Татко ми е дефинитивно најголемиот мрчатор што го знам

Секогаш имам добри креативни идеи и ако треба да ги реализирам со пишување или програмирање, имам одлична реализација. Ама ако се работи за цртање или декорација, тука имаш употреба на изреката "Добра идеја, катастрофална реализација"

Последниве години удавив да китиме елка, нешто што не сме го направиле откако наполнив 14-15 години

И тогаш не дека имав мерак да китам, мајка ми ќе си накитеше и после ќе си ја собереше, никој не обрнуваше внимание

И скурчи на жената, и ја зафрли некаде елката во подрум. Последниве години ми се вадеше дека нема простор, немаме елка, па земавме некои малечки веќе накитени. Е годинава се заинатив дека ќе ја китам елката што ни е во двор

Земав да ја китам вчера вечерта, ама ептен голема е и немав доволно лампиони, ниту пак висина да го накитам погорниот дел од истата. Го викам татко ми да ми помогне, он ми вика:
-Че китам елка, че ти ебам елката, че ти ебам
Душата ми искочи, не било лесно како купечкине елки кога ги китиш. Тегни, тегни, не сака да оди до крај, лом се направив

Ете од два агли колку успеав да накитам

Ја видел татко ми од сабајле, доаѓа од работа и ми вика:
-Највеќе сум мрзел вака накитени елки. Никаква естетика немаш, дај ќе ги извадиме лампионите, ќе донесам елка за во соба и ќе ја накитиме
Додека доаѓа од работа ме затекнува како од сијаличките се обидувам да направам 2015 на ѕидот

Не му ни барам помош, пошто го знам одговорот.
Се измачив два саати, за на крај да ги уклучам и да видам дека не работи, пошто една жичка е откорната. Вол волосан, ако не се направи џабе трудот

Ако ништо друго, барем татко ми се понуди да ги поправи

Станува од спиење и оди до веце, а на излегување од врата ми вика:
-Не сум видел поселско накитено досега, како си можел ваква глупост да направиш.
Од мене добива
Се враќа од веце и ме затекнува дур си ја слушам
песната , и одма просерува дека многу му било смешно кога ќе се собереле луѓе и ќе се грабнеле за рамо и ќе играле оро.
После неколку секунди почнува и он да игра и ми раскажува за некој Славе Чочката од Прилеп што им доаѓал на гости и сам си почнувал да игра
Се гледа на кого сум се метнал

Како мал кога ќе ми дадеше подарок за нова година, за инает викав дека не ми се допаѓа

Онака горев од желба да ги отворам тоа каубојските комплети што ми ги купи, ама од неразбирлии причини викав не ми се свиѓа ова

Нормално, после некој саат ќе отидев ќе го гушнев и ќе му кажев дека едај сум чекал таков поклон да ми купи
