Во Германија со 2.000Е плаќаат еден работник, тука плаќаат десет, плус ослободени се од данок, ова е рај за нив.
Е сеа ова со 200Е плата за некои е лошо за некои не, ама па коа ќе видиме дека 50% и повеќе имаме невработеност што може да очекуваме, економијата се гради со години, не можеме наеднаш да воведеме минимална плата од 20.000. А и башка тоа дека оваа фирма е сега единствена тука, наскоро ќе се прошири и во други градови, немаат никаква конкуренција, кој е будала тебе да ти дава почетна плата од 20.000 за работа која што во други фирми изнесува 9-10.000, единствена конкуренција им се кафичите, супермаркетите, конфекциите и сличните места каде што даваат 8-9.000 плата, овие дигнаа една илјадарка повеќе и цел град го присобраа.
Не дека сум вмровец па ги бранам на Грујо инвестициите и слично, ми е гајле за партии и такви глупости, али ова е голем чекор за нас, доколку се доведат уште 2-3 вакви фирми ќе се основа и конкуренција на пазарот, платите ќе растат, но ќе се привлекува само таков кадар како што имаат сега, со средно образование, нив не им требаат луѓе со диплома, нив им требаат физички работници, со диплома им требаат 10 души, поточно информатичари кој што ќе го водат процесот. Е сега ова не е добро за оние кои што седат со дипломи дома, немаат тука никаква шанса за да успеат во овие фирми, нема ни да имаат и ако се отворат уште 10 вакви, бидејќи конкуренцијата не е за нив, туку е за помалку образовани луѓе кои што имаат едноставна работа, едноставна но ни малку лесна, сепак 10 саата работа и тоа поделена во неделата на 3 смени е ужас, имам другари кои што неможат да се опорават и по 2-3 месеца работа, но па знаејќи дека немаат што друго да работат се задоволуваат и со ова, не дека не вредат туку знаат каква е ситуацијата во земјава, знаат дека се терет дома и дека со ова колку толку ќе им олеснат. Како што реков, има предности но има и недостатоци, да не збориме за фамилиите со кои што имаат само еден член вработен со 100Е плата, да не заборавиме дека тие луѓе деца гледаат, одвај врзуваат крај со крај, комуналиите се само една плата во зимно време, а што останува за другото.
Така да колку и да сте против ова, ставете се во нивна кожа малце, размислете како е, може сте имале вие среќа сте се вработиле со знаење, или со врски, сосема небитно, погрешно е да им судите и да ги обвинувате за нивното работење во оваа фирма.