Ние сме сто години назад. Ради регулирање на се и сешто. Се слагам. И ради корумпирано судство, и неколку олигарси шо ги држат фабриките.
Ако се изградат 100 фабрики, ќе бидат повисоки платите. Помала понуда на работа, побарувачката колкава и да биде, ако има помала понуда, платите работниците ќе ги одредуваат, т.е. пазарот ќе биде на страна на работниците.
Има луѓе со тешки факултети шо не ни работат. Пример мајка ми. Има 9.4 просек. И без разлика шо ми е мајка, не знае три реда муабет да направи, а не пак да си ја продаде дипломата. За разлика од неа, стариот ми е одвај со средно, знае да си го продаде тоа што го знае, и заработува ... доволно. Грдо е да пишувам суми сега.
У држави у кои има 30 посто невработени, првенствената цел треба да биде да се вработат што е можно повеќе. Со самото вработување ќе се зголемува цената на работниот саат. Ќе се зголемуваат и цените на производите, ама и цените на работниот саат. Со самото тоа се зголемува квалитетот на живот.