Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби другите да ја наречат како плодна држава или извор на таленти. Но, до тоа т од таленти да се дојде треба работа, труд и амбиции. Една мала ретроспектива...Во главно земено со мене, многу сме себични и не задоволни...Ете, победи Даниел Кајмакоски на х-фактор и тој период сите wow македонец победи :eek: сите весници беа полни со такви и слични натпици. Македонија денес победи (y) Утре ќе има натписи, следам вести...секаде тоа се кажува. Фали само една грешка од ракометарите- еднаш да изгубиме и сите 99% да пцујат по ракометарите. Кире Лазаров не е чинел, па тренерот, кај му се очите на голманот...
Сега малце наназад пак ќе ве вратам.Даниел ќе оди на евровизија...:) На колку му се допадна песната ?Сега да направи Даниел концерт според мене шанса нема да го наполни Борис Трајковски. Зашто ќе му дојдат деца до 15 год. Виновни сме ние :cautious:
Ќе го критикувам и онаа, реклами од студенти што учат странство па како е ок да се полага државен испит. Чекај малце мадам, исти се условите таму и тука ? Таму исто така работат и се трудаат за 200-250 евра плата ? Или онаа правничката што се заљубила па се откажала па деца ова она...одлично, ама гледај ти бе дете со 200 евра. Или тие со 5 деца, таа фам.
И уште нешто...:unsure: ( се надевам дека не сум мн досадна ) ониее што го изглаа законите немора да мислаат на мене која излегов на протести и уште други мн деца. Нека мислат на нивните деца кои одаат во приватни градинки или праватно средно или фино-лепо ќе има измени на законите по 4-5 години кога нивните деца ќе бидат академски граѓани.

Се трудам да гледам на се, без розови наочари пошто очигледно нема во Мк. розови наочари.
За се ти е потребно некој-нешто за да завршиш работа.
Ете и на студенски чекав 40 мин а позади мене девојче заврши работа пошто комшивка била со таа глупата од студенски.
Па сега:свиркам: јас пак тука реферати, да си пишувам....
ајде поздрав, ве бацнувам сите:love:
 
Бејби,
Некад мислам дека од толку работи што можам да ги правам, не правам ништо, само зашто имам толкав избор. Пошо многу тешко е да се одлучи и на крај се откажувам од донесување било каква одлука :tapp: Гениј.
 
Драга доста беше јаденје празнуванја и разни глупости
од утре поцнувам со тренинзи доста беше
100 кила сум на вагата 100 кила 100 кила не сум бил од средно коа бев доста бесе лезачка работа од утре ако биде окај времето
релација ФОН до кај ПАЛАС ПО КЕЈ И НАЗАД ТРЦАНЈЕ ПА НЕКА РОКНАТ НОЗЕ
инаку ги бројам деновите уште 15 дена до плата без кор денар сум кога ебав цела плата у АСТРА малку ми е
и таа па се слушаме бди ми поздравена
 
Нема ништо така фасцинантно како вселената. Зачудувачко и страшно е нашето незнаење за космосот. Колку е наивна заблудата дека нашето постоење има накаква значајност, иако сме креација на универзумот. Чиниш, нашите константни мисли може да ја исполнат неговата бескрајност.
Да, фасцинантно е тоа што можеме да ја видиме светлината на ѕвездите, стара повеќе од 100 000 години. Ѕвезди чија душа можеби згаснала многу одамна, ама на чуден начин се уште се видливи.

Излезете надвор, гледајте во небото и не се штедете на чувства. За сиот студ, вреди.

 
ДК,

Пред едно 15 години со мајка ми и татко ми одевме на визита Струга. Ноќе беше, и на излезот од Охрид има(ше) улични светла, пола расипани, гледаш едно трпка, едно паднато, едно свети жолто, друго бело....ме сфаќаш. Во тој период баба ми и дедо ми се вратија од посетата на вујко ми во една од "ветените" европски земји, и три недели по доаѓањето само се споделуваа импресии. Колку била средена земјата, колку било чисто, дрвцата околу патот биле сечени во форми на животни, дрн дрн јариња....Памтам и муабетот на баба ми како од аеродромот се дури не стигнале во куќата на вујко ми ги броела светлата на автопатот и сите работеле ( после неколку години кога јас бев во посета и јас ги броев светлата за да се уверам не ме лажела ).

И се возиме сега накај Струга, бројам јас светла, шо да бројам, нишо не работи. И им викам на мајка ми и татко ми , јас кога ќе пораснам сакам да бидам претседателка на државава. Е зошо? ме прашува мајка ми . И велам за да ги поправам сијалициве, види скоро ни една не работи. Се смееа, и татко ми ми вели, гледај замини од овде, не претседателка да ми станвиш.

10 години покасно, заминувам јас, средно на размена преку барата, живот-милина, без нервози и стрес. Се враќам Македонија, доаѓа време за факс и татко ми ми вели барај чаре факултет надвор некаде. Јас глупа, изгледа отупев за таа една година, му викам еј ај сите да заминиме, кој ќе ги менува работиве во државава? Мора некој да остане и да работи за доброто на сите. И се запишав овде на факултет. Како не ми врза татко ми еден шамар тогаш, да ме освести, да ми текне какви глупости сум зборувала....овде никогаш работите нема да тргнат на подобро.

Толку сум разочарана последниве месец два, од протестите, од неможноста да си кажеш што мислиш, од инертноста на народот. Од сите партиски вработувања заради кој мајка ми 10 години не може да влезе на работа иако стално е прва на список, и она малку шо го има кај и да е ќе и го земат, од болката која и ја читам од лице која секој ден се повеќе и повеќе и се одразува на здравјето и од мојата немоќ да сменам нешто или да и помогнам. Многу сум огорчена и нервозна и само чекам ден и прилика да го истурам цел бес врз некој безвезе седнат на фотеља шо ќе ми се смее дур јас му кажувам за неправдите нанесени на мајка ми. Ќе ми рече еми така е....

Следно кога ќе бројам сијалици ќе ми биде на пат за аеродром, со карта во еден правец во раката. И задоволство и мир во душата.
Да живее Македонија.
 
Драга
Еве ме, малку да се пожалам, баш ми е убаво коа ќе ти пишам овде :P
Накратко, понапорен ден сум немала одамна... Освен тоа што косата ми се крена од нервоза на работа денес, еве ме и дома, никаде не одам вечерва, ќе си пуштам некој добар хорор и ќе кулирам... Овие два дена што викаат стариве, абе "маста" ми ја извадија на работа... Што дека не работам викендов кога ни недела дена одмор не може да ми надомести за овие 2 работни дена...
Ама нека, има да добијам унапредување па веков да се преврти наопаку !!!
Вака уште повеќе инает ме фаќа !
Не знаат они дека јас можам и многу повеќе, ама ќе им покажам а и себеси ќе си докажам колку далеку можам да догурам !!!
Решив, само упорност и борбеност, нема падови, нема "не можам", доста беше зезање !
Е така Кајганче, драгичка моја !
Се наљутив, а добро е тоа (y):backa:
 
Драга, словенечки ли е, струшки ли е... this gonna be gud
 
Каков филм :cuc:
Whiplash.jpg
 
Зошто секогаш пред да си легнам залетвам во Гуpманско катче ?
Шо сум згрешил ?

Ќе сонвам колачи вечерва :(
Laurence-Fishburne.gif
 
Тоа е тоа учење со помината цела една страна за 40 минути. :kuracc: Шукурац и книга и се, идам да спијам, и така сум целиот непродуктивен. :D
 
Во овие последни мигови пред испит,размислувајќи за животот сфатив дека мојот прв батучед оти нема ни брат ни сестра,неговите деца ќе немаат први братучеди:eek::eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom