Државата да гради фабрики

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Додека бев мал,си викав - леле ама се глупи овие во влада,место да земат тоа фабрикиве што прават профит да наполнат буџет.Они све приватизираат.Арно ама кога гледам тутунари и стечајци јасно ми е зошто секоја влада избегнува да има фабрики или предпријатија во нивна сопственост (државна мислам).Ако работиш во некоја приватна фирма (како мене) и ти намалат плата - никому ништо (секако ќе се буниш,ама пак ќе мислиш на фирмата) додека ако работиш во државна фирма одма иде она - Доле ВЛАДА !!!.Сега сваќам зошто ниедна влада не сака да има многу-многу фирми под државна капа.
Епа нормално, на нашиот народ му е испран мозокот од политички пропаганди и секогаш кога имаат некој проблем државата им е крива и она треба да им води сметка за се. Еве чист пример, пред некој ден идам во ЕВН Македонија ( во Струмица тука ) да платам струја и стои пред мене еден тип и се расправа со таа на шалтер дека му ставиле 5 денари камата затоа што еден ден закаснел да ја плати сметката. И оваа му вика "Господине ова не е камата, ова е надоместок за хартијата и печатењето на сметката". И овој одма "Апашка држава!!!" Со такви испрани мозоци кај ќе стигнеме незнам. За секој проблем одма државата е крива.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Веќе размислувам имињата на транспарентите : владата да ги тргне платените тролови од Кајгана форум ...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ниедна фабрика што мења директор/сопственик и вработени секои 4 години нема да опстане.
Газда на фирмата ќе биде државата, а со управувачката политика ќе раководи некоја реномирана (читај:странска) менаџерска компанија.
На тој начин нема да се дозволи партиски тролови да допарат до фабриката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Газда на фирмата ќе биде државата, а со управувачката политика ќе раководи некоја реномирана (читај:странска) менаџерска компанија.
На тој начин нема да се дозволи партиски тролови да допарат до фабриката.
Ова значи државата односно граѓанството да дава пари за некоја "реномирана странска фирма" да го влече надвор кајмакот. Па тоа го има и досега во разни облици, само што државата не гради фабрики...ради негативните искуства од Свидмилк, битолска шеќерана, охис, емо, тут. ком. прилеп, телекомот... Зашто се подвлекува во овој контекст поимот "реномирана странска фирма" не знам. Што значи реномирано во економијата (каде постои борба за што поголем профит).
Нека прави поврат на ддв без инспекција, нека намали вработувањата во државни фирми (сеуште се вработуваат), нека ослободи фирми од давачки како радиодифузна и фирмарина и таќе натаќе...нека дозволи фирмите да дишат и да има што да вложат во својот развој.
Не треба фабрики од држава уште од миљон причини.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Профитот оди кај државата, а управувачката политика ја води менаџерска компанија.
Што не ти е јасно?

Во основа не е ни битно каде оди профитот сите добро знаеме дека парите немаат мирис.

Битното е што во овој проект ќе се вработат стотина наши инжињери.
Ќе се направи здрава база и сериозен исчекор во создавањето на економија базирана на знаење.

Ако создадеш ваков бренд во Македонија многу полесно ќе привлечеш странски инвеститори.

Оваа компанија индиректно ќе вработува илјадници луѓе од фирмите кооперанти, што не е мала работа.

100 милиони евра им се даваат на земјоделцине што ти блокираат патишта
40 милиони евра се даваат за компјутери за македонските средношколци да играат Фарма
1 милјарда и 200 милиони евра се даваат за македонските административци што те зезаат на шалтер


Имаш статистика, еден програмер или инжињер во хај-тек фирма е попродуктивен од 10 илјади земјоделци.

Ако во техноголија не вреди да се инвестира тогаш не знам кај вреди.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Зашто државата постоечките фирми не ги стави во позитива? Ги споменав дел -Охис, Тутунски Прилеп, Емо...
Профит само во држава не оди, менаџерите ќе го земат поголемиот дел, а според искуствата со швеѓаните, нема такво нешто као реномирана фирма...постои само цел-што повеќе профит....и крадење, дури и од шведската влада.
Кој е тој бизнис каде ќе се вработат 100 машински инжењери? И дали знаеш која големина би била таква фирма со 100 машинци?

