Бејби,
2 дена одмор пред најлудиот (или бар еден од тие) ден на работа. Имаме 270 луѓе само со резервации. А можам да замислам колку ќе има што ќе чекаат. Т.е. не, го повлекувам тоа, не можам воопшто да замислам како ќе биде. И сфаќам дека Валентин е нивни празник, ама која романтика е да идеш у ресторан со уште 100 други парови? Многу ми се чудни. Ама ај може не треба да зборам, пошо да не се они, јас не би имала работа тој ден

Најмерак ми беше кога ќе се јави некој и ќе им кажам немаме веќе место, и ми викаа „А петок?“. Петок има колку сакаш и браво што не се откажуваш зашто не е баш 14ти

Ќе биде интересно во секој случај.
Мојот гејдар е дефинитивно непостоечки

Бар за оние кои не се стереотипични. Али ок е, имам опција „повикај пријател“

Има една типка на работа. Многу е јака. Не е нешто којзнае што, ама има некој шарм или нешто везе неам. И ме излудува фактот што не ми праи муабет

И си викам не е битно, ај, може е недружељубива, може е срамежлива.... Ама се понаша ко да не постојам на моменти

И појма немам зашто се замарам со ова, ама ете. Не сум навикната некој така да ме третира, обично сите ме сакаат

Само барам некој начин да сврзам муабет, ама до сега имаме разменето 20 збора можеби... Имам јас став дека луѓето или ме сакаат или ме мразат. И нејќам она да ме мрази!

Т.е. Нејќам никој да ме мрази (има исклучоци де), ама посебно не она.... И се замарам со глупости....
Со купив нова пудра. И руж. И осеќам дека тек сега ќе почнам да купувам шминки. Одеднаш ми се роди желба да се шминкам. Интересно ми е. Арно ми текна после 24 години

П.С. Го преживеав караокето

Нареден вторник пак. Само уште песна да си најдам
