Малце позитива за крајот на денот.
Пишував порано за еден дечко со ментални проблеми кој е на трибините на секој натпревар на Вардар, за кој имаше извадено статија дека одлично ја претставува Македонија во одредени спортови за луѓето со посебни потреби.
Не е единствен дечко од нашата трибина кој има одредени проблеми. Овојпат хендикепот не е ментален, туку физички, бидејќи дечкото не може да се движи без штаки.
И покрај тоа успеа од првите редови да му дава гласна поддршка на РК и ФК Вардар на секој натпревар. Уште еден пример за сите дерби навивачи кои од ФБ и другите социјални мрежи го "бодрат" нашиот клуб.
Вчера за време на прославата имаше еден момент, кој изнуди многу емоции на нашата трибина.
Како член на групата која вчера го славеше својот роденден, му беше укажана честа за момент да го води навивањето од атлетската патека.
Го зема микрофонот и срамежливо викна, НЕМА ИГРАЊЕ СО ВАРДАР...
Момент по кој следеше делириум на нашата трибина, додека останатите од неговата подгрупа го кренаа на раце. Јебем ли ти, и сега се ежам, а да не збориме за вчера

Откако беше испеана песната, од 1000 грла ечеше ЕДЕН Е ФИЧО.
Се погоди и на него да му биде роденден пред некој ден, па се надевам ова ќе биде момент кој ќе го памти цел живот
