Ние и јас
Амерот Ден Браун ги напишал "Ангели и демони", како и "Кодот на Да Винчи". Во нив се доведува под сомневање принципелноста и возвишеноста на Ватикан кој, како и сите други моќни институции, според Ден Браун, краде, убива, лаже, манипулира за да дојде до сопствена моќ и до туѓи пари.
Стотици писатели католици, државници, новинари, кардинали и Папи... мајке му се изнаебаа заради тие пишувања. Како бил срам за писателството, вулгарен... не тие, тој бил сплеткар и манипулант... го плаќале непријателите за нив да ги напаѓа... не бил писател туку обичен агитатор... а Ден Браун, за тоа време, продаде книги сам колку сите тие заедно. И остана запамтен. А тие не.
Завршија изборите. Враќањето на Бранко во партија за мене не е некој настан, затоа што јас во таа партија не сум член. Тоа е нивна, партиска работа. Скоро да ми е досадно. За да не ми биде, се грижат чистите, правоверни мои колеги. Независните

, што се разочарани од изборите. Папистите.
Тоа се оние од школата на онаа Нова Македонија и МТВ. Потоа, со транзициските пари од олигарсите, распослани низ други медиуми. И ден-денес, својата сила, моќ и знаење ја должат на друг. На Партијата. На Папата.
Додека ние табанавме меѓу народот, меѓу своите... тие по својот ум, и нивната моќ одеа кај нивните. Транзициските, партиски кумови и кардинали.
Тие отсекогаш знеле се. Секогаш биле во право. Наместо јавноста, потврда за тоа им давал некој друг: Сорос, Здружение на новинари, Совет за радиодифузија, НГО, амбасадори, Партија... секогаш напаѓале жестоко, но во чопор. Се бранеле, и се ословувале, со Ние. Јас, отсекогаш, сум бил само Јас.
Тоа е првата разлика помеѓу нас. Кои се другите.
Читам Глобус, скопски. Колку да видам што има ново кај Папата, во Ватикан. Глобус, скопски, е партиски неделник на СеДеСето, партија на Папата Бранко Вечити. Азил редакција со комунистички новинари на кои им фали само уште Ристо Лазаров, па да бидат комплет состав од онаа Нова Македонија, и од оној Комунист. Солидарни колеги од времето на пропаднатиот систем. Они, бившите, ќе ни градат нов Свет?! Тоа би било како брак со Дракула.
Весникот Глобус, иначе, е куртон. Пластика. Има услужна функција, и ништо друго. Патем, вкусот му е лош за пушење, а актот го прави стерилен.
Во Глобус новинарот Васил Мицковски, од онаа Нова Македонија и од овој Утрински, кротко и послушно, како сите религиозни луѓе на Папата, пимпла - а нема објаснување како се случило СеДеСето пак да загуби. Толку многу новинари на страната на СДСМ, а само моите редакции против, и СеДеСето пак исчуре. Папата Бране им е лут. И разочаран во нив. Васил Св.Апостол Мицковски проблемот го гледа како судир помеѓу (нормално!) Папата Урбан Осми, и мене како францускиот кардинал Ришеље, кој повеќе сакал туѓа политика од пишаната му, и пропишана религија. Ришеље, значи.
Ау! Полесно ќе му беше да гледа Еднооки, и да разбере се.
Ако се тој, и неговите, Урбан Осми, јас сум Ден Браун.
Зарем за етика зборат оние новинари што за изборни потреби на СДСМ му го испушија на Љубе Бошковски. Најстрашно е што се тоа истите новинари кои, за изборни потреби на СДСМ претходно, бесно му се собираа во чопор на Љубе тогашниот министер, и му скандираа: тука сме - тепајте! Бранко ќе им каже дека Љубе е лошиот, му протестираат. Кога Бране ќе им каже дека сега Љубе е добриот, оној кој треба да помогне да се руши Груевски - добар е.
Тоа, за нив, е независно новинарство.
Да им се легитимирам. Да ги потсетам кој сум. И колку сме различни.
Зборат дека треба да го работиш тоа што го сакаш. Не. Тоа е привилегија на аристократите на кои јас не припаѓам. Треба да се научиш да го сакаш она што го работиш. Во новинарството, пред многу години, како млад студент, сум влегол за да имам работа од која ќе се издржувам себе и својата фамилија. И денес е така. Тоа што се покажало дека имам талент, е само среќна околност.
Никогаш, по децении постојано учење и жестоки битки, не сум бил без работа ни еден ден. Никогаш не сум осуден за клевета. Дваесет години сум уредник кој никогаш не казнил новинар заради неговата работа. Има барем десет млади новинари на кои сум помогнал да станат нешто битно. Да живеат добро, и славно, од својата работа. Три пати сум им бил кум на колеги. Таму каде што сум уредник, новинар не работи за хонорар помал од пола плата.
Првата новинарска награда сум ја добил во 1984 година, како новинар на Млад Борец. И уште девет новинарски награди потоа. Шест од нив за новинар на годината последниве тринаесет години, откако сум уредник во Сител. Со години, дисциплинирано и по ред, уредно пријавувам најголеми приходи меѓу македонските новинари. Знае ли Мицковски некој друг таков?
Најголемиот комплимент од колега сум го добил од Мирка Велиновска. Кога примав една од наградите Буба Мара за новинар на годината Мирка, пред две иљади лица, на јавна сцена, кажа дека сум голем другар кој никогаш нема да ве остави на цедило. Е, тоа е мојот најголем јавен комплимент, од новинар.
На ваков му се закануваа Геровски, Ризаов, а сега и Мицковски. Кога нивните ќе дошле, сум наебал. ОК. Ако е така, да направам се да не дојдат.
Папата губи затоа што од вас чека ум. Да си знае.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0AD452EE45B18D419F76C362892DDEAF
"Што серат овие", ми вика еден колега. Нека серат, тоа е како чавка која ќе се залета, па ќе те посере. Тоа ми носи среќа.