Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Тибам работата, фатив жар со гола рака, ме искина болење местово на палецот.
Машана небаре за украс стои..........глуп еден!
 
зар е се толку црно во мојот живот?
ахх сама сум крива не требаше да ја читам од Коле Чашуле Црнила
:popce:
 
Бејби,
Ориентација помина супер. Не истинтраа со преубави чаеви (испив повеќе чаеви за 2 дена отколку во последниве 2 месеци...), кафе, бесплатен ручек и чоколатца и мафини :X3:
Утре назад во реалност и на работа . Ми почнува тренинг. :coffee: Да не ти кажам кога треба да станам, ќе паднеш во несвест.
Незнам зашто не пробав уште од почеток да влезам во голема компанија, особено хотели. Толку добри работи нудат! Рај за оние што сакаат да патуваат. Скоро џабе ќе ми бидат сите хотели :D Мераци еј. И најубавото е што можам да ги споделам тие попусти со семејство и пријатели :X3:!
 
Каде можам да ја гледам снимката Македонија-Хрватска ракомет ? Како и секогаш кога долго очекувам некој спортски натпревар секогаш ама секогаш ке се погоди нешто што ке ме спречи :mad: Морав тука да пишам не сакам да барам на гугл или да отварам фб да не ми излезе резултатот случајно. Ако знае некој нека пише или тука или ПП.
Благодарам
 
ДиКеј,

По кратка но суштинска конверзација со Пирати:icon_lol: Ултрас дојдоф до видео клипот кој спаѓа во ерата „мавање на бугарски спотои, пошто немаш лесна достапност до порно“

 
ДиКеј,

По кратка но суштинска конверзација со Пеџа дојдофме до видео клипови кој спаѓаат во ерата „мавање на бугарски спотои, пошто немаш лесна достапност до порно"

 
Кајгич, ја си дојдов до заклучок, дека како помала помалку паѓав, него ли сега. :unsure:
Ова последново ми било здраво паѓање, колениците ломои. :ROFLMAO:
Ај, така растат деца. :noze:
И со цел памет ја разубедувам другаркава да идеме на Водно.:lolzz: Јас кога сум нормална душа испуштам дур да се качам до горе, а не па овака. :facepalm:
И така... фино времево. :D Иначе два дена ми се мота во глава една песна, не можам да ја тргнам. :вонзем:
Ај, ќао. :D
 
Спортски вести на МТВ : иии да видиме каква беше атмосферата низ скопските кафулиња за време на мечот Македонија-Хрватска.
Некогаш викам па, ми фали Скопје телевизор,ама една недела сум дома и ништо нормално не сум видела освен ракометов.
Турска серија во која 12-13 максимум годишна е бремена, сака да учи, ама од дома не и даваат зошо било срамота да учи и да биди бремена. Ситуацијата ескалираше кога и однесоа поширок фустан и таа не сакаше да го облечи. Си доби шамар, највероватно од мајка и.
Втор пат ситуацијата ескалира кога ја фатија скришум кај шо учи,а и однесоја сок од портокал и таа го истури и пак ја рашамараа.
После тоа на ѕвезде гранда некој натпреварувач објаснува како тоа Србиве не сакале да слушаат Македонски песни, уствари сакале,ама со Српски примеси и почна да вибрира 2 минути пеејќи.
Вести доаѓаат, секој ден нова црна хроника.
Јас мислам уште нека донесат од оние Јапонскине реални шоуа и да сме комплетни во ретардираност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom