Една врска, значи вистинска не од оние од 3 недела, а се видовме двапати.. во втора средно мора (читај:МОРА!!!) освен Љубовта да негува и вистинско и искрено пријателство. За да биде една врска успешна пред се треба да има разбирање, прифакање, доверба, искреност.. треба да го сакаш партнерот со сите негови маани.. да разбереш зашто постојано ги прави оне работи кои проклето те нервираат.. да влезеш во неговата душа, да ја осекаш како своја.. да станеш дел од него и тој од тебе.. потребно е многу за една врска.. најмногу трпение.. она што ке ти биде партнерот во таква врска неможе да ти биде никој друг..па ни другарот од јасли. И да дефинитвивно мислам дека другарскиот однос е пресуден исто така ке кажам и дека многу од караниците и раскинувањата во безброј врски би се избегнале ако наместо инаетење и докажување би се седнало на искрен фер и другарски разговор барем еднаш неделно затоа што факт е дека колку и да се сакате и колку и време да сте заедно секогаш ке има нешта што ке ве тераат да отерате све у к***ц, и нешто што би ве извадило од таа криза е баш тоа да немаш страв да седнеш и да го кажеш проблемот што те мачи без разлика дали е некоја глупост или нешто навистина сериозно, да решиш све со отворен муабет и да направиш компромис прифатлив за двајцата..