тоа е дел од проблемите. Работниците остваруваат огромен профит на таа фирма, а за возврат добиваат "цели" 1.1 милион евра во плати. Проблем е и што истите тие инвеститори се помагани од буџетот на граѓаните на РМ, згора на тоа читам имале проблем со превозот, кој би бил строго санкциониран во нивната матична држава на пример.
не е спорно. Ги гледам газдите на разни фирми се ангажираат маскимално. Дури и за празник не празнуваат, но тоа е друг муабет. Се збори за една фирма од низата рекламирани како големи економски успеси, а всушност се една од низата обични робовладетелски фирми. Со ваков однос платите ни за 100 години нема да се зголемат. Станува сомнително што веќе наликува на договор или наредба платите да стагнираат или да одат надолу. А зголемување на потрошувачка, раздвижување на домашна економија на ваков начин нема, ниту ќе има.
Зошто во 2005 во фас се нуделе
минимум 11.000 денари, а сега се намалени на 9.000. Притоа фас е и затворена.
Дали во тоа се состои економскиот успех со Дрекслмаер, во намалување на стандардот и вадење на профитот надвор?