Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И коа ти е темно и мрачно и не ти се живее повеќе и позитивното ти изгледа негативо, црното, бело, водата, сува, епа тогаш ова. <3

Кликнете жити се, животот ќе ви се продужи!
 
Драга од главата си патам. Можев стопати во овие три недели да и пишам јас инат не и пишав.
И вечерва и пишам ама ме игнорира и ако ми е, така ми треба кога сум глуп.
Само да ја исправам работава и овој пат(ако може) и во иднина не правам така.
Иначе, зашто сум толку глуп?[DOUBLEPOST=1417473806][/DOUBLEPOST]Драга ти да не и кажа да ми пише? Само што го испратив мислењето ете ја ми пиша :icon_lol:
Фала ти многу. Тоа што го кажав погоре ќе го исполнам (y)[DOUBLEPOST=1417475682][/DOUBLEPOST]Драга малку напнат беше муабетот како што и очекував. Ама ќе ја размуабетам, не ја правам пак истата глупост оти ќе ме чини многу скапо :)
Ај добра ноќ сега
 
Последно уредено:
Малце позитива за крајот на денот.

Пишував порано за еден дечко со ментални проблеми кој е на трибините на секој натпревар на Вардар, за кој имаше извадено статија дека одлично ја претставува Македонија во одредени спортови за луѓето со посебни потреби.

Не е единствен дечко од нашата трибина кој има одредени проблеми. Овојпат хендикепот не е ментален, туку физички, бидејќи дечкото не може да се движи без штаки.
И покрај тоа успеа од првите редови да му дава гласна поддршка на РК и ФК Вардар на секој натпревар. Уште еден пример за сите дерби навивачи кои од ФБ и другите социјални мрежи го "бодрат" нашиот клуб.
Вчера за време на прославата имаше еден момент, кој изнуди многу емоции на нашата трибина.
Како член на групата која вчера го славеше својот роденден, му беше укажана честа за момент да го води навивањето од атлетската патека.
Го зема микрофонот и срамежливо викна, НЕМА ИГРАЊЕ СО ВАРДАР...
Момент по кој следеше делириум на нашата трибина, додека останатите од неговата подгрупа го кренаа на раце. Јебем ли ти, и сега се ежам, а да не збориме за вчера :icon_mrgr:
Откако беше испеана песната, од 1000 грла ечеше ЕДЕН Е ФИЧО.
Се погоди и на него да му биде роденден пред некој ден, па се надевам ова ќе биде момент кој ќе го памти цел живот :cuc:
 
Абе некој иде по мене и бришења ми мисли или мене така ми се чини, да не бладам нешто :eek:
 
Колку само животот го менува човека...

Пред само две години јас бев тој кој цврсто беше решен да не се ожени никогаш и никогаш да нема деца. Живеејќи со мотото дека само страчките и гавраните летаат во јато, а не и орелот, мислев дека поголемо зло од бракот и децата во него не може да има. Ти ги троши сите пари за јадење, играчки, па кога ќе потпорасне за книги, излегувања... Ти носи само нервози, а ти - место да уживаш во сопствениот живот, да патуваш, да запознаваш нови луѓе, места, да откриваш нови светови (...) ти си врзан за домот и единствено што правиш - се грижиш. Чуму ти се такви ѓаволски вражулиња, Златко - мислев.

Кој кретен сум бил, драга! Кој кретен!

Сега знам дека не е богат оној кој има пари, ни оној кој ја облекува најскапата облека и ги вози најубавите автомобили. Не е богат ни оној кој го прошетал светот и видел се, ни оној на кој некои други исто толку сиромашни, по заслуга или не, му дале благороднички или виртуелни титули. Богат сум јас, драга, зошто срцето ми е полно секогаш кога тие две малечки рачиња ќе се подадат кон мене а една преубава малечка насмевка ќе се озари на најубавото лице кое моиве очи го виделе. Иако уште не знае да ми каже ни „тато“, а не пак дека ме сака, јас гледам во неговите очи дека ни јас не можам да љубам толку колку што тој мене ме сака. Ни него, драга, колку и да е болно тоа сознание. Но, среќен сум, драга - сега барем знам што навистина ми е доволно!
 
ДК

Абе драга... свесна си дека психијатриската болница Бардовци може да ти подзавиди нели ? Ти си дом на повеќе психопати отколку што поминале низ психијатрискава установа за неколку години.

Те жалам... :D
 
е сите викаат убаво се спиело на дожд, ама проблемот е додека да заспиеш, ова лимот на прозорот над глава ми ги пукна ушите ..... o_O
I hate late night rains :mad:
 
Ве известувам дека на ден 01/12/2014, нашиот сакан другар Џонтра Волта е пофторно баниран. Погре.. уствари не, абе како беше? Ааа.. да му изразиме поддршка преку носење аватари, потписи или титули во негова чест. Издржи Џонтра, со тебе сме!
 
Иако не е за смеење кога човек стварно ќе подразмисли што се крие позади коментаров, али сепак :pos: Види го бе ко лампион е :pos:
aLQz7eP_700b.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom