Уште има луѓе кои не го знаат 256 трикот, тоа едноставно го убива "спортот". Затоа не менувајте N- линии.
Кој е вистински "спортист" си купува картичка и шерува ,но само C- линии.
Небото си е чисто но има многу валкани играчи, продавање шеринг преку 256 трик и воопшто продавањето на шеринг.
Доколку поштено возите еве како да се заштитите:
Ако во CCcam.cfg ја немате оваа линија:
LOG WARNINGS:/var/tmp/warning.txt, задолжително додадете ја. Таа во /var/tmp/ ќе го додаде фајлот warnings.txt. Само активирајте ја оваа линија, рестарт (исклучи, вклучи во струја) и фајлот warnings.txt сам ќе се додаде.
Што добивате со ова? Можеби сте мета на ftp напад, а вие тоа да не го откриете. Во тој фајл ќе ги видите и сите бесправни логирања (Atack).
Внимавајте едноставно, сепак не е секоја линија во тој фајл Atack, но лесно можете да заклучите кој вози "партизански" и едноставно да го избришете 256 "мангупот".
Можеби ќе се изненадите колку Peer-ови возат на 2 па дури и на повеќе сервери, а тоа CCcamInfoPHP воопшто не го регистрира?