Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
90% од проблемите во светов in a nutshell
10532541_516992605118608_623204551533992715_n.png


Фалат 10% пошто Америка одбра црнец претседател :icon_lol:
 
Драга,

Во недела е легитимно правото да се биде смотан и глупавичок. Да се читаат секакви жолти списанија, да се пие кафе лезетски, а воедно и да се забаталат сите умни книги што собираат прав и сништа под креветот. Денес ништо не решавам. Ме мрзи и ме фаќа блага радост дека имам кому да му бакнам нос. Ќе правам мрзлива пита и ќе слушам валцери. На Andre Rieu сите од Абба.
Недела е за компир манџа, палачинки, џем од кајсија, греана ракија, собирање корките од мандарини од радијатори и ќебе на глава.
За филм кој бара паломи и боза.
За надеж, која ја губиме. За поштенските сандачиња, оние старите на ПТТ. За честитки со светкавци и дрвени лампиони премачкани со кармин црвена боја.
Недела, за да одмориме од себеси.
М.
 
Ни стаиле канта од општина пред влез за ситно ѓубре,ама еве не знам зошто е пуна ко контењер.Колку прост народ сме тоа е чудо.Кога се преселив овде првите 2 месеца луѓето низ тераса си го фрлаа ѓубрето позади зграда.:toe:
 
На прв братучед му побарав број од брат му. Преку фејсбук. Одговор беше само seen.
Факт: семејство ти е само она што го имаш дома. Се друго е она што го гледаш за свадби и погреби.
Како да му побарав пари ебаго.
 
Роднините на свадба и погреб се само колку да кажат дека присуствувале. Скоро и да не постојат оние кои навистина се радуваат и плачат на вакви моменти, повеќето од нив се само обични глумци.

Никогаш нема да го заборавам моментот кога почина братуечд ми. Сите собрани, а жена му во другата соба си ставаше слики на фејсбук. :tapp:
 
Лета меѓу нас нас таа душа
нè топли небото.
Станавме ловци
на невидливи зборови
истекувам.

Koj разбра шо како, од каде, разбра, кој не, нека е здрав и жив. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom