ДК
Таман ќе ти велев нешто корисно и од тебе произлезе и види шо се деси.
Некој младич од тие шо се по филмојте имаше отворено тема за една нова серија
Transparent па си имав уште тогаш речено да ја ѕирнам, и ете вечерава да ја почнам па глеј чудо, одма ме зарази. Изгледав три епизоди и ептен добар впечаток ми остај, посебно ме бендиса едно музиче од прва епизода, и ај си реков да го побарам
.
Edward Shape & The Magnetic Zeros - Mayla шазам ми вика дека била песната, ама кај го отворив видеото кај се запустив. Песната и спотот сами по себе се тажни на неколку нивоа ама мене најпоќе шо ме стопи е ова чичето, пошто се познава дека има паркинсон (можиш да го сетиш по раката и по начинот кај шо се движи згрчено). Јас можи ич немаше да го приметам да немаше и татко ми таква дијагноза со овие симптоми. Пред помалце од година му дијагностицираја, тресење на рака и кочење на ногата сигурно барем две години ама ми се чини од ко му дијагностицираја нагло остаре едно десет години. Се зеза од време на време, демек можиш сега слободно Мухамед Али да ме викаш, овие фотоапаратите со стабилизатор за такви ко мене ги измислија и слично, ама си приметваше дека ич не му е сеедно. Мене искрено и не ме погоди толку, имав читано дека живеат луѓе и по дваесетина па и повеќе години со редовно земање лекови и правилна исхрана, ама баш вечерава в корен ме сроза. Го знајш она чуството ко ќе се разбудиш наеднаш од сон ради некое бреме или несигурност, не знајш шо ти носи иднината и слично (ова најчесто дури бев на факултет ми се дешаваше) е баш сега ме стрефи тој страв у пм... Барем нека ја имаше ведрината на ова чичето од спотот. За вољу истине сега со нашите со ракометот позитивно е расположен, со Манчестер поќе се нервира него шо има причини за радост, али то е...
Најглупо од се ми е ко ќе ме праша некој како е татко ти, и сега ќе му речиш арен, шо технички така е пошто не дека легнат в постела е, ене го на работа оди, некогаш ќе го мани точката (ова дури беше потопло додуша) на планина ќе појди ќе се качи, ама реално со секој ден се помалце арен е, и само надолу е замината колата и нема застанвање.
Заебан е живото кајги..
И ај за крај демек да ти постирам уште една
песна од серијава, ѓомити побрза, повесела, ама и таја ко го заслушав тексто и таја испадна тажанка. Еве ти го зато еден од мојте најомилени
албуми aко не те фаќа сон преслушај го, или пушти си на стрим некоја нба утакмица, глеам по резултативе има интересни .
Арно си гледав шејмлес,цела четврта сезона не ми е глеана, и петта почна. Сакал нова серија,нати нова серија.
И така.
Ај добра ноќ.