По трети пат: Ја пушам марихуана од 2001. Од 2001 до 2003 пушев скоро секој ден. После ми се смени начинот на живот и не ми беше интересно да пушам. Свати го тоа како пиеш вино/ракија/пиво со друштво скоро секој ден на седенки. После извесно време сакаш да пробаш други работи у живот и не пиеш зашто досадно ти е и немаш време.
Е после 2005 пак од време на време пушев, викендашки. Може да се случи и месец дена да помине да не ми текне на јоинт. Значи ако немам добра причина - друштво за тоа не палам. Јоинт ти е друштвена работа и се пиши у друштво за да се опуштат сите, значи без нервоза сите, и 2 часа тргнати проблеми. Значи се релаксираш. Палиш лулето на мирот и се зезаш 2-3 часа зависно колку е јака марихуаната.
Еве сега сме 2010 и пушам пак. Некогаш од што немам време па не ми текнува да запалам 3-4 недели. Па после дојде другар ми и ми каже ‘‘бреј ама добра трава купив оди да пушиме и да пиеме еспресо у кафич‘‘.... И идеме у темни подруми и тамо пушиме, се криеме од светлината зашто сме гнасни наркомани и несакаме такви да не видат надвор. НЕ. Се возиме со кола и пушиме и додека да свртиме некое кругче околу градот ние сме ХАЈ и после како такви седнуваме у кафиќ и правиме муабет, се зезаме за било што. Се зезаме и кога не сме ХАЈ, ама кога си хај повише ти е до зезање.
Лоша ситуација е некој да се засити од марихуана па да помине на таблети или лсд, или штознам која синтетичка дрога. Додека човек е на марихуана он е супер човек веруј ми. Боље ке седам со 10 напушени наркомани него со 1 пијан сељак да гњави.
Чекај, чекај полека, не се разбравме изгледа. Јас не барав “исповед“ кој колку и како си користи. :pos2:
Јас прашав:
Како се нарекува редовен конзумент на ганџа?
Дополнение.
Што за вас е редовно консумирање на ганџа?
Многу е јасно дека нема некого да наречеш алкос ако на пример пивне малку повеќе кога ќе искочи (кафич, диско...) или па на некоја домашна прослава.
Така ја разбирам и ганџанта. Ако ја конзумира некој тук там кога ќе се најде во “соодветно“ весело друштво е една работа а сосема друго е кога редовно си ја набавува за одреден период, за еднаш дневно, 2-3 пати неделно итн.итн. во зависност од “потребата“ за ганџа.
Околу нештетноста и независноста од ганџа “јасно“ ми е, ме интересираше дали има соодветни термини за ова што прашувам.
Ако ми одговорите околу термините ок ако не пак ок.
Со твојов одговор ми наметна друго прашање сеа.
Според мене ако се заситиш од нешто прекинуваш да го користиш (конзумираш).

Немора да бараш нешто “појако“. Додека одбираш што сакаш, тогаш пробуваш. Јас кога почнував да пушам, пробај едни цигари, пробај други и кога си заклучив дека
овие ми се “највкусни“ од тогаш само нив си ги конзумисам.

Или со алкохолот на пример. Јас најчесто си пијам пиво и немам потреба секоја вечер да појачувам односно да идам на вотка па на апсинт па да дотуркам до шпирт. :nesum:
Мене ми сосема јасно дека си има луѓе кои што со години си користат ганџа и ни на крај памет не им е да пробаат хемија. Тоа се “прелажуваат“ да пробаат и ова и она, онака демек од радозналост само, незрели и неизградени личности обично доста млади. Ако има кој да им понуди или поттури (што се вика) алтернатива за ганџа во стил „Ако ова не си пробал ништо незнаеш“. :uvo:
Објаснувањето дека стануваш зависен од ганџа само ако си “слабак“ не ќе да е доволно. Дилерот кога ќе те види и те одмерува, ти прави психолошки профил и одлучува: ти може повели имај супер забава или ааа не ти си “слабак“ ќе станеш зависен неможе за тебе.

Да не се лажеме, моИт. :smir:
Бидејќи темава ја читаат и помлади (да не речам деца) не е коректно да се рекламира ганџата како нешто супер и екстра. Ок, држи муабетот дека е помалку штетна и бла, бла од другите дроги но сосема нормално се функционира и без неа. Апсолутно не е неопходна за човек добро да си помине, да се забавува и да се дружи.

Другарите викаш дека ти се супер кога се хај, ама верувам дека се супер и кога не се хај. Ганџата не им го подобрува карактерот сто посто сум сигурен.