Имам чичко, еден на број, со ептен чудна опсесија. Опсесија му се програмите низ кабелските оператори во Македонија, или поконкретно во Прилепов. 24/7 вниманието му е насочено на тоа која програма ја укинале Близу, која програма ја воведиле Кабелнет, на која програма немало превод, а на која имало само српски, која била HD и така натака.
И обавезно во денот че ми пиши на фб и најјак ми е шо мисли дека МОРАМ и јас да имам таков интерес

Вака оди муабетов.
-Абе разбрав ви ја укинале таа програма. Кај нас уште стои еве да ја гледаме.
-Не знам чичо кој видел. Не гледам телевизија, освен спорт.
-АЈ провери, ај види.
-(демек проверувам) Да ја нема, укината е.......
-И сега шо че прајте?
-Шо треба да прајме?
-Па ја немате програмата.
-Па ако ја немаме, ионака не ја гледав. СМетнувам филмој на лап топов и ги гледам на телевизорот.
-Ти па Ацко, гајле ти е за се'. Близу се најјаки!
Ова е клучното се, зато шо програмите ито како имаат значење

Другиот ден, него нешто нема да му се погоди, па ќе пиши дека Близу не ги бивало, че се префрлал на други......................................................................................................
Крај краева ако добро размислам, подобро ова да ти биди опсесија, отколку секој ден да те стрелнува мисла шо кур че прајш со дипломата од факултетот, и кај се гледаш во иднина.....