Државата да гради фабрики

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Може ли државата да гради фабрики?

Не мислам на класична сокара со подвижни ленти и теткици во бели мантили.

Да биде нешто пософистицирано нешто Хај-Тек.

Да се направи селекција на најдобрите 100 инжињери од земјава.

Да им се даде на располагање фонд од 100 милиони евра и сите заедно да учествуваат во создавањето на првиот македонски Џенерал Електрик.

Што мислите?
 
100-те најдобри инжињери што ги спомнуваш,веќе се надвор од Македонија...така да ... пуста желба
 
genius.jpg
 
Може ли државата да гради фабрики?

Не мислам на класична сокара со подвижни ленти и теткици во бели мантили.

Да биде нешто пософистицирано нешто Хај-Тек.

Да се направи селекција на најдобрите 100 инжињери од земјава.

Да им се даде на располагање фонд од 100 милиони евра и сите заедно да учествуваат во создавањето на првиот македонски Џенерал Електрик.

Што мислите?
ааааааа ххахахахахахаа.... најбољи виц што сум го чул деновиве еј :pos2:
 
Во вакво општествено уредување државата не може да гради фабрики, ама мислам дека може да биде косопственик заеднички капитал со приватно/и лице/и или конзорциуми.
 
Во вакво општествено уредување државата не може да гради фабрики, ама мислам дека може да биде косопственик заеднички капитал со приватно/и лице/и или конзорциуми.

Нека се изгради фабриката, а со нејзе нека стопанисува приватна фирма(концесионер).
 
Со 100 мил. која црна хај-тек фабрика бре ! :tapp: :nesvest:
 
за хај-тек точаци може
 
Ниедна фабрика што мења директор/сопственик и вработени секои 4 години нема да опстане.
 
Па кој ако не државата, да не дојди некој од странство случајно. Државата е најголемиот вработувач и најголемиот потрошувач. Многу компании се во државна сопственост. Најголемата компанија во Македонија, ЕЛЕМ, е во државна сопственост,потоа поштата, железницата, комуналните претпријатија,МТВ, здравството, војската, полицијата, и скоро цело образование. Државата е најголем вработувач на високообразовани кадри. На оваа никаква индустрија што ја имамеи требаат само шнајдерки и аргати. Државата ги вроботува најголем дел од економисти, скоро сите правници, сите лингвисти и безмалку сите инжењери. Државата не може да отвори фабрика за сок, но може да врши инвестиции во оние компании кои ги поседува. Арно ама...
 
...ама спомениците прво им текнаа :)

Pа добро сега :) Нели ти текиња дека сака владата да отвори една нова индустриска гранка.. : леарница за бронза...мајку му стара , ич не гледате широко, само сокара па сокара..кој пие уште сок бе :icon_lol:
 
Не гледам причина зошто да не можи.

Пари- Има македонија, може да одвој, ако не може и да испечати.
Инжињери- Ги има и тоа како, макар и да се заминати некои би дошле во родната земја да работат, али сепак ги имаме во македонија,доволно барем да почни да се произведуваат чибичани и нинтенда.
 
Најзначајниот извозен производ за една земја покрај нафтата е технологијата. А денес има многу малку будали да финансираат развој на технологија од свој џеб. Тоа го прави државата. Наса случајно да не е доо? Приватните фирми само ја прилагодуваат технологијата за пазар, за широка потрошувачка. Јапонија купуваше технологија од САД и Русија. И додека овие гледаа како да се уништат, Јапонците ги уништија со тоа што ги преплавија со нинтенда, видеа, PS итн... користејќи ја таа технологија.
 
Додека бев мал,си викав - леле ама се глупи овие во влада,место да земат тоа фабрикиве што прават профит да наполнат буџет.Они све приватизираат.Арно ама кога гледам тутунари и стечајци јасно ми е зошто секоја влада избегнува да има фабрики или предпријатија во нивна сопственост (државна мислам).Ако работиш во некоја приватна фирма (како мене) и ти намалат плата - никому ништо (секако ќе се буниш,ама пак ќе мислиш на фирмата) додека ако работиш во државна фирма одма иде она - Доле ВЛАДА !!!.Сега сваќам зошто ниедна влада не сака да има многу-многу фирми под државна капа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom