Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, иако ретко ти пишувам, знај дека цело време сум тука и стално те читам.
Ај да си кажам маката...
Каде на друго место во светот, во која друга држава, се чека одговор за вработување, после поминати 4 месеци од интервју. Па мајке ми, првиот договор за работа што требаше "или треба" (незнам уште нема исход) да го потпишам е за 3 месеци работа.
Дури незнаат ни што да одговорат, имале проблеми, а веќе пропуштив 2 шанси за вработување..
Тоа е, постапката за бирање на претседател со се пропратна кампања трае пократко, за жал.
 
Драга моја кајгана, премногу си ми мила за да те внесуваат во политиката и не дај боже нешто да ти направат, затоа кључ на темава тури си.
Нема потреба тука да се лечат фрустрации за ѓубриња од нелуѓе кој ни ја водат фиромката наша пуста.
 
macaron.jpeg


Иначе ова се macaron(s) јас сум се пишал со K наместо C, брзав пошо Конте ме изнервира.
 
Не мoже кoгa држaвaвa ни е вo СТРАШНА пoлитичкa кризa месец денa вие oвде дa зaбрaнувaте пoлитички дискусии. Пoкaжете мaлку мaдињa ебaму мaјкaтa. Трендo нa oфнет пoчнa дa oбјaвувa мaтеријaл oд бoмбите a вие се п*чкaте. Јa пoвеќе нa фoрумoв нит читaм нит пa пишувaм.
 
Наместо да се отвори нова тема за целава ситуација, вие ќе сте бришеле и од ДК.
Абе беај. ботови
Пошто ова досеа и онака не беше посебна тема за целава ситуација. 99% уназад 20 страни е тоа.

Ова е цензура. Не ве перат очајните оправдувања за политика на форумот. Само да кажам.

Каква ебена цензура кога и од „двете страни“ се бришат мислења, небитно за кого си.

Крај краева, пошто јас сум само обичен мод, треба да сфатите и не знам како не ви е одамна сфатено дека форумов е приватна сопственост, а темава е виртуелен дневник, и иако Ставро прави некои обиди за иронија со некои плитки постови, тие плитки постови се сржта на темава, се вика „Драга кајгана“ for fuck's sake, тргнете од тоа. Која префинетост ја барате? Оладете, @Acid нека пресечи дали и колку ќе има цензура и во која мера ќе се движи темава. Неговото ќе биди амин.
Дотогаш, грешка напрајвме што го тргнавме клучот.
 
Шо е сега работава не разбирам? Контра-протест? Форумски пленум?

То е море луѓе. Гледајте да избегавате коментари од моменталнава политичка трагихороркомедија, зш ние овде си го дрвиме, а уствари ситуацијава е сериозна левел граѓанска војна.

Кажете си вие шо ви лежит на душата, со усул де. Тро поблаг речник. Не мојт сеа 2 реда пост Грујо ваков таков онаков, Зајко педер предавник бла бла да се вртит овде на секоја 2 страна истото.

Ај без глумење лудило, тензична е ситуацијава па дури и на виртуелниов простор ко шо гледаме сите. Одма етикета ти лепат, кој си шо си од кај си.. Наш си, не си.
 
Цензура бе... Тоа што веќе 6-7 години не ја обработуваме политиката и политичките актуелности и што не ја толерираме политичката пропаганда е друга приказна. Сите се свесни за ова и нема потреба дополнително да го објаснуваме, а уште повеќе да не погодува некакво „плачење“ затоа што сте немале терен за политичко надмудрување. Имате политички форуми, блогови, твитер, фејсбук, позициски и опозоциски сајтови.

Ако сакате да искажете некаков гнев, радост или друга емоција на темава - слободно сторете го тоа. Но, доколку модераторите детектираат скриена политичка порака во постот - имаат право да ви ја одземат привилегијата за дискутирање. Зошто, ако почне еден, верувајте дека и многу други ќе добијат „штабска команда“ за да се приклучат кон дискусијата, а со тоа ќе го направат форумот :гомце:.

Модератори: Слободно делете казнени поени. Ако некој продолжува со политички муабети, пингајте ме слободно.

Нема потреба да ми реплицирате или докажувате нешто. Сите понатамошни реплики во врска со тоа дали „треба или не треба да има политика на форумов“ ќе бидат избришани, затоа што многу пати сме го објасниле истото и навистина немам намера да се повторувам.

Темата е повторно отворена, слободно продолжете со пишување :)
 
Последно уредено:
ДК,

Дај ги розевите наочари и све ќе биде топ!
(И ова е за лајкови. Ќе ви кажувам што ми е за лајкови, што не. Таму кај што ќе ми е за лајкови, сакам бар 10).
 
Најдепримирачки петочки часови после работа - EVER. Штотуку ми убија 50 посто од желбата и можноста да избегам од роднава Северна Кореја.
Ќе се пие вечер. Многу .
 
Драга Кајгана, денес шо сум јадел една Сарма, скиселена, за нигде. Тоа месото од некоја стара свиња изгледа беше. Ми идеше да фатам пендрак и да ја дегажирам од тераса.
Туку зошто за ова тука пишувам, се осеќам како портпарол на мојот желудник. Будала работа. :/
 
Кога се посветуваш на нешто искрено што го сакаш, не може да поминеш лошо.
Полно срце, полна душа, пресреќна сум, ко за крај на февруари!
Животиште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom