Имав број од ВИП којшто го користев цели 5 години(постпејд), како еден и единствен мој број плус многу специфичен со 5 исти цифри итн...Пред 8-9 месеци негде, тие од ВИП нешто ме изнервираа, дојде до конфликт и за инат нивни, договорот го раскинав и земав припејд број од друг оператор, а тие ми рекоа дека мојот ВИП број ќе го поништат...Значи 9-10 месеци јас имам број од друг оператор...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Деновиве очекував еден повик, требаше да се видам со едни луѓе нешто службено и денес ми ѕвони телефонот и кога гледам - што да видам- некој ме бара од мојот стар ВИП број - тоа беа луѓето што ги очекував...Прееска отидовме на кафе и му се обратив на тој што го има мојот број, му викам- твојот број јас 5 години го користев, го препознав кога ме баравте...Леле кога зина

, вика- ти ли си таа Ј...А што ја бараат кај мене, па јас сум сакал ВИП да ги тужам што ми дадоа користен број, ден и ноќ те бараа (пријателки, колеги, тетки, стрини, докторки...), а еднаш во 2 ноќе ми се јави еден дечко и ми рече "кај си срце"...

, јас сум вика вознемируван, дури некои и името им го запишав што те бараа...Пред сите на масата го дрндаше тоа,а беше и вујна ми со нас, потонав од срам...Си викам- можеа ли ВИП на поголем дебил и ропак од овој да го дадат мојот број, па јас после 8-9 месеци да го сретнам истиот?
А јас не верував кога ми викаа дека на мојот стар број се јавува некое машко...
Му реков -да си иде во ВИП да си го реши проблемот...