Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Ах, кога би можеле на некои работи од животот да им направиме Ctrl + Z .... :)
 
Значи Едард Старк, ко дозна за децана на кралицата Серсеи дека се од брат ѝ, наместо да соопшти на јавност, на Роберт, на било кого друг, он отиде кај Серсеи и ѝ кажа дека знае за тоа и дека ќе кажел на сите, ако сместа не си отишла со децата од градот. Будала. Инстантно беше обвинет за пуч и велепредавство и заврши, како што заврши.
 
Незнам како може на некој да не му се допаѓа снег да има. Ама онака асли многу снег. Па со чизмите кога газиш, снегот си крцка под тебе, мераци.
Жениве многу лесно можиш да ги направиш љубоморни. Нормално, не сите, ама во кафич, вчера фрчеа погледи од спротивната маса. :D
 
I posle tolku molenje i kukanje od moive da polagam se resiv i ke idam da polagam za vozacka :) Sea se osecam kako vozrasen :)
 
Драга,

Дечките кои ми беа симпатии додека имав едно 8-9-10 години беа нормално бар 5-6 години постари од мене, така некако си е редот во тоа време. Дали беа другарчиња на братучед ми, дали комшии, дали внуци на бабите од комшилукот, па идеа често кај баба им, како и да е, битно си имав доста симпатии. Еден ми беше симпатичен зашто носеше очила за сонце на очи и уште еден пар имаше на врат отпозади закачено, ко демек дека има и очи на тилот. Фала ти боже што више не ме привлекуваат типични мангупчиња и фраери и на оваа возраст. :D
Епа пред некое време, баш овој со двата пара цвикери го сретнав сосема случајно, женет си е, има дете мало, како и бар 15 кила вишок. Тоа ме натера да почнам и другите кои ги немав некое време видено да ги најдам на фб. Драга Кајги, сите се буквално здебелени и тоа минимум 10 кила од тоа јас што ги памтам, да не речам дебели дека се. Еден нема некое тело задржано, се е лом. Не знам дали е само случај со моиве некогашни симпатии, или голем број имаат навика да се препуштаат на милост и немилост на животот, али тоа е страшна работа.
 
Драга, кога некој човек е депресивен му се препорачува да чита книги. Какви се тие луѓе што ги прават книгите среќни? Мене само ме тераат на мислење т.е. кон мисли за животот што автоматски ме прави тажен. Како болка e што сакаш да ја примаш. Исто ми е и со музиката.
 
Миличка,

Многу грда бе оваа Каракамишева...
Нека ја викаа по емисии Додовска, бар она е убава и на мјут ќе го стававме телевизорот дур ја гледавме.
 
Незнам колку пати требит да обајснам дека лоши момци/женски не постојат на Фб, Твитер а уште помалце на форум.

Тие спијат до 5 поручек, се расонвет со жестоко и цигаре 80% посто од времето се пијани или се на некоја лесна дрога пошо им е убо и им се мојт.

И никако неможам да ги сватам оние шо се понашаат како bad boys со некои муабети кои немаат смисла, ништо немат смисла.

Дали некој од вас мојт да го замислит Stuntman Mike како дремит пред екран и пишуват статуси за 16 годишни да се палат на то ?
Или Чарли Шеен ???/???

НЕ.

Пошо немат смисла, полесно е да ја замислиш а и поголеми се шансите Македонија да се претворит како Германија него ова.
 
а баш пред некоје време си купив тостер :pos:

89lFDao.gif


29w05nb.jpg


2qkuo49.jpg


XQ1vAjg.gif


6e3faa.jpg


2r7x75f.jpg


vffbz7.jpg


mrzC6hC.gif


27wvk03.jpg


117e32h.jpg
 
Колку треба да си ретардиран и глуп да крадеш скинати патики кој беа оставени пред врата:facepalm:Ок чим биле оставени значи не биле здрави,тоа брат ми го оставил,и пази прво едната му ја фрлиле,,ја идејќи накај дома ја најдов
После тоа не да ги земат двете,туку една по една ги крадеа:eek:.Денеска влечката од мајка ми ја зеле:pos:.сеа се мислам што да оставам и како да ги фатам:D.Првично знам кој би можел да биде,ама не сум таков човек да обвинувам некого бес докази.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom