заборавив на писмото да напишам dear...али па адреса имав,тоа не е толку битно..важно

Мој заклучок е дека МАТУРАТА НЕ Е МЕРИЛО НА ЗНАЕЊЕ !
 
И јас за ајвар.Иначе требаше ние да бидеме Били Браун.
Пишав до Били, ваљда нема многу поени да ми скинат ради тоа... =/

Иначе да, тој е редоследот, ЦДБАЕ.
 
Јас напишав за иконата на Holy Mother of God и Baby Jesus алудирајќи на "двојната литиска икона "Богородица Психосострија" (Душеспасителка) со композициите "Благовештение" од спротивна страна и "Христос Психосостис" (Душеспасител) со "Распетие" од другата страна, кои им припаѓаат на цариградските уметнички работилници од XIV век." Значи целиов овој текст го преведив со Holy Mother of God and Baby Jesus, напишав дека е во византиски стил и дека е изработена X век. Ваљда некој нема да го истражува сето тоа.

За писмото, требеше 2 IMPORTANT events, јас напишав дека по отсуството на некој си Боб кој заминал во Њукасл јас и моите другари сме биле на плажа, сме се забавувале и запознале нови пријатели, како прв "важен настан", а како второ вечерта сме излегле со девојчињата што сме ги запознале на плажата. И П.С. When do you return? Best regards, Billy Brown.

Е сега едно прашање дали моиве настани можат по некојси критериум да влезат во ВАЖНИ настани, бидејќи така стоеше во задачата. И ако не, колку поени би изгубил на тоа?
 
Tи требаше да бидиш Billy, пошо пишуваше на листот, SIGN yourself така нешто...

--- надополнето ---

Него, колку души пишувавте за Охридско езеро? :icon_lol:
хаха ја го спомнав Охридско езеро и сигурно уште 7-8 души што беа со мене. =)
Инаку беше потежок тестот од претходните години тоа сигурно, барем јас што ги разгледав на нет претходните беа боза.
Посебно оној текст за ѕвездите колку ми беше туп сигурно 5 пати го препрочитав.
Единствено писмото беше лесно за пишување.
Се‘ на се НЕ сум задоволна.
 
Јас па пишував за градот Охрид. Го спомнав и езерото и другите убавини :S Може така?
 
ја за есеј пишував за ајвар :party3:

иначе да тестот беше доста потежок од они што беа минатите години каде каде
пошто од понудени 4одговора 1 е точен ама од тие 4 - три одговараат и може да бидат точни и затоа морав по 2-3 пати да ги читам текстовите
за на крај пак да утнеш :pos:
 
Јас па пишував за градот Охрид. Го спомнав и езерото и другите убавини :S Може така?

Добро, нели пишуваше THING, т.е. нешто, предмет, па според тоа не би требало цели градови и споменици/цркви да се опишуваат. Барам јас така го сфатив.
 
За разлика,од другите години и констатациите на тие шо полагале матура пред нас,мислам дека оваа година матурата по англиски јазик,беше на повисок степен од претходните години.Како за пример,имаше доста двосмислени прашања,текстот беше на повисоко ниво.Јас лично,заборавив на писмото да напишам dear...али па адреса имав,тоа не е толку битно..важно

Мој заклучок е дека МАТУРАТА НЕ Е МЕРИЛО НА ЗНАЕЊЕ !
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: Се согласувам!
Кај нас во Арсени Јовков во македонските паралелки не смеевме да го кренеме погледот од тестот, а во албанските паралелки дива лига!
Многу неправди!!!
И да! Имаше премногу двосмилени прашања, што и да заокружиш делува логично...
Катастрофа!
Иначе за есејот јас пишував за пастрмајлија и прилично сум задоволна, исто и од писмото..ама со двосмислениве прашања стварно не знам што ќе се прави АААААААААААААА
 
Се знаеше дека ќе биде потежок, ланскиот за разлика од пред тој беше 2 пати потежок, иначе есејот ви бил лесен немојте да се жалите, ајт :)

--- надополнето ---

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: Се согласувам!
Кај нас во Арсени Јовков во македонските паралелки не смеевме да го кренеме погледот од тестот, а во албанските паралелки дива лига!
Многу неправди!!!

И да! Имаше премногу двосмилени прашања, што и да заокружиш делува логично...
Катастрофа!
Иначе за есејот јас пишував за пастрмајлија и прилично сум задоволна, исто и од писмото..ама со двосмислениве прашања стварно не знам што ќе се прави АААААААААААААА

Ајде бе ти си многу паметна, 4 години си учела вредно и поштено, нема да имаш проблем за 5ка
 
Се согласувам со тоа дека Матурата не е мерило на знаење од проста причина што немаше ни грам граматика, а 90% од прашањата можеа комотно да имаат по 2 или повеќе одговори. КОМОТНО. Разочаран сум од тестов комплетно, се гледа дека ум немаат тие што го правеле или никогаш не работеле во просвета.
 
Поштовани публикуме!

Јас лани полагав матура, како и сите ние заморчињата на македонското образование кое е сила и сок. Освен тоа што сме експериментални глувци на секој министер, не треба да се секираме за ништо друго. Во врска со фамозните „два реда меѓу параграфи“ и „дали да ја пишам адресата лево или десно“ и „ треба ли адреса на примач да се пише“, не се замарајте. Во самите учебници по англиски (оние што оделе на курс ќе се согласат), различно е. На едно место има ставено адреса, на друго нема. Така што - секако ќе ви се признае. Сполај ви и ви посакувам да ве чува некој професор од Коце Металец. Само тоа кој те чува е релевантен фактор за тоа како ќе ја положиш матурата.

Офтопик:
Преголема сила. Па додуша да- најголема е силата на глупоста.
Сега откако завршив со екстерните предмети го сфаќам постот.
-------

Една работа што многу ме изненади, некои деца што не се толку добри англиски од мое школо побрзо ги предадоа листовите и супер одговори дале. Дури не им бил ни тежок тестот. Се прашувам зарем е можно да се пробиени и оваа година?
 
Се согласувам со тоа дека Матурата не е мерило на знаење од проста причина што немаше ни грам граматика, а 90% од прашањата можеа комотно да имаат по 2 или повеќе одговори. КОМОТНО. Разочаран сум од тестов комплетно, се гледа дека ум немаат тие што го правеле или никогаш не работеле во просвета.
Ај образложи го ова ако може зашто прашањата се за сите исти така да тоа ти паѓа во вода....
 
Ај образложи го ова ако може зашто прашањата се за сите исти така да тоа ти паѓа во вода....

Бате, цел живот се откостив граматика учење, за сега да ми дојди аматерски тест кој не е ТЕЖОК, туку треба по логика да му одиш да му влезиш во умот на тој шо го праел, за да одбериш најлогички одговор. Немам страв од тежина, имам страв од нејасно поставена релација прашање - одговор.

Второ, 50% по мобилен му ги пишаја есеите и сличните тракатанци, луѓе кои цел живот препишувале од кај мене за една 2ка и сега ќе бидат пред мене. Тоа е.
 
ја за есеј пишував за ајвар :party3:

иначе да тестот беше доста потежок од они што беа минатите години каде каде
пошто од понудени 4одговора 1 е точен ама од тие 4 - три одговараат и може да бидат точни и затоа морав по 2-3 пати да ги читам текстовите
за на крај пак да утнеш :pos:
I jas za ajvar lele polno dusi znam za ajvar so pisea a i za ohridsko ezereo
 
Ај образложи го ова ако може зашто прашањата се за сите исти така да тоа ти паѓа во вода....

не се заебавај и самиот знаеш што се случува на тестирањава

скоро сите препишуваат
и сите поминуваат матура ?!?
ајде бе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom