Драга...
... "Рики, шо студираш? - Историја. - Ееее ај кажи што бил Александар Македонски, Грк или Македонец?!".
Да. Пошто... ако одговорот беше да заокружиш под еден или под два, ја ќе го учев тоа у два семестри, ќе толкувавме извори, ќе дискутиравме теории и ќе пишувавме книги, за јас да бидам тој што ќе ти каже дали е едното или другото. Можам да ти напишам огромен пост, али џабе. Пред да го одговориш тоа прашање, треба да одговориш мал милион други, кои не можеш да ги одговориш ако не си обучен да ја изучуваш науката, а можеби ни тогаш. Затоа од дното на душата ги мразам оние што се маваат у гради, а и оние кои имаат омраза према нашата нација, само пошто не им се свиѓаат оние кои владеат со едните или другите, па затоа водат некаков инат кој ни самите себеси не си го признаваат. Гнидо никаква, пошто ти си најгласен, мислиш дека си у право и дека тебе сите треба да те слушаат, а дека тие кои само ќутат и те посматраат што збориш, дека немаат против аргумент пошто не знаат ништо друго? Не е дека не знаат, драг мој дибеку. Не зборат пошто од внатре си маваат психолошки фејспалмови 20 пати у секунда дур те слушаат какви глупости тресеш.
Затоа, секој кој ќе ти каже "Македонец бил!' или "Грк бил!", полека, но сигурно, оддалечи се од него. Има одговор, се појасен и појасен станува. Се што останува е еден мал доказ да се најде, па се ќе биде разјаснето и со него сите чворови ќе се разврзаат. Ама! Ама до тогаш ќе постојат само теории, теории на кои ти како интелигентен човек ќе одлучиш на која да се приклониш повеќе, или ќе водиш инает пошто си искомплексиран од нешто трето.
И за крај, во секоја дискусија треба да бидеш објективен. Јас лично сум приклонет кон теоријата која е поблиска на нашата страна (читај ги внимателно зборовите "приклонет" и "поблиска"), од научни причини, а не пристрасни пошто сум израснат тука. Но сепак имај ја на ум следнава реченица која секој научник треба да ја има испринтано, урамено и закачено на ѕид до него дур проучува нешто: "Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината". Односно просто кажано, ако некогаш откриеш нешто што не би било во полза на твојата теорија, не го криј тоа. Пошто така би бил мал човек без вредност, стануваш пиунче во светот на дипломатските игри, бездушно тело кое само плови по светот на auto-pilot, го поминува животот "онака" пошто се десило он да е тој што постои наместо другиот сперматозоид, и на крајот умира, оставајќи го истиот простор како што би бил доколку тој не би постоел воопшто.
Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината. Think about it.