Драга...
... у ебанава држава, факултет и у мојов живот нема да дозволам НИКОЈ да се изживува со мене како ќе му текне. Вчерашното полагање кое се одложи за денес, прво ми го поремети цел распоред за учење, второ ми ги поремети цел биоритам, а сега сабајлево кога дојдов, ѕверот пуштил групи од други два предмети да полагаат пред нас. Пази го полагањево: Влагаат првин тројца, им дава 15 минути за да си напраат концепција. После тоа полагаат еден по еден, минимум 15 минути. И да не знаеш да зуцнеш, седиш 15 минути у кабинет, а ако знаеш седиш уште поише. Од 30 души досеа положиле тројца со највисоки оценки, значи или полагаш со 10ка или не положуваш, средина нема (а книгата е докторски труд, наменет за експерти кои се бават професионално со медиевистика, плус две скрипти). И така еден коа ќе добие оценка излага, друг влегува. Значи за да пројде еден човек, треба да пројдат минимум 15 минути. За да фатиш место, треба да седиш у тесен кабинет кај што шиба промаја, да патиш и нозете да те болат. Затоа вчера изгубив 7 и пол саати од животот на матерјал што го учев непрекинато две недели. Денеска ако останев, пак ќе заглавев, и прашање е пак дали ќе полагав уопште. Си отидов нервозен, се шишав кај берберот и барем раат ќе сум, ме заболе, ќе полагам коа мене ќе ми се присака. Ќе си се фокусирам на битниве предмети, не планирам животот да си го трошам на небитен предмет кај небитен професор кој сака да пука сеир само. Имам две 10ки семестаров, утре полагам за третата место 9 да ми биде 10 и тоа старогрчки, наговорен бев од професорот иначе ќе ја оставев, али знаел дека ме бива и дека знам за 10. И ја да дозволам при ваков успех овој да се заебава со мене? Не го гледа тој филм никој у мојов живот.
Ако ви значи нешто, дел од матерјалот беше за востанието на none other than форумски популарниот...
... Петар Делјан.