ДК
во едно зафрлено катче од тебе има една тема за демек најубај девојки на балканот, и еден и единствен таму шо коментира е некој бугар, unlike сите други бугари на форумов, кој шо единствена опсесија му е да собира слики од бугарки, некој убај стварно, појќето просечни, и еднаш на пар недели решава сите наеднаш да ги постира. И јас (со цел памет) ја надгледвам темата, и секогаш ја отворам од мобилен а телефонот очигледно не можи да ја изрендерира цела таја лепота, ми се кочи и ми се рестартира.
И така.
Ќе ти пишев и како ко бев мал имаше двојници на телефоните па можевме да слушаме шо прат муабет комшите и како сега се враќа модата, ама налет.
Зато можам да ти кажам шо ми се издеси синоќа. Имено, гледав Феенорд-Рома и јадев чипс со сумљив вкус (онај Меси шо го рекламира, српски еден му го заборајв името) и ко заврши одма си легнав во дневната, чунки потопло. И негде кај 2 сатот почна киселини во стомакот да ми прај, и ги осеќам во сонот, ама таму не ми се киселини туку пази неарно ми било оти сум јадел халуциногени печурки(!?) и сум истрчал во дворот па таму сум почнал да трипам дека на гаражата на комшијата има мечка шо денса, и страв ме фатило од лошио трип. Јас сиротио џоинт немам пробано во живото, не па печурки. Се разбудив уплашен, жегојни уште имав, и појдов млеко да се напијам в кујна.
И така.
Позз.