Па и железница, што све немаше нашиот државен апарат под негово...ама се некако шљанкаво, почнувајќи од раководителите по институциите кои барем половината и повеќе се...

Еве ти одговори зашто прво не ги тргне товарите/самарите од грбот на фирмите со оние погореспомнати давачки како и поврат на данок и слично... кои ќе му дадат простор да се подобри климата? Од странски реномирани и државни раководства аир некако не видовме.
 
С

сашенко

Гостин
Доволно ке беше да не ги затвореа тие големи фирми кои веќе постоа.Сега голема била фирмата што имала 200-300 вработени а имавме фирми со 15 000 вработени.Да не тераме накај политика ама да имаше некој способен во власта немаше тие да се затворат туку ке рабоеа и ке имавме фирми и инжињери и се сега.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Да биде нешто пософистицирано нешто Хај-Тек.
Башка за некоја си ајтек техника, чинезите и индиј-анците ќе ти го направат за 10 пати поефтини пари. Зашто увезуваме роба од Кина...оти е квалитетна или здрава?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Што уопште го споменуваш Охис,Тутунски Комбинат и ЕМО.

Знаеш ли ти кое времиња беа тоа?
Знаеш ли кој менаџираше со тие компании?

Тие луѓе беа слуги на темните сили, СДС комунистички директорчиња кои го скурцаа целиот општествен капитал создаван во последниве 50 години во дел од наносекундата.

Тоа се луѓето кои од Македонија направија еден голем шопинг центар, го купија целиот имот, целото наше стопанство за 1 денар.

Тие тајкуни во секоја нормална држава го инвестираат својот капитал, ама ете нашиве неќат.

Се осеќаат неспособни, страв им е да се впуштат во ризик пошто знаат дека се имбецили и дека на странските пазари лесно би биле збришани.

Затоа мојата идеја е државата да инвестира (пошто друг инвеститор во моментов нема).
Нека се крене оваа Хај-Тек компанија на здрави нозе, а дури потоа нека се приватизира.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Можно е ова само во Македонија нема да успее поради нашиот менталитет и склоноста кон местење тендери и крадење, барем така се развиваа Емилија Ромања во Италија и Каталонија во Шпанија. Не мора државата да им ги изгради, може да им обезбеди инфраструктура до таму, и да им овозможи многу поволни револвинг кредити како и бесплатни консултантски услуги со тоа што фирмите ќе бидат условени да се развиваат како кооперанти (на пример автомобилски делови, гуми, шофершајбни) во одредена индустрииска гранка да речеме автомобилската. Би се склучиле договори со некои од поголемите автомобилски компании за обука на наши кадри во нивните компании, откако би се развило кооперантството овие компании исто така би имале интерес да вложат тука бидејќи трошоците значително би им се намалиле плус олеснувањата кои им следат од безцаринската зона односно нема да почнуваат буквално од нула.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Брату ти се некако имаш планови за градба, неубо ми е одсабајле да читам вакви научни фикции кога уште ги користиме комунистичките челични отварачи на шишиња....
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Можно е ова само во Македонија нема да успее поради нашиот менталитет и склоноста кон местење тендери и крадење, барем така се развиваа Емилија Ромања во Италија и Каталонија во Шпанија. Не мора државата да им ги изгради, може да им обезбеди инфраструктура до таму, и да им овозможи многу поволни револвинг кредити како и бесплатни консултантски услуги со тоа што фирмите ќе бидат условени да се развиваат како кооперанти (на пример автомобилски делови, гуми, шофершајбни) во одредена индустрииска гранка да речеме автомобилската. Би се склучиле договори со некои од поголемите автомобилски компании за обука на наши кадри во нивните компании, откако би се развило кооперантството овие компании исто така би имале интерес да вложат тука бидејќи трошоците значително би им се намалиле плус олеснувањата кои им следат од безцаринската зона односно нема да почнуваат буквално од нула.
Ако треба и нека не успее идејава, нека пропаднат тие 100 милиони евра.

Важно ќе знаеме дека сме се обиделе.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јбг ако немаш планови никогаш нема ни да почнеш, а мене све така ми личи работава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom