Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
Секогаш кога ќе помислам дека работите конечно тргнале на подобро, се случува нешто што ќе ме врати во реалноста.
Се осеќам како да ми пукнало меурче од сапуница... во срцето.
А човек би помислил дека досега сум научила некои работи.
 
Драга Кајгана,
Го знаеш ли моментот кога ти бараат пари за роденденски поклон за личноста која органски ти е одбивна, а ти ради чисто онака колегијално мора да дадеш?
Епа веќе доста беше, ништо не мора. Веќе неможам да бидам добар со лицемерни луѓе. Не им давам пари, па какви сака колеги нека се.

:coffee:
 
Дневна доза просечен фиромјанин. :cenzura:

Untitled55-640x387.png
 
Излегувам од Грчката бајка во која живеев вчера и одам малце поисточно, накај Полска. Земја во која луѓето се бледи во фаците, со некое селско руменило, момчиња со ретка брада и коса, а најчесто избричани како скинери, девојки без веѓи, младина растргната меѓу западот и истокот.
Можеби книгата која ја читам ми дава грешна слика за нив, но од досегашното искуство со нив, мислам дека се перфектно опишани.

Каква ли книга купив? Дојдов до стотата страна, а се што прочитав досега е само дрога, дрога, дрога и дрога :icon_mrgr: Тепачки на улици, пијани и издрогирани девојки кои мечтаат да одлетаат на западот, а за таа цел се спремни да ги соблечат гаќичките пред секој кој може да им овозможи подобар живот. Момчиња кои 24/7 се нашмркани, без никаква иднина пред себе, заведуваат лесни девојки кои под дејство на дрога и алкохол им пружаат задоволство на кое секако не се сеќаваат наредниот ден :angel:

Имав интернет другарче од Полска. Типот беше заљубен во некоја Македонка од Аеродром и поради неа имаше доаѓано во Скопје на неколку пати. Толку беше опседнат со нејзе, што секој ден му преведував пораки што си праќале. На крај го откачи и се зема со некој богат постар Американец :cujte:
На страна од тоа, дечкото само што запловуваше во новинарските води, и уште од старт беше контра западњачкиот начин на живот, контрирајќи им на секое ќоше за културата која ја шират низ Европа. Вива комунизмо е ла либерта :D

Од друга страна, повеќето од младината се некои квази наци скинери, личат како јајце на јајце, секогаш подготвени за тепачка. Уште се сеќавам на дуелот Вардар-Легија кога на 12 години имав можност да "се пресметам" на дело :P Среќа што братучед ми беше рагбист во Шведска тоа време :LOL:

Како се замислувам во оваа држава? Се замислувам како имам жена со бледа фаца, со ретко косиче кое наликува на мрсна коса која поради маслодајната која ја поседува се згужвала и изгледа дека е поретка од вообичаениот волумен, тенки бледо црвени усни, слаба со добра груда :LOL:
Пие повеќе од мене, и патем ја дупат од мало до старо, а паралелно мене ми се местат жените на нејзините пријатели за кои е вообичаено да се прават вакви секс-трампи. Признавам, не го измислувам ова, ми го прераскажувале некои кои имале искуство со збунет Македонец, кој не знаел што го снашло во бракот со жената од Полска :цицки:

Работам некоја работа која е просечно платена за нивен стандард, но солидна за наши услови. Серам против се, анархи рулс. Мрзам Руси, мрзам Американци, тепам доселеници од светот кои имаат боја на кожа различна од мојата.
Член сум на некоја навивачка група, затоа што нема шанси да си Полјак, а да не си хулиган јеботе :ojeaa:
Ја бричам главата и изгледам како тазе јајце снесено од кокошката што ја чува Караман од "зет домазет" во новата Турска серија на сител, што е снимана во Македонија :kuracc:
Се запишувам на кик-бокс, затоа што тешко дека би преживеал во навивачкиот свет.

Жената знае да ти ги пружи сите сексуални задоволства и полека се привикнуваш на тамошниот начин на живот. Одиш на одмор во Грција, одиш на плажа од 5 сабајле и си единствен без маица, бидејќи сите други Полјаци се скриле под чадори наоблечени во маици, но и тоа не им помага за да не изгорат. Дел од нив се бањаат во базените во хотелите, воопшто и не одат на плажа. Си одат пред да изгрее најтоплото сонце, а потоа се враќаат попладне и почнуваат со пијанка од 17 часот. Децата ги оставам да се долеваат со ракија, ќерката се дупи со другарите на брат и, а он е на спид во поголем дел од денот и не се сеќава на ништо :blablab:

Фак, се внесов бајаги во книгата, а и се разочарав кога ги читав коментарите за филмот кој е снимен според оваа книга. Ликовите од книгата ги замислував многу подруго, отколку глумците кои ги играле во реалноста. Писателката е вампирка, изгледа уште похаотично од книгата која ја напишала. Фризурата во еден дел од животот, веројатно и ја направил најголемиот непријател на земјината топка.
Но, ликовите во книгата се толку реални, секој си е своја приказна, напразно изгубен живот на еден просечен жител на Источна Европа :jajce:
Кога се разбудив сабајле почнав да чувтвувам како пижамите ми мирисаат на марихуана, како да спијам во соба во која се издувале 20 џоинти. Што ти прави психа јеботе...

Наредниве денови ќе "патувам" на многу поегзотични места, кога не можам во реалност, ќе можам на кајгана :oeoeoe:
 
Денеска дознав од комшијата дека сум арамија. Наводно сум му ја украл веспата. :motorce:
 
Драга одамна ти немам пишано, не дека немам што да се пожалам :D

Туку драга, знам дека ќе јадам бан за цитирање, ама Магде со виолетовата коса please marry me :noze::noze:
 
ДК, многу ми се јаки стари луѓе кога ќе земат да зборат на мобилен :D
АЛОООООО. ДОБРИ ЕВЕ, ФАЛА НА ПРАШАЊЕ. ВИЕ?

Абе толку викаат, што воопшто немаат потреба од телефонска врска. Доволно е да излезат на балкон. Едниот во Ѓорче, другиот во Ново Лисиче.
Ќе си направат муабет, што... :cujte:
 
Кеј,

Време е да си продолжам од вчера.

Место : Форум Кајгана
Тема : Пост на кој сте се изнасмеале
Страна : 129

На тие што немаат што да прават им го препорачувам истово само нека почнат од 99/100.Загарантирани солзи од смеење.Идеме...
 
Не знам за вас ама мене ми е смачено од трупови. Смачено ми е од 7 годишни деца со ампутирани нозе,
превртени запалени автомобили и барел бомби.
Смачено ми е од каменувани жени и одмаздени синови и браќа.

На Walking Dead, додека човештвото е во својот залез сеуште единствена преокупација на поединецот
е смислување на нови, креативни начини да се експлоатира послабиот. Дури и по цена на неговиот физички и ментален интегритет.
Колку од ова ќе биде фикција кога ќе настапи полноќ?
But that's what's on the table. Bread crumbles and farce.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom