Северина
Северина
Штета што Конгресот на СеДеСето не дава мегдан на двајца кандидати за претседател. Имав намера лично да се измериме со Бранко пред неговите. Ама, не ми даваат. Се плашат мангупите
Има неколку работи што ме прават среќен дека сум жив, сега и овде. Во ова Скопје, и оваа Македонија. Каква е таква, моја е. Кој ја мрази, себе се мрази. Јебем ли га, можда затоа што све што ми се десило, и све што имам (а и она што се уште го немам, а ми треба) - е тука. А можда и затоа што доаѓа пролет, и све у мене пак се буди. И ми доаѓа... она - не би ни ја, ал ми прија... лепота!
Жал ми е само што Македонија, освен мене, ги нема и Северина, Горан Бреговиќ, Кустурица, Бојан Крижај, Мерсад Бербер, Цеца, Данило Киш, Иво Андриќ, Тереза Кесовија, Богдан Тирнаниќ и Аца Тијаниќ, па Доктор Неле Карајлиќ, Крцун, Џони Штулиќ, Мики Манојловиќ, Душан Ковачевиќ, Бајага, Шабан Бајрамовиќ, Крлежа, целиот тим на Црвена Звезда од славната 1991: од Дика Стојановиќ на гол, па пред него Белодедиќ, Најдовски, Шабанаџовиќ, Југовиќ, Синиша Михајловиќ, Просинечки, Савичевиќ, Панчев... додуша Најдовски и Панчев се веќе наши, ама не ги поштуеме онака како што е ред. Како што заслужија. Да ги имавме, освен мене, и сите нив - кај ќе ни беше крајот!
Каква Европа. Европа ќе се приклучуваше на нас, а не ние на неа. Никој од овие набројаниве, вклучително и јас со нив, не би барал бугарски пасош за да може, на раат, без виза да шверцува аутоделови, или фалца Версаче блузони.
Ама, наместо нив,
ние имаме црепови како Фрче, Ѓунер бозаџијата, Бране Вечити, Зоран Радиодифузни Казанова Прилепски, Велија Губитник Рамкоски, Геро Неразбран Геровски, Никола Велики Младенов, Борјан Јовановски, Љубчо Делчевски Војвода Георгиевски, Доста Фатална Димовска, З.З., Буч, Радмила ... и, ај да те видам, прај држава со овој материјал. Не ја бива, сестро. Не бива!
Гледам и ова избориве.
Имаме и ние материјал, ама имаме и антиматерија. Фрче Шугата за избори ги симна наочарите, и препариран од гел и пудра, како Вук Драшковиќ, излезе да не убеди дека СеДеСето и тој се наша иднина. Ја, на ова место, кажав дека е црепот навреда за гласачите. Плагијаторот Фрче, што никогаш ништо не сфатил, и вечито неуко употребувал странцизми и туѓи ставови, после десет дена кажува дека Иванов бил навреда за гласачите. Кој што бил се покажа потоа. Кога Киро не го избраа за претседател при првото гласање во 1990, Ѕинго излезе на говорница и кажа: сега господ нека ни е на помош. Фрче плагијаторот го украде и Ѕинго, па го кажа истоито за Ѓоле наш. Оној Ѓоле што го згази Шугата. Наочарите му ги вратија одма, ама еве уште го шијат на пластична хирургија, и има забрана за искачање у град барем до 1 мај.
После може да излезе, за да го има на Конгресот на СеДеСето кога Бране ќе биде рекрунисан.
На Конгерсот на СеДеСето ќе има само еден кандидат, Бране Ц. Никој друг. Такво е правилото затоа што се плашат да не им се пријави некој друг, особено не од ВМРО, и да го победи Бране пред неговите.
А и ја нешто се мислев.
Ако е отворен конкурсот за шеф на СДСМ, да се пријавам против Бране. Па кому иде. Имам подолга и успешна кариера, шеф и лидер дваесет години веќе, социјалист сум у душа, не сум се нафатирал во транзиција и не дужам на олигарсите ништо, сум имал повеќе жени од што имам години, имам повеќе школо од Бранко, не сум член на ниедна партија па би им бил шеф како независен интелектуалец
од работничко и партизанско семејство... и со лично име, и сиот личен имот, гарантирам дека ќе имам подобри изборни резултати од било кого во СеДеСето... ај да видам нека го понуди и Бране тоа контра мене!
Што ми требаше за ова да зборам по кафани. Ме чул некој, па ме испеал за намерата. И, ете, го затворија конкурсот на само еден кандидат.
И, да ти кажам,
во право се од СеДеСето. Кај излегоа последниве години на мерење, некој од ВМРО ќе ги нагази и ќе тепа. Вака, што е сигурно - сигурно е. Бране ќе си се трка сам со себе, и ќе победи.
Така, најпосле, и во СДСМ ќе слават победа.
Ја, по тој повод, одам и се начукуам - стап.
Ракија се лечи вином, марихуана кокаином, све остало... све остало... све остало - Северином!
Пишува: Драган П. ЛАТАС