Ова сликичкиве на Фејсбук ме потсетија колку бев луд порано по Драгонбол. Дали некој од вас го има гледано Драгонбол Z ?
Има накај 250 епизоди а немам толку време да потрошам гледајки. Па сакав да замолам некој, накратко
да ми прераскаже што се дешава у Dragonball Z, пошо на нет неможам да најдам таква рецензија.
Сакам да знам шо се дешава у Dragonball Z за да почнам да ги гледам ГТ, они бар се 64 епизоди
Јас го имам гледано Драгонбол Z,леле што убаво ме потсери на цртаниов многу си го сакав како мала,и сега го сака омилен цртан ми е.
Па ќе ти раскажам толку колку што се сеќавам бидејќи тогаш бев мала кога се даваше на А1,сигурно беше пред едно 8/9 години.
Па вака започна се...
Драгонбол Z,започна со
Џохан син му на Сонџоку и Х (ја заборавив како се викаше женаму),Џохан имаше 4/5 години и ги имаше наследено борбените вештини од таткому Џоку,но не ги употребуваше,тоест ги употребуваше само кога многу ќе се наљутеше.
И Џоку со син му Џохан отиде на гости кај овој стариот ќељавиот што му беше учител на Џоку (заборавив како се викаше,на Б му почнуваше името) и таму беа и Булма,Крилин,Јанча...цела стара дружина.
И сите среќни весели што се виделе се запознаа со Џохан и одненадеш се појави поточно слета од небото
Радис ,сајонец - постар брат на Џоку.
Радис беше многу појак од Џоку,и Радис почна да му раскажува на Џоку дека го пратиле на Земјата како мал за да Џоку ги уништи луѓето,но Џоку станал добар и почнал да ги штити луѓето...
И му викаше на Џоку да се врати со Радис но Џоку одби и рече дека ќе остане на земјата и дека ќе продолжи да ги штити луѓето,на ова Радис се наљути и му го грабна син му Џохан и рече ако се премислиш врати се.
Секако Џоку се обиде да го сопре Радис да замине со син ми Џохан,но како што кажав Радис беше многууу јак и со еден удар го онесвести Џоку и замина Радис со син му.
Потоа Џоку побара помош од Пикоро (хаха Џоку и Пикоро се мразеа,но кога се појави посилен непријател (Радис) ,Џоку и Пикоро се спријателиа).
И заедно Пикоро и Џоку отидоа да го побараат Џохан и да му се одмаздат на Радис.
И се сретнаа Пикоро и Џоку со Радис,а радис го имаше затворено Џохан во тие топките вселенски со кои летаа.
И имаше голема борба помеѓу Пикоро,Џоку и Радис кој што траеше неколку епизоди.
И накрај се испотепаа ама бидејќи Радис беше многу силен успеа да ги претепа Пикоро и Џоку и Џоку умре.
И потоа Џохан син му на Џоку успеа да излезе од таа топката и кога виде дека таткому е мртов многу се разљути и доби сила и успеа да го убие Радис.
И сега почна како нова етапа, Пикоро почна да го тренира Џохан ,да го направи посилен.
А Џоку беше на небото кај Пикоро добриот и тој таму таму на небото тренираше неколку години...
И сега после неколку години Џоку стана ептем силен и требаше да помине како една змијска патека за да му се врати душата и да се рати на земјата.
Во меѓувреме на замјата пристигнаа двајца сајонци (полубраќа на Џоку) и го бараа Џоку и имаше голема борба помеѓу двајцата сајонци (кои беа многу силни,посилни и од Радис) и дружината на Џоку (Теншин хан,Чаоз,Јама,Крилин,Пикоро,Џохан).
И Џоку оживе и требаше да се врати на земјата преку еден долг пат,и додека Џоку се враќаше на земјата,истовремено се случуваше борбата помеѓу 2та сајонци и дружината на Џоку.
Многу умреа...останаа живи само Крилин и Џохан.
И тој едниот сајонец таман да го фати Џохан одеднаш Џоку во последна секунда пристигна на земјата и со еден удар го уби едниот сајонец.
Џоку беше многу јак и имаше многу нови вештини научено во тој период додека беше на небото да тренира.
И имаше повторно борба помеѓу едниот сајонец што остана жив и Џоку.
Но и сајонецот беше многу силен исто како Џоку,и накрај многу се испотепаја што неможеа ни да се помрднат.
И така двајцата сајонецот и Џоку крвои речиси неподвижни лежеа и Крилин и тој доста повреден се доближи до сајонецот и со еден меч сакаше да го убие сајонецот.
Но Џоку му викна на Крилин да го остави,бидејќи Џоку сакал кога ќе се опорави сам да го убие.
И Крилин го послуша Џоку и го остави сајонецот,и тој сајонецот со влечкање влезе во таа топката и си замина.
И после Џоку оздраве.
И сега по некое време оздравен Џоку реши да оди на таа планетата Намек (така мислам дека Намек се викаше планетета),на Намек беа тие змејовските топки и само таму можеше да се најдат бидејќи Пикоро го уби змејот кој што излегуваше кога ќе се собереа сите 6 или 7 топки.
Џоку тргна на Намек со цел таму да ги собере сите топки и да го повика змејот да ги оживее неговите пријатели (Теншин хан,Чаоз,Јама,Пикоро) кои претходно умреа во борбата со двата сајонци.
И Џоку тргна од земјата со вселенски брод кој што го направи татко и на Булма и патуваше кон планетете Намек.
А во меѓувреме додека Џоку патуваше кон Намек,незнам имам заборавено но таму веќе на Намек беа стигнати Булма,Крилин и Џохан.
А уствари сега ми текна...Крилин,Булма и Џохан уште кога Џоку закрепнуваше од борбата со сајонецот,се упатиа кон Намек за да ги соберат топките,и се договориј со Џоку кога ќе закрепне и тој да дојде на Намек.
И додека Џоку закрепнат патуваше кон Намек,Крилин,Џохан и Булма веќе беа на Намек но неможеа да ги соберат топките бидејќи на Намек имаше и други многу моќни сајонци кои исто ги бараа топките со цел тој главниот сајонец да стане бесмртен.
И така додека беа Булма,Џоку и Крилин на Намек овие сајонците успеаа да соберат неколку змејовски топки - (DRAGON BALLS) и овие Булма,Крилин и Џохан нешто ги посматраа од далеку сајонците и овие сајонците ги осетиа.
И мислам дека сајонците ги фатија и сакаа да ги убијат,но во секој момент требаше Џоку да пристигне.
И така заврши не го продолжија А1.
Мислам дека не заврши Драгонбол Z,требаше Џоку да пристигне на Намек и да се бори со сајонците,ама А1 го прекинаа Драгонбол Z и не го дадоа до крај.
Мислам дека си задоволен од тоа што ти прераскажав,сето најважно што се случуваше во DRAGON BALL Z го напишав :helou:
Ах што убаво си се потсетив на тоа кога бев мала колку го сакав цртаниов,со душа го чекав секој ден на А1 да почне и си го снимав на видео,тогаш сеуште немаше ДВД и јас си го снимав на касети на видео и кога ќе завршеше епизодата,пак снимена си ја пуштав по втор пат си ја гледав :tv: , уште си ги чувам касетите како спомен :wub: .
И за крај како потсетување ќе го пуштам прекрасното песниче со кое почнуваше Драгонбол (тој првиот Драгонбол додека Џоку беше мал).
И истото песниче на клавир,многу убаво звучи :wub